Македонска берза

  • Креатор на темата Креатор на темата Macedonian
  • Време на започнување Време на започнување
Не би ме зачудило, ОКТА да умеша нешто прсти тука како дел од спогодбата, ипак 33 милиона им се побарувањата... а секако ќе им ги искомпензираат...

Еве како ќе „останеме“ енергетски зависни уште 50 години https://mia.mk/zaev-za-mia-od-atina...adina-sednica-na-severna-makedoni-a-i-grci-a/ :D
Србија веќе има закупено количини кои ќе враќаат некои 7-10% од парите кои ние ги инвестираме во нашиот гасовод ;)

Овде проблемот е што ниедна инволвирана фирма во и околу гасоводот ја нема на МСЕ. А секако дека ќе има индиректен бенефит за котираните фирми, како и сите други кои ќе добијат сигурен пристап до гас.
 
Да не испадне дека ОКТА ќе наплати 30 милиони од државата пред МПТ!?!
 
Се спрема ли Бетон да земе некој огромен кредит?
 
Се спрема ли Бетон да земе некој огромен кредит?
Najlesnata sema na M. J..... kredit kolku sto vredat akciite na onie sto glasale ZA.... malku Ariel na parite I transfer Panama vo privaten dzeb I kreditot na grb na ostanati akcioneri I zidovite na bankite, se ostanato e naucna fantastika(daj boze da gresam - ama na tesko zasto taa e semata sto ja raboti MJ posledni 20godini)
 
На приходи од 1.4 милијарди ден. и краткорочни обврски за кредити 660мил. ден. како и обврски према државата 42мил ден. и плус обврски према добавувачи и останати обврски никако да се симнат. Чудо ке биде која банка ке им даде пак кредит. А ако им даде, тоа ќе биде нешто со неизбежен познат крај како еуростандард сега и сл.

Исто, од управен одбор само 1 член од 6 члена не е од блиска фамилија. Oд тие 3 члена дали воопшто знаат што и е дејност на фирмата, 2 члена отприлика знаат (чисто реално ниеден не е професионалец дали по образование дали по искуство во таа индустрија) и послениот што е технички директор си врти на негова воденица,што претставува сомнеж за објективно и професионално донесување на одлуки.

Тоа со голема зделка нешто овластување личи на замачкување очи нешто. Со кој кредитен лимит ке обезбедат гаранции за таква голема зделка.

И на крај, пак вреди да се повтори дека фирмата има мнозински сопственик, бидете екстремно опрезни со вашите пари со таа акција.
 
Се мислам да пробам да го надминам Факторовиот опис на ситуацијата во Пекабеско наречен „Ода на алчноста“ со тоа што ќе напишам едукативна басна под наслов „Кутрето и трите зелки“. Во неа ќе се работи за едно палаво кутре што требало да го чува зелкарникот, ама наместо тоа, ги изело 80% од зелките. Кога сакало да ги изеде и преостанатите зелки, некои затвориле очи, некои тргнале да го пријават кај шинтерот, а трите најголеми зелки, иако кутрето почнало да им ги гризе лисјата, не сакале да го пријават плашејќи се дека шинтерот ќе го изгази зелкарникот.

Поради тоа, би сакал да ги потсетам трите зелки дека сите шинтери се веќе известени, па со изгризаните лисја да го пријават кутрето кај премиерот Зајче и неговите хрчачиња, гледајќи како другите оштетени верверички од Еуростандард кенкаат кај него!

Исто така, ги повикувам сите форумашки мравки и пчелки да го пријават кутрето кај шинтерите, пошо инаку нивните локални штурци и трутови ќе им го изедат медот како што кутрето ги изеде зелките!
 
На приходи од 1.4 милијарди ден. и краткорочни обврски за кредити 660мил. ден. како и обврски према државата 42мил ден. и плус обврски према добавувачи и останати обврски никако да се симнат. Чудо ке биде која банка ке им даде пак кредит. А ако им даде, тоа ќе биде нешто со неизбежен познат крај како еуростандард сега и сл.

Исто, од управен одбор само 1 член од 6 члена не е од блиска фамилија. Oд тие 3 члена дали воопшто знаат што и е дејност на фирмата, 2 члена отприлика знаат (чисто реално ниеден не е професионалец дали по образование дали по искуство во таа индустрија) и послениот што е технички директор си врти на негова воденица,што претставува сомнеж за објективно и професионално донесување на одлуки.

Тоа со голема зделка нешто овластување личи на замачкување очи нешто. Со кој кредитен лимит ке обезбедат гаранции за таква голема зделка.

И на крај, пак вреди да се повтори дека фирмата има мнозински сопственик, бидете екстремно опрезни со вашите пари со таа акција.
Го продаваат хотелот во Дојран, ќе лапнат нешто кеш: https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=52358
 
Го продаваат хотелот во Дојран, ќе лапнат нешто кеш: https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=52358
колку ќе го продадат? 200? 300к еур? еве 1 мил нека е колку ќе помогне тоа?
ќе платат давачки према државата 40 мил и за 20 ќе сервисираат основни трошкови како битумен, гориво и сл. и тоа е тоа...

хотел во дојран...бидете реални...
 
Последно уредено:

Работат на изградба на објекти и улици во рудникот Боров дол во Радовиш, мислам дека тендерот беше некаде околу 5,5 милиони евра и при крај се со реализацијата.
 
Работат на изградба на објекти и улици во рудникот Боров дол во Радовиш, мислам дека тендерот беше некаде околу 5,5 милиони евра и при крај се со реализацијата.
а поентата ти е која?

и на почеток се со реализација уште теренот го планираат а рокот на изведба што го дадоа од 6 месеци оддамна им помина. требаше да направат брана,ресторан,пожарна и административна зграда, оди помини ќе видиш полјана...
 
Последно уредено:
carshiski muabeti sto stigaat do mene (nepotvrdeni spekulacii) , od prijateli sto rabotat gradjevina-podizveduvaci deka na beton ne mu se pishuvalo dobro, sto i da znaci toa.
Da povtoram ne sum poznavac na sostojbite vo beton.
 
Го продаваат хотелот во Дојран, ќе лапнат нешто кеш: https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=52358
Имаат 1,2 милијади ден во недвижнини и уште толку во побарувања а само 76 милиони ден кеш. Логично е да продаваат. Проблемот кај нив е недосток на кеш и ниски маржи од продажба. Долгот не е толкав проблем со оглед на ниските камати.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom