scanoffice.fi е застапник за клими (топлински пумпи) во Финска, не знам дали само за Митсубиши Електрик или за повеќе производители пошто до 80% сум со читањето на нишката за Mitsu LN на финскиот форум и доста се спомнуваат scanoffice како увозници и нивните VTT тестови и таму.
Од таму можам да кажам дека финците купуваат клими (топлински пумпи) ЗА ДА ШТЕДАТ и ги буфтаат до максимум!
Подното греење и останатите начини ги ставаат како резерва.... кога климата (топлинска пумпа) нема да може да задоволи!
2.5ки ги користат во 70-100-120м2 се разбира добро изолирани.
Сум прочитал искуства за греење со 2.5ка и во 150-170м2 со подно греење вклучено само во бањи и сауни.
Максимум фан, или едно ниво испод максимум, и бркаат некоја пристојна температура 21-22-23.... ретко над тоа....
Ваљда приземјени се луѓето, си се облекуваат, зима е, -30-35 знае да се спушти таму.... ваљда не шетаат по куси гаѓи низ дома ко нас
Кај нас тука прикаски 2иполката била за у спална, за малечка соба... дрн дрн немало да задоволува.... па што? Ко ќе не задоволува ќе припуштиш друго грејно тело... колку? недела-две во годината?
Океј океј, нордик моделите често носат појаки компресори.
Еве конкретно за мојата клима, нордик моделот LN25VGHZ (2.5ката) го носи компресорот од овдешната LN35VG (3.5ката)
Веројатно тоа би значело дека би можел да греам 100м2 добро изолиран простор штом гледам дека финците греат и поголем простор со 2.5ката
VTT тестови scanoffice ги прават на најслабите/најекономичните модели 9ки или 2.5ки (околу 9000 BTU) како што пиша
@GT1 ги има за Нордик моделите покрај за Амбер-от на Грее и за врвните модели на Мицу, Тошиба, Мицу Хеви, Панасоник.... не се многу, може да се споредат на брзанка.
Па заклучокот од
@macci и мене ми држи вода, можеби Грее вади модел со појак компресор кој софтверски го ограничува и го декларира како 2.5ка.
Она што го забележав во тие графиконите од VTT тестовите го поддржува тоа зашто Грее-то е единствена од тие тестирани модели која максимално повлекува ~2.2kw.... сите останати се држат 1.5kw-1.7kw.
Прегледај го приврзокот 268791