Кевин Принс Боатенг од Фиорентина во Монца(Серија Б)
Не постои човек што има порандом кариера од овој.
Нема.
Кариерата ја започнува во
Херта Берлин 2 и после пар сезони е префрлен во главниот тим на
Херта Берлин.
Од таму, оди во Премиер лигата во
Тотенхем, и тоа кога беа солидна екипа.
Сепак, Тотенхем не се нешто презадоволни и го праќаат на позајмица во
Борусија Дортмунд.
Таму не импресионира ептен.
По некоја логика, кариерата од тука треба да му падне, така?
Логично.
Оди во
Портсмут.
И тука не успева.
Е јбг, кариерата очигледно до тука му беше со солидни екипи.
Оди во
Џенова.
За Џенова нема ниту еден настап...
...поради тоа што Џенова потпишуваат 'co-ownership' договор со
Милан и го праќаат кај нив.
Е сега, од срање позајмица, лоша една сезона во Портсмут и потпис со Џенова...некако овој лик стигнува до Милан.
После Милан кариерата му оди...на почетокот т.е. во Бундес лигата. Овој пат во
Шалке 04.
Милан, пошто се Милан и не знаат што да прават од аспект на трансфери, го бараат назад. Го добиваат и го потпишуваат за...шест месеци само.
Ок, после потпишување на договор од само шест месеци колку да им помогне на
Милан да закрпат работа...сигурно кариерата му е готова и ќе се утепа од играње за Б екипи, така?
Логично.
Следна екипа му е
Лас Палмас каде игра само една сезона.
Потоа, уште едно враќање во Бундес, овој пат во
Ајтрахт Франкфурт каде...you guessed it, останува само една сезона.
После Шпанија и Германија, време е пак во Италија. Овој пат дури ни Милан не се заинтересирани за него, па прави трансфер во
Сасуоло.
Во Сасуоло останува 7 сезони и се пензионира како легенда на клубот.
..ахам, жими газов.
Фала богу, и тука останува само една сезона и си оди.
Очигледно е дека многу екипи не гледаат долгорочна корист од него.
Ако се водиме по секој здрав разум, следен потег би бил Арабија, Кина или МЛС, така?
Логично.
Следната екипа за кој тој заигра беше....
ФК БАРСЕЛОНА. ДА, ОНАА БАРСЕЛОНА СО МЕСИ И КОМПАНИЈА.
Во јануари направи позајмица во Барселона од Сасуоло. Да, овој човек остана само пола сезона во Сасуоло.
Во Барселона има три натпревари во Лигата и еден во купот за вкупно поминати 303 минути во дресот на Барселона.
После Барселона заминува назад во Италија. Ама ни во Сасуоло ни во Џенова ни во Милан. Време е за нова екипа -
Фиорентина.
Секако, овој генијалец на фудбалската трансфер игра останува и тука само половина сезона каде оди на позајмица во:
КАМ ТУ БЕСИКТАС
После ова доаѓа
Монца, екипа во Серија Б.
Овој фудбалски номад имаше маестрална кариера.
Освен што помина премногу екипи тој исто така помина и неколку репрезентации бидејќи како млад играше за Германија, а својата сениорска репрезентативна кариера ја помина во дресот на Гана пред да се повлече во 2014.
И сега, после оваа турбулентна кариера неговиот следен чекор се знае што ќе биде. Пензија, бидејќи има 38 години, така?
Wrong.
Кевин Принс Боатенг има ТРИЕСЕТ И ТРИ ГОДИНИ т.е. БОАТЕНГ Е ПОМЛАД ОД КРИСТИАНО РОНАЛДО (2 години) И ОД ЛИОНЕЛ МЕСИ (4 месеци)
Останува само да се запрашаме што генијално не очекува до крајот на неговата кариера. Ако има некоја логика во неговиве трансфери, може да се очекува позајмица во Јануари.
Можеби ќе се врати во Тотенхем под водство на Мурџо? Можеби Боатенг е единствениот човек што може да го усреќи Меси во Барселона? Можеби Шкендија ќе собере пари за една пола сезона? Можеби ќе заврши во некоја банда како Адриано?
Кој знае.
I am here for all of it!