Се надевам дека барем инвеститорите не се со меморија на златна рипка како обичната северџанска раја, па секоја отворена афера и криминал за два дена да ја заборават, а корумпираниот систем да ја забошоти и турне под тепих!
Малите акционери од Пекабеско веројатно досега ја поднеле жалбата, а Апелација ќе реши директно и без дополнителни рочишта. За буквално две недели корумпиран судски совет може да ја потврди првостепената пресуда дека мали акционери немаат правен интерес да тужат кога контролирачката екипа си изгласува астрономски бонуси. Во огромен број големи котирани компании собраниските одлуки се изгласуваат само од менаџментот и нивната инсајдерска екипа, па ќе можат меѓусебно да си делат бонуси спрема кои овој на Кутревски ќе биде мачја кашлица.
По потврдувањето на пресудата, државата ќе се врати во деведесетите и „Одата на алчноста“ ќе се ори и низ КМБ, МПТ, МТУР, АЛК, ГРНТ, ФЕРС, РЕПЛ, ТЕТЕ! Има да фрчат милионски бонуси кај Харивци, Андреи, Доневци, Мукаетовци, Милковци, Наковци, Туџаровци и Гоговци! Истите тие луѓе или нивните татковци веќе еднаш со фалсификати, закани, уцени и притисоци им ги собрале акциите на вработените за беспари и сега имаат капитал од десетици милиони евра, а гарантирано нема да пропуштат уште една ваква прилика кога има село без кучиња!
Единствениот начин тоа да се спречи е доколку јавноста и институциите го следат случајот за судиите да не се опуштат во мрак и тишина да пресудат на наша штета. Заради тоа, одвојте пола саат и вечерва пишете им групен мејл со краток опис на случајот и како тој ќе го уништи пазарот на капитал и ќе ги наруши акционерските права на контакти од ЕУ делегација, амбасади на САД, Британија, Франција, Швајцарија, Германија, Австрија, Холандија, Италија, УСАИД, ГИЗ, ОБСЕ, ММФ, ЕБРД, ЕИБ, Светска банка, МИА, БИРН, Хелсиншки комитет, Трансперенси интернешнл, Сител, Канал5, Телма, НоваТВ и тие 5-6 независни новинари со сопствени емисии. Предметот е П4-559/19, а името на судијката Мирјана Николовска-Калчиноска. Нема да има друга прилика кајшто со делување ќе може да се смени исходот, пишете им сега за да не се прашуваме за месец-два каде бевме кога грмеше!