C
Закаснија брале.Вистина е дека властите направија низа грешки и пропусти, ама не ја гледам вината кај Филипче тука. Човекот секој ден држеше прес за јавноста, додека оние над него, за политички поени ја влошија состојбата.
Првиот голем пропуст беше кај дозволите за движење, во моментите кога речиси сите бевме дома. Оние познаници кои имаа дозволи за движење (полицајци и доктори) немаа негативен тест за Ковид, што значи можност за ширење на вирусот и послаб ефект на мерките.
Втората грешка беше отворањето на џамиите кога состојбата започна да се подобрува. Апсолутно тоа не беше потребно.
Носењето маска сам на улица е глупост. Конечно воздухот е почист и треба да дишам во таа маска, иако нема луѓе на 10тина метри од мене! При активирање на новите мерки, не знам што би барал во Скопје! Мислам дека е глупаво повторно да не затворат дома. Ќе донесат серија мерки со одреден ефект и на крај со една контра мерка ќе заебат работа!![]()
Ова ќе му дојде како порано, црните мантили (вработените) од црквите што го плашеа народот, сега овие во белите мантили превземаа истата улога, сеење страв.Еве ви, за сите на кои не ви е удобно носењето маска.
Прегледај го приврзокот 268539
Океј Бафра, јасно ми е.....антивакцери and all that stuff, i see it coming.Ова ќе му дојде како порано, црните мантили (вработените) од црквите што го плашеа народот, сега овие во белите мантили превземаа истата улога, сеење страв.
Среќа што и кај белите мантили сеуште има морални, чесни и образовани луѓе, па народ колку толку може да се информира што е вистина, а што не.
Зашто во лабаратории, инфективните одделенија и сл., ги тераат да носат скафандери, ако маската вршела работа.Страшно опасен вирус, ама маска ќе завршела работа.
No you didnt see it coming.Океј Бафра, јасно ми е.....антивакцери and all that stuff, i see it coming.
На сите од "корона нема, корона не постои, докторите се вакви, докторите се такви, за ништо не ги бива, сакаат да не чипираат и сл.теории на заговор" веросиповест, им честитам 112 нови заболени и 8 смртни случаи за 24 часа.
50.000x4 (просечно семејство)= 200.000, а тоа е 1/3 од Скопје. Дозволите требаше да бидат проследени со негативен тест.Закаснија брале.
Границите требаше да се затворат кога вирусот се појави во Италија. Полицискиот час им беше тотална утка само повеќе гужви по маркети, банки, установи. Намалени автобуските линии.
Филипче не ебеше у мозок како треба да седиме дома, да триеме раце и да оболуваме ментално, правејки 10 пати поолеми гужви. По 1 час патував до дома минимум во 15:00 ако тргнев (16:00 беше полицискиот).Нормално е ти да немаш 100+ заболени ако народот ти е у паника збутан дома и му забрануваш секакво мешање со луѓе, го ЛИШУВАШ ОД СЛОБОДА, му го контролираш секој чекор, а не тестираш масовно. Параноја владееше низ цело Скопје. 2 недели имав "одмор" принуден и не излегов од дома, вестите ќе ме спобудалеа, среќа почнав пак на работа.
Јас бев еден од тие што имаа дозвола. 50 000 акп не се лажам во Скопје само имаше. Барем такви бројки кажуваа.
Знаеш колку се почитуваше полицискиот час низ населбите ? Знаеш дека на места пред полицијата си играа курташак?
Секој ден буквално возев до равота и назад, дали 5-6 пати ме застанаа.
НЕ, не бевме ние со дозволите проблем. Ние идевме работа-дома-работа-дома.
Проблем беа тие забави што ги организираа по викендици, тие собиранки во маало, неагилноста и куроболието на дел од полицијата (се надевам помал дел) итн.
Цели друштва собрани за викенди-продолжени викенди по викендици, семејни собиранки итн.
За новиве мерки сме ДНО.
Пуштивме кафичи, ресторани, коцкарници итн. Тури им пепел сеа на сите мерки што ги спроведуваме. Се ти е пунење буџет од денот кога ги пуштија горенаведените.
Сега сакаат Маска да носам на плоштад, и ако сум со некој ќе не репнат со 10€ казна на лице место по човек или 20€ ако не платиш одма, но ако седнам на маса, на 5 метра од плоштад во Пелистер можам да си го ладам и да дишам нормално? Маска носење у кола ако си со девојката/свршеницата доколку не живеете на иста адреса? Е од ова поглупо не може да биде. Не бе, ние пред брак ни за раце не се држиме, камоли нешто друго, па за наше добро, да не се заразиме дур си ја враќаме малата до дома знаеш.
Блиски познаници си платија по 10€ од човек, дечко и девојка...
Фали уште да им помине ова со сам човек да мора да носи маска штом ќе искочи од дома и да си ја зачистам гас маската. Повеќе пари дадов ба Оперил у последниве 5-6 месеци него во последниве 5-6 години.
Сега кога веќе работата е вон контрола доволно е само -Задолжително носење на маска во затворен простор - НИШТО ДРУГО. Па што даде господ тоа. И така и така е вон контрола веќе. Нема вакцина, те лечат со амоксиклав и сумамед, не ги тестираат сите што имале контакт со заболен...
А да не ни почнуваме за тоа како
-50% од луѓето не знаат како се носи маска. Т.е носето надвор ко куренце.
-Маска за една употреба се носи највеќе 2 часа. При првиот допир со раце или вадење на маската таа се фрла во канта за одпадоци, или ако е за повеќе употреби по 2 часа и првото допирање со раце/вадење се става за перење. Ова се инструкции од пред короната. Тоа што добар дел од луѓето маската ја носат по цел ден, комплетно нехигиенски е веќе друг муабет.
Како сакаш кажи, не дај боже да фатиш, ако фатиш, дај боже да поминеш само со 2-3 дена температура од 37.5-38....
Осетив на моја кожа, во моја куќа како е со вирусов и со нашево здраство....
Слушај твојот став си е твоја работа, во стил дека ова е полесно од грип или не постои вирусов воопшто и сл. ОК така нека биде во твојата глава.Се јави @TrendS , најголемата патриотска плачипутка на формуов, со најмалку познавања, а најмногу падавичарски постови на темата.
Тоа е и целта на форумот, размена на спротивставени мислења.Слушај твојот став си е твоја работа, во стил дека ова е полесно од грип или не постои вирусов воопшто и сл. ОК така нека биде во твојата глава.
Не сум сељак да ти паѓам на ниво со лични навреди, како што ти вперуваш према мене....што говори за твоето ниво на воспитување и култура воопшто.
А ниту имам намера да дебатирам воопшто со тебе, бидејќи имаме спротиставени мислења.
Секој си е одговорен за сопственото здравје. Крај на муабетот.
Другар не ме сфати. Поентата за кафичи и ресторани беше друга. Не кажав дека не треба да работат, тотално ги сфаќам како им беше и на нив, особено на малите кафичи. Иам за нив пишувано.50.000x4 (просечно семејство)= 200.000, а тоа е 1/3 од Скопје. Дозволите требаше да бидат проследени со негативен тест.
Не може целата економија за запре, од првиот ден бев против паничните мерки, и денес сум против истите. Маските се во ред, но не можеш да ја сопреш економијата (да затвориш ресторани, кафичи, продавници...). Оди кажи им го тоа на оние 40.000 нови запишани како невработени, од кои имаме скоро 20.000 останати без работа како последица на мерките. Приватниот сектор, барем малите и средните бизниси, се на апарати, уште превенцијата им фалеше. Ако има дополнителни мерки, уште колку луѓе ќе останат без работа? Тоа се одрази и на нашата економија, јавниот долг расне, а еден ден некој истиот ќе мора да го враќа. И тоа ќе има страшни последици по нашата економија.
Да, дел од мерките се апсолутно глупави. Колку луѓе мораа да носат маска во кола, иако се од исто семејство! На крајот на денот, вака сериозно да го сфатеа (со казни) проблемот со загадувањето, криминалот, корупцијата и сивата економија, Македонија ќе беше на едно друго ниво.
Ок, дали јас и таа некоја Х особа мора да носиме маска во кола, по твојата логика? Не, тука се согласувам (по претпоставка дека сме семејство). Зошто истите луѓе, кои седнале да јадат или да се напијат кафе (како ќе го прават тоа со маска!?) мораат да носат маска (под претпоставка дека се семејство)? Не мораат, зошто? Затоа што има дистанца и плус претходно биле заедно. Јас со моето семејство не носам маска, а со моето друштво носам, и тука влијае таа блискост. Така да, не гледам причина зошто јас и било кој член од моето семејство, на отворено и со дистанца од другите, во кафич би носеле маска. Нели вирусот не патува повеќе од 1-2 метри, што паничи сега СЗО?Другар не ме сфати. Поентата за кафичи и ресторани беше друга. Не кажав дека не треба да работат, тотално ги сфаќам како им беше и на нив, особено на малите кафичи. Иам за нив пишувано.
Муабетот тука е што џабе е ти да даваш мерки за маска на улица да казнуваш коа у кафич без маска седиш.
Нели е глупо ако стојам со другар и правам муабет без маска да ме казни, а во кафич да смеам без маска да си јадам и пијам ?
За тоа ги спомнав кафичите и кафаните. Нема никаква логика да носиш маска на отворено, улица, парк, кеј итн. А да не носиш маска у кафич или кафана. Така?
Се согласувам.Ок, дали јас и таа некоја Х особа мора да носиме маска во кола, по твојата логика? Не, тука се согласувам (по претпоставка дека сме семејство). Зошто истите луѓе, кои седнале да јадат или да се напијат кафе (како ќе го прават тоа со маска!?) мораат да носат маска (под претпоставка дека се семејство)? Не мораат, зошто? Затоа што има дистанца и плус претходно биле заедно. Јас со моето семејство не носам маска, а со моето друштво носам, и тука влијае таа блискост. Така да, не гледам причина зошто јас и било кој член од моето семејство, на отворено и со дистанца од другите, во кафич би носеле маска. Нели вирусот не патува повеќе од 1-2 метри, што паничи сега СЗО?
Ме интересира дали кола со отворен кров се рачуна на отворено или не?Се согласувам.
Според закон само ако сте на иста адреса не мора да носите маска во кола. И пак ќе спомнам, со девојката мораш да носиш. Кој дебилизам. Ако комуницираме јас и ти, сме пријатели нема зашо да носам маска со тебе, дали седам на маса у кафич, кај мене/тебе дома или сме надвор на клупа.
За тоа и јас се бунам.
Јас лично без со заболен дома и маска не ставив на мене. Кога ми поминаа 2 недели изолација се карав за да се тестирам и ми кажаа дека не следува тест, пошто немав симптоми. Можам да си одам на работа. Чекав да помине 2 недели од првото тестирање за негативен тест па после искочив од дома.
Рачунај во иста соба седиш, на иста маса јадеш, пиеш кафе и слично.
Дебилно е да ме тераш да носам маска на улица, јас и вака едвај дишам (проблем со синуси, нон стоп затнат) уште маска ми фали... Се ти е ова веќе мачкање очи и полнење буџет.
Тоа на веспи маски носат а кациги не.Ме интересира дали кола со отворен кров се рачуна на отворено или не?![]()
Same shit, за операција на кила сум 5 години на листа на чекање.Денес бев во градска, како и пред короната така и сега состојбата е очајно лоша.Како и предтоа така и сега 5год. неможам да стигнам до лесен хирушки зафат, 5год. од воена, државна, градска, сегде сум мотан испод секое човечко достоинство и испод секои човечки услови што успеав да видам.Најверојатно ќе решам во жан митрев 1600е од тешката заштеда ќе се лизнат тоа е.
Многу случаеви познавам каде и за потешки случаи кај што немаа врски отидоа и се средија во жан митрев ама продадоа коли, направија хипотеки, земаа кредити.
Имаа факинг застој и знаеа во каква состојба е здравството и само се шуњаа. Заклучокот е дека не им е цел да го средат здравството. Реално ефтиниот живот што го живееме си го зема цехот на крај, приватните ќе бидат да те соголат за да останеш жив.
Па и да вртам бургери си викам бар ќе бидам здравствено осигуран и ќе ме третираат како човек. Сум користел услуги на западот и за минимална плата што се одвојува за осигурување користам барабар со нативните државјани здравство што е неспоредливо со ништо тука.А во здраво тело здрав дух и неспоредливо ни стрес ни нервози.А за кадарот и ниво на технологија пак нема споредба.
Се повеќе и повеќе мислам дека еден е животот и уше половинкава што ми остана ќе мигрирам полека, здравјето ќе го одберам пред апсолутно све.
За короната веќе мислам дека е пренапумпано, дали намерно требаше хаос да се створи незнам, постои ама ни од далеку не е дека ќе паѓаат по улица мртви па и сандаци коа почнаа да шеруваат као демек еве до кај дое работава бљак.
Ама нас лично не ни мења зш неаме здравствен систем, и обична настинка да е пандемија и црна чума да е шо ни мења незнам, секој е сам на себе, и да немаш нишо ќе фатиш нешто сто посто по шталиве наречени болници ај ај ај.