Фан Клуб: Интер

Сезона 2023/2024


  • Вкупно гласачи
    58
  • Гласањето е завршено на .
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Заебанцијата на страна ама Смолинг ви е боље од сите штопери што ги имате, ама јбг у грешно време се најде у Јунајтед. :)
Знам, Мегваер-Смолинг е подобра комбинација од Мегваер-Линделоф или Мегваер-Баји. Проблемот е што партнерството Џонс-Смолинг е останато во многу лошо сеќавање. Од друга страна, што како тргнала работата и никој пари не дава, може да се случи Смолинг на крајот и да се врати во Манчестер.
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.870
рече конте ноу мор паца интер и жив остана, најлошото дадено ветување во историјата на ветувањата ...

заклучок од денес

моменталново трио у одбрана сеа и никад веќе

3412 исто, сеа и никад веќе, сасуоло лани, болоња лани, фиорентина денес, а што е најтрагично знаеше и тогаш дека со ваква поставеност и ериксен у тим трпи одбраната, буквално пресликани тие дуели со денешниов, со тоа што тогаш замени не ни беа сенси, наинголан, хакими и видал, па изгубивме поени. Броз недефинирана улога има на терен, ериксен тотално инфериорен кога бранат, нит едниот нит другиот можат во ваква формација, не ни памтам дека имале добра утакмица со тактикава, а со истата примиле 8 гола до сеа у 3 утакмици што не е случајност, напротив.

4312 е формација на која треба све почесто да размислува Конте, му ја сврте утакмицата форматов, или 352 или ова, за друго овој ростер со конте не е способен, евентуално со 1 напаѓач ама уз санчез тешко тоа.

Сенси се надевам сезонава нема да има проблеми со повреди, ко и лани, осетно менува игра неговото присуство на терен. Истово важи и за алексис.

Хакими е со Маикон потенцијал, тотално несфатливо зашто не стартуваше денес.

Лукаку малце фалеше да продолжи каде застана лани, од многу големо значење беше голот што го даде зашо уште толку ќе потонеше после денешново мизерно издание, вака ок е, и он дае гол а и интер победи.

Знам дека е старт на сезона, али пребитен беше триумфов, нарочито што сеа мислам гостуваат на лацио па играат со милан, ризикуваа ужас од старт.

p.s. А и да, перишич ко вингбек. Помозибоже :popce:
 
Член од
14 ноември 2009
Мислења
17.289
Поени од реакции
15.490
Ептен катастрофа ни беше одбраната ама каква feels good утакмица беше ова хаха. Во 90 минути сите можни емоции ги искусив.

Класика Интер.
Конте ја забрани Паца Интер :pos:

Не знае што е дух на еден тим зашто доаѓа од пластичен и вештачки тим.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.864
Поени од реакции
54.400
Еј колку ме изнервира Конте денеска аууууууу сакав да му се удри од нос ова глумење експерт, секојпат вака коа ќе одлучи да се занесува заслужува по нос.
Пичка ти матер твоја, 2 бека од кои едниот донесен вчера ги ставаш да играат штопери у одбрана со 3ца заедно со дете од 20 години што никад не играл централно. Па минута-две пред првиот гол на Виола се сменија овие, Коларов остана централно а Бастони десно.
Де Вриј суспендиран и ти место да извадиш одбрана иста ко лани со Шкринијар на негово место, десно и лево Дамброзио и Бастони ЕВЕНТУАЛНО РАНОКИЈА централно ама нееее ти изводиш и праиш одбрана што ни на фифа не би функционирала.

Ни се ебало матер нас со Коларов ако игра штопер на сметка на Бастони. Ако силуваат идеја да се кешира на Шкринијар и да се донесе евтина замена во ликот и делото на Крис Смолинг однак искрено се надевам дека секоја утакмица ќе примаме по минимум 1 гол по директна кривица на еден од штоперите.

Хакими не игра поради точно 0 објективни оправданија, еве да речеме неуиграност... а на терен го имаш Перишиќ стартер на позиција која никад ја нема играно. Се надевам ќе стигне некоја понуда за хрватов, пошто нема поима од играње офанзивен бек.

Сенси да ни е здрав и жив само. Кај Видал одма се осеќа класата. Санчез доктор, ова е тоа што се бара, ваков џокер си треба у секое време. Лаутаро Мартинез слабиот.
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
Осеќам Конте ги лупна замените сите онака to prove a point ако изгубиме, а реално и ништо не доби со тоа што го извади Барела и го стави Раџа, се дозакопа. Едноставно не е rocket science да го имаш Хакими прва постава, па и Видал кој одма внесе сигурност на средина, топ играч е. За Хакими не треба да се праи муабет, типот е пет класи подобар од сите други играчи на таа позиција, се виде тоа за само десетина минути.

Ама се е џабе ако продолжиме вака во одбрана, три гола се премногу, ако 38 годишен играч игра курот со тебе во контра, што да очекуваме некој ко Роналдо кога ќе тргне, или пак некои модерни екипи во Европа. Кажав дека одбраната ни ја посра Конте, останувам на тоа, ако го продадеме Шкрињар треба цела управа да се самоубие, за периката јасно ми е, едноставно не е здрав со паметот, ама некој МОРА да спречи негова продажба.

За мене клучот утакмицава беше Санчез. А најмногу ќејф ми се напраи за копилено Кјеза, измислен играч за Јуве, едноставно е таков одвратен по природа.
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.870
Ајде да се надеваме дека со де вриј и шкринар(?) нема веќе ваква тажна епизода на одбраната да гледаме.
Ова беше жално...
Колку и да беше лоша одбраната според имињата на играчите, а и недефинираната позиција на бастони.
Системот го правеше најголемиот проблем, а не овие тројца, тоа најдобро се виде за вториот и третиот гол. Кој и да ни игра у одбрана, со тој систем истото ќе ни се дешава, сасуоло 3 им дае, болоња 2 со играч помалце, и фиорентина денес 3, а имаа шанса за уште 4.
Кога излезе ериксен а влезе сенси тотално се смени текот на натпреварот, брозович се врати на позиција која е единствена на која знае да игра, барела и сенси ги покриваа страните, и вршеа добар пресинг и се враќаа назад.

После тоа све се измести кога влегоа раџа, видал и алексис, 4312, или некој дијамант, сеедно, што и не делуваше лошо. Е у таква формација може ериксен, ама у одбрана со тројца све ми иде на тоа дека едноставно нема место за него, нарочито не покрај сенси и видал, играчи кои везат у таков систем.
Автоматски споено мислење:

Кое трио у одбрана? Што мислиш за инсистирањето на продажба на Шкринијар? :icon_mrgr:
ако си оди на сметка на смолинг меме играчот, поздрав и све најдобро.
Миленкович ако го донесат место него, некако ќе го сфарам све тоа.
 

Џонтра Волта

Qué miras, bobo?
Член од
20 јули 2020
Мислења
8.864
Поени од реакции
54.400
Абе која формација не трипај урко, ова денеска беше школски пример како една ОДБРАНА не треба да се однесува на професионална утакмица у фудбал. Тотално неуиграни, немаат поима кај тераат, Коларов спор, Бастони по инерција си бега на страна, Перишиќ не стига позади, Дамброзио сам десно.

Денеска баш напротив ОВИЕ ТРОЈЦА го правеа најголемиот проблем.
 

Syn

^ Фабричка грешка
Член од
23 декември 2007
Мислења
29.146
Поени од реакции
40.870
Абе која формација не трипај урко, ова денеска беше школски пример како една ОДБРАНА не треба да се однесува на професионална утакмица у фудбал. Тотално неуиграни, немаат поима кај тераат, Коларов спор, Бастони по инерција си бега на страна, Перишиќ не стига позади, Дамброзио сам десно.

Денеска баш напротив ОВИЕ ТРОЈЦА го правеа најголемиот проблем.
Све е тоа ок бе, држи вода, за кур не ги биваше денес тројцата назад што и беше за очекување, али ете наврати се на дуелите со болоња и сасуоло лани, тогаш имаа уиграна одбрана а интер беше копипејст од она денес. Пак истите дупки натерен, нарочито кога ќе изгубат посед и противникот се трансформира у напад инстантно, поготово сасуоло кои тоа добро го праат ебано добро, у таква ситуација ериксен не постои, броз не знае кај тера, једино барела трча праи нешто.
Дијаметрално спротивен е односот на терен со таа поставеност, и кога играат пример сенси - барела - броз, конкретно последниов искрено у 3412 на терен не знам што бара, не знае како да се понаша ваљда зашто и спалети и конте му најдоа позиција која е очигледно единственото идеално место за него на теренот, неговата зен зона, а тоа е пред одбраната, централно у средина, не да шара бара наоколу и да се губи.

Имињата назад беа само капак, ама и де вриј да беше денес на теренот пак истото ќе ни се дешаваше, прелесно противникот доаѓа до шанси вака, не може 3 утакмици да играш со оваа формација и буквално истото да ти се дешава, 8 гола да примиш, и да имаат шанси за уште толку противниците. Првиот гол беше кардинална грешка на одбраната, да, ама вториот и третиот не, тука најдобро се виде што се дешава кога противникот ја трансформира играта од одбрана у напад а нит брозович е назад, нит па ериксен е способен да покрива, у тој сегмент е мизерија, класична мифка. Бонус е и перишич ама за него нема да јадам гомна зашто у кариера 5 утакмици дали има изиграно на оваа позиција.
 
Член од
17 јануари 2019
Мислења
3.303
Поени од реакции
7.434
“I don’t confirm any negotiations. There was a meeting with Tottenham, true, but we told them that Skriniar is not for sale. Godin has already been sold and we are not thinking of depriving ourselves of Skriniar as well.”


Finally, Ausilio spoke about Chelsea midfielder N’Golo Kante, who is reported to be coach Antonio Conte’s top transfer pick.


“A player who is an important part of Chelsea, he always plays and is not for sale. On the contrary, we have eight midfielders in the squad, and we will start the season with them.”
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.313
Поени од реакции
57.761
Да го парафразирам маршалот: екипа со ваква одбрана нема што да му се секира за сезонава.

Ова е криминал класичен. Жанг, Марота и компанија, наместо да се радуваат на трибина како мали деца, треба да се свестат дека овој трилер ќе го гледаме уште 15 пати сезонава. И нема секогаш да заврши со хепиенд. Под итно да го стопираат трансферот на Шкринијар и да го стават во игра, зошто одма можеше да не чини три бода. Продажба на Годин и Шкринијар во иста сезона е комплетен аматеризам, не се занесувајте со тоа кој ќе дојдел да го замени, тоа е небитно. Дури и замената да игра како вонземјанин, овде зборуваме за ризикот кој ни една сериозна екипа не би смеела да го преземе. Каков дилетантски преоден рок, немам зборови. Имаме еден тон играчи во средина, не ни треба ни Канте ни Манте, нека ја уиграат одбраната и нека не се глупираат. Да имаше публика на Меаца јасно ќе им беше ставено до знаење, вака си живеат во некој нивен свет, business as usual.

Ми се одмили сезонава во старт, ич не ми се гледа ништо...
 

Трибиани

Ванда Вештерката
Член од
21 јули 2018
Мислења
3.749
Поени од реакции
8.829
Можиме колку сакаме да хејтаме за одбраната,поставеноста,трансфер пазарот и се останато....ама искрено многу ме радува што Конте му даде душа на тимот, не знам колку пресврти имаме направено со него на клупата што порано за нас беше научна фантастика....сега некој можи да напиши дека на толку пари потрошени нормално е да победваат ама треба да се види behind the wall picture во целата ситуација, а тоа е дека тимот гради победнички менталитет, не се предаваат и се борат до крај....затоа мора да му се признај на периката.

Иначе не го гледав натпреварот и ако можи некој да ми кажи како изиграа синчето Бираги и другарот Валеро за Виола?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom