Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

После овие 2 меча не ме чуди Оле што бара лев бек.

И против Кристал Палас Шо дозволува топката да мине покрај него и играч од негов дел да му се протне за гол. Денес имаше неколку такви ситуации, плус пеналот за кој Бруно мораше да покрива.

Требаше летово да му бараат купец на Погба, а не да преговараат за нова плата...
Шо и како 12 играч на Брајтон делуваше во поголем дел од полувремето. Се отепа од додавања до нивните играчи. Еден пас не даде точен.
Се сложувам со @Vladimir1984 дека Дони треба место Бруно да влези. Плус има жолт а доста е пргав.
 
Знам дека не го сакате Погба, ама реално најмал проблем беше Погба првото полувреме. Бруно пас не може да погоди, Рашфорд два контакти со топката имаше.
 
Епа затоа за нас не е проблем да му ја покачиме :icon_lol: :icon_lol:
Чисто сумњам дека имало такви преговори искрено вака да збориме. Финансиите не се најсјајни, не се знае до кога ќе трае ова, UK се меѓу поконзервативните земји во поглед рестрикции со вирусов. Самото тоа што го скинаа Санчез од екипава како етикета од блуза кажува многу, мислам дека се цели на намалување на платите со оглед на тоа што се бркаат и Рохо, Џонс, Лингард, Ромеро и остали но тешко оди.
 
Мислам дека пред короната еден од плановите беше продажба на Погба и реинвестирање во Санчо. Затоа заглавивме во преговорите летово според мене.
Ќе видиме колку е точно за преговориве за Погба, но и Раиола неколку пати коментира дека се започнати првични разговори...
 
Знам дека не го сакате Погба, ама реално најмал проблем беше Погба првото полувреме. Бруно пас не може да погоди, Рашфорд два контакти со топката имаше.
Да знаеше Погба основни фудбалски потези како на пример да погоди едно додавање, можеби и ќе стигнеше топката до Рашфорд.
 
Се отворија позади Брајтон, треба да постигнеме уште еден гол како знаеме и умееме. Време е и Дони да влезе, да се вклопи што побрзо во екипава.
 
А со перформансов на Марсијал, што правиме?
 
Човек да се зчуди како имавме таква серија после паузата. Ужасна игра, катастрофа одбрана и лош напад. Не е до воиграноста, оти тогаш одмараа 3 месеци.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom