Квалификации за европските натпреварувања

  • Креатор на темата Креатор на темата Invader
  • Време на започнување Време на започнување
Вардар добро појде да биде константен клуб како Карабаг, Астана и таквите кои играат редовно во Лига Европа, арно ама за да бидеш на такво ниво ти требаат луѓе, а не пиуни на газда од позадина. Штета што се се распадна. Да не збориме што од децата можеа да земат сериозни пари, за македонски услови.

Инаку се сложувам за судењето, најдно судење имаме ние и Србите. Овие другиве од што се навикнати при секој пад да се суди е прича сама за себе. Кога сме кај ПАОК не заборавајте дека големи пари вложува Савидис, па само од себе и не чуди проаѓање на Бенфика, звезда оваа година е тежок распад, чудо е како и од Тирана не испадна. А Ференцварош е многу сериозен клуб и се вложуваат големи пари и општо во унгарскиот фудбал.
 
арно ама за да бидеш на такво ниво ти требаат луѓе, а не пиуни на газда од позадина.

Не ти требаат пиуни или луѓе.
Ти треба константно вложување.
Карабаг веќе 10 години вложува, и очекувано е да напреднат и станат сериозен клуб, неможе ти со две години и ситно вложување да очекуваш тимот да цути декади после. Плус Вардар имаа среќа со одредени трансфери и прилично брзо влезе во ЛЕ за разлика од останати тимови кои упорно вложуваат и пак не успеваат ништо.
И не, не зборам за Шкендија тука. Мислам на екипи како Фехервар, Ференцварош па и Спарта Прага и слични.
 
Eпа ти треба луѓе со врски секаде. Спировски и Николов испод 500к озбилен клуб не ги продава. Децата си побегнаа за џабе.
Епа Спарта Прага ти е она што е Вардар, ја водат тотално неспособни луѓе, плус конкуренцијата и е баш сериозна, Плзен и Славија вложуваат големи пари, затоа се и тука каде се. Плус чешкиот фудбал дојде до тоа ниво што има директен представник во групната фаза.

За Унгарците пак ке кажам, допрва ке дојдат резултати. Фехервар има одиграно една групна фаза до сега, Ференцварош исто полека и он ке биде озбилен, не може се одеднаш.

За Вардар не се сложувам, долго време се мачеа барем во Лига Европа да влезат и ги погледна и среќата, ама и заслужено влегоа кога ги победија Малме и Фенербахче.
 
За Вардар не се сложувам, долго време се мачеа барем во Лига Европа да влезат и ги погледна и среќата, ама и заслужено влегоа кога ги победија Малме и Фенербахче.

Кога се мачеле?
Четири години по ред испаѓаа во прво квал. коло од ЛШ.
Тогаш системот беше да ако испаднеш во прво коло, нема продолжување во ЛЕ.
Сега системот е наклонет повеќе да тимовите од квалиф. ЛШ стигнат до групна фаза ЛЕ.
 
Унгарците се приказна за себе кога е во прашање инвестиција во спорт.
Орбан донесе закон каде што унгарските компании можат сами да одлучат дали сакаат да плаќаат корпоративен данок или тие пари да ги вложат во спортот.

Во 2018 извадиле неофицијална статистика што покажа дека 1,5 билиони унгарски форинти биле инвестирани во спорт, приближно 5 милијарди евра.
Сумата е толку голема што влијае на унгарскиот БДП, и е поголема од вкупните иснвестиции на газдите на ПСЖ, Ман Сити и Челзи заедно.

Во последните шест години се изградени 11 нови фудбалски стадиони, меѓу тие и новата национална арена со капацитет од 67 000.
За ракомет ја имаат “Пап Лаcло“ арената со капацитет од 12 000 кај што се игра женскиот Ф4 секоја година. Но во тек на изградба е уште една сала со капацитет од 20 000 што ќе биде најголемата сала во Европа и домаќин на ЕП за мажи во 2022 и жени во 2024, како и СП за жени во 2027.
 
Мислам дека сега нема до толку строго да се гледаат условите, штом и Силекс играл во Кратово.
бидејќи е без публика не е битно и на ФФМ да играат со Тотенхем, ама да не подзапалат гуми преку Вардар :cool: па Мурињо да почне да кашла
 
Инаку никој не пишал, во следно коло подобриот од Шкендија-Тотенхем на домашен терен ќе игра со подобриот од Ростов-Макаби Хаифа
Автоматски споено мислење:

бидејќи е без публика не е битно и на ФФМ да играат со Тотенхем, ама да не подзапалат гуми преку Вардар :cool: па Мурињо да почне да кашла
Мурињо 10 минути после доаѓање во Скопје:
 
леле чоечеееее новинаров, срамотилаци:facepalm:

Ама каков мајстор е, сепак. Го изигнорира тоа дека ,,татко му плачел кога Иниеста го постигнал голот на Бриџ во 93-та" и се осврна на другите прашања.
 
Фалеше уште кога Моу кажа Македонија да го поправи и да му рече Северна.
Од што ме јадеше срам додека прашуваше, дури и на слушалкиве го поднамалив звуков да не слушнат колегиве што слушам. :popce: Гол на Иниеста, слика, погреб, татко :oeoeoe:
 
Од што ме јадеше срам додека прашуваше, дури и на слушалкиве го поднамалив звуков да не слушнат колегиве што слушам. :popce: Гол на Иниеста, слика, погреб, татко :oeoeoe:

И мене ме уби туџи срам кога го слушав, од акцентот до прашањата :D Не знам само кој го пратил ликов на пресица, да не е од МТВ :angel:
 
Ама каков мајстор е, сепак. Го изигнорира тоа дека ,,татко му плачел кога Иниеста го постигнал голот на Бриџ во 93-та" и се осврна на другите прашања.
Mene ne mi e jasno kako ima vrska toa so Mourinjo koga togas Gus Hidig go vodese Celzi. (n)
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom