Во 2014/15 година престанав да одам со Комити најмногу поради овие непромислени скандирања. Тогаш и на состаноци во подгрупите активно се водеше муабет да се престане со вакви нешта, бидејќи никакви придобивки нема, а може многу лесно некој недолжен што живее во Бутел, Стајковци, Мирковци да настрада. Зошто не е покажување муда, туку покажувње идиотизам пеење “мртов албанец добар албанец“ или “македонско девојче курва шарена“, еве неколку причини. Најпрво не може да се посакува нечија смрт и да се генерализира скроз цел народ, поради некоја противничка навивачка група или уште полошо поради политичари кои им е во интерес се ова да продолжи да се крчка. Колку и да не сакате да прифатите, кога тогаш во животот некој “нивни“ човек на шалтер ќе ви заврши побрзо работа или ќе ве упати да не лутате или ќе ви даде вода на некој планински врв бидејќи немате резерви и сте дехидрирани, и запрашајте се во тоа главите дали стварно посакувате негова смрт? Ако е потврден одговорот, тогаш сте случај за во Бардовци, ама знам дека 99% од вас ќе си речат дека механички и непромислено пеат бидејќи некој пациент од толпата ќе почне песната. Ајде сега втор аргумент, дали знаете дека со секое ваше пеење, после некое дете од 14 години со Вардар дрес ни криво ни должно, што веројатно и не ни стапнало на запад, ќе биде прободено/претепано, вие да не ќе му платите лекување, вие да не ќе бидете со него, вие да не ќе бидете со нивните мајки кои по цели ноќи ќе плачат? Не туку ќе бидете “бесни“ и на фб ќе напишете пак статус “Смрт за Ш“ и така ќе придонесете да продолжи кругот и таквите случаи никогаш да не сопрат. Не бидете себични, мислите малку и на другите, за последиците што тоа ваше скандирање од 10 секудни ги прави. Трет аргумент, зошто да му се дава важност на нешто такво? Зарем нема доволно песни за Вардар, за Македонија со кој може да се покаже љубовта за клубот и државата, ја знам дека има, едно е да се прави зезанција друго е да се оди со невкусни песни/скандирања што навистина никој не ги посакува, ниту е интересно ниту е јако, не зборам само против Шверцери/Балисти и национална основа, постарите сигурно знаат во минатото имаше и песни “по Вардарот трупови пловат, Комити Чкембари колат“, што е тотален идиотизам, настрана политика што ја промовираат активно Комити дека “само пички бодат“, што е контрадикторно со стихот. Да не одам офтопик, таквите песни и скандирања се апсолутен идиотизам и никако не му помагаат на клубот, а целта на навивачите е да му помогнат на клубот. За Комити тврдам дека има доволно песни, за цел натпревар да се навива и простор да се заменат сите скандирања вакви со песни што не се пееле 8+ години.
Второ би кажал дека во многу лоша насока оди ултрас движењето. Синоним за ултрас во денешно време е ако се влечат линии на гостување, со хемии во теретана да се направи рака поголема од главата за што помалку време, да се носат педерки, капчиња, некој дизел стил ау бау, да се пие дува пуши, ало бе кој кур? Фората на навивачката трибина е да собере секакви карактери и само љубовта за клубот да ги обединува, независно дали си бубалица, доктор во Систина, бездомник или спортист. Сега ваквите не можат да припарат бидејќи некој напраил стереотип дека се ова погоре треба да е MUST за ти да си навивач. Тотално погрешка насока, повеќе ми се сфиѓа приказната, навивачите да се трезвени луѓе кои ќе прават што повеќе акции за донирање крв, ќе трчаат трки во чест на деца со ретки болести, ќе работат бесплатно за изградба/обнова на срушени/запалени манастири од конфликтот во 2001. Не е касно да се сменат работите, можеби јас од форум не можам, но ќе се најде некој повозрасен со поголем авторитет и ќе ги насочи младите во права насока. Ви гарантирам дека инстант бројот на луѓе на трибина ќе стане многу поголем и целата репресија што се врши кон Комити како навивачи повеќе нема никаков удел да има за да падне бројноста, бидејќи ќе нема више за што да се оцрнат.
Во врска со инцидентот, мислам дека го кажав мојот став во првиот пасус. Ова што се повлекле е единствениот можен начин состојбата да не ескалира и исправно направиле кога веќе не биле доволно паметни за да не дојде до ваква ситуација. Секое сценарио би било губитничко, ако случајно се залетале, постојат 2 опции или некој да извади оружје па да има многу многу лоши сцени, или видео и наслови каде што Комити напаѓаат жени и деца на свадба и повторно ќе се заглави со децении отплатување казни. Некој член читав рекол да се фрли камен барем и да се избегало, колку што знам тоа е тоа што најмногу го мразите кај Албанците, зошто сега сакате да бидете како нив кога е обратна ситуација? Зарем не треба да бидете промената што сакате да ја видите кај сите... Се знае ако некој има проблем со некого, се договара фајт, без оружје без камења без стапови, само со раце и нозе, се прекинува кога противникот е на земја и се предаде, се останато е вишок во приказната и треба да се искорени.