Фан Клуб: Челзи

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Сепак Хаверц напред како што играше минатата сезона, а Вернер од лево.
Вернер пак цело време вртчуваше зад одбрана, мора да научат да му пуштаат топки. Цеск си знае.




А солидно играа, посебно во дефанзива. Ептен заеба Кристенсен на крај. Сега многу тешко во второ да издржат со играч помалце.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Вернер направи грешка според мое мислење кога ја шутна таа топка, а требаше лево на Алонсо да му ја пушти. Ама лесно е да се збори вака од кауч. :D
 

C R E S

Chelsea Fan!
Член од
30 јуни 2006
Мислења
3.515
Поени од реакции
1.266
Конечно имаме добар напаѓач у курац!
Сеа второ ќе има колеш.

Sent from my EVA-L09 using Tapatalk
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
11.032
Поени од реакции
11.667
Ај голов падна по добра акција, не затвори добро Џејмс и тоа е тоа.....


Али ова што го направи Кепа е за шамари.
 
Член од
24 октомври 2013
Мислења
12.192
Поени од реакции
26.997
Доста ми беше од Кепа.
Автоматски споено мислење:

Ај голов падна по добра акција, не затвори добро Џејмс и тоа е тоа.....


Али ова што го направи Кепа е за шамари.
Може јас да му ги мавам!? :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Кристенсен и Кепа направиле грешки и биле лоши?
Играчи кои се познати по тоа што цела мината сезона беа тапа а играчите што играа на нивно место беа многу подобри?

Топ.

Не се криви ни Кепа ни Андрес.

Лампард свесно решил.

Ова е како да го ставиш Кабаљеро за напаѓач и да го кривиш зошто не дал гол и бил поспор од сите.
Не е крив тој што традиционално игра лошо, крив е тој што му дал шанса.
Поразов оди на рака на Лампард.

А лошата трансфер политика на клубот ќе продолжи да го повредува истиот сега кога нема шанса да најдеме купец за Кепа пошто реално - никој не го сака макар и за гага... а особено не на таа плата.
Ќе си седи и ќе си го прчи до крај на кариера на клупа се додека не се врати во Ла Лига после тоа.
Барем доооооолго време ќе стои тоа дека сме го имале најскапиот замена-голман во историјата (освен нели, ако Лампард не продолжи да му дава шанс да заебе и други мечеви)
 
Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Мелтдаун ит ис.

Некој ќе рече за што се Лампард и Морис твитерџијата виновни, еве за што се.

1. Ни самите не разбираат што очекуваат од овие два состави, во понеделникот и денеска. Поради поквалитетниот противник денеска не се забележа толку како во понеделникот, но и тогаш и сега нема апсолутно никаква кохезија во составот.

2. Црвениот картон на Кристенсен и првиот гол каде задоцни Џејмс: и двете ситуации се такви кои што се тренираат со цел да би се избегнале. Во првиот случај, да не се остава толку слободен простор. Во вториот случај, да се внимава на противниците при гужва на мал простор. Првиот случај ајде не е толку чест, ама ситуации како примениот гол беа во голем број присутни и минатата сезона и тоа од сите дефанзивци, не само Џејмс. Проблемот е системски.

3. Кристенесен е најлабилен дефанзивец од сите, барабар со Рудигер ама сепак полош и од него. Нема ниту физички напредок со години, нешто што е изводливо за секого. Сепак добива шанси. Тука се прашува тренерскиот тим.

4. Кепа е просечен голман, како што е виде во првата сезона со Сари. Далеку од најлош на светот, уште подалеку од врвен голман. А сепак лани и сега изгледа како да е најлош на светот. Колку и да е ментално ограничен гулабар, тренерскиот тим треба да вади максимум од него како и од секој играч.

5. Како резултат на се погоренаведено, Ливерпул е дојден како за тренинг, уште полесно отколку на тренинг ја носи победата.
Автоматски споено мислење:

Малодушно малокурешки умрен капитен.
 
H

HoT _iCe

Гостин
Shades of blue или last season. Класика, надам се дека овуј франкенштајн формацију никад нема да гу виду па, исто важи и за Алонсу, Кепу и Кристенсена.
 

Донев

★★
Член од
9 мај 2008
Мислења
35.758
Поени од реакции
52.727
Мех

Го уништи црвениот натпреварот. Во второ секако претешко ќе беше да издржат и да им парираат на Ливерпул со играч помалце дури и ако сите играа добро. А ете Кепа се посра, па после дури и Жоржињо утна пенал.
Тоа е, без пет играчи кои би биле стартери ако се достапни, толку. Нека се враќаат неделава и Лампард подобро нека мисли како ќе игра затоа што од следно коло нема никакви оправдувања за играта.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Ако немаш играчи, како што немаме за во прв состав, во ред. Ама ако немаш играчи, тогаш не ни мораш да играш 4-3-3 и средњаците Каверц и Маунт да ги фрлиш по крила. Ги уништуваш и нив и играта.

Доколку после суспензијата го видам Кристенсен во близина на осумнаесетте играчи и ако Кепа по доаѓањето на Менди замириса терен, тогаш ќе мора да му се постават прашања на Лампард.

Многу ме прави среќен Вернер, многу. Кога ќе се консолидираме и кога ќе бидеме фит (ако бидеме) ќе пристигнат и головите без проблем.
Од друга страна, иако во второ против Брајтон изигра јаки 45 минути (офанзивно), Рис Џејмс останатите три полувремиња е многу тенок. Позади остава ветер, надвор од позиција пречесто, еден на еден просечен. Би го седнал со ВБА на клупа, чисто да му се даде до знаење дека не е незаменлив.

Разочаран сум секако, пораз, само кога ќе одземеме и собереме ова и не е претерано страшно. Загубивме од Ливерпул со црвен картон, промашен пенал, Кепа на гол и многу повредени фудбалери идни првотимци. Ме потсети ова на финалето со Арсенал сега во ФА Куп. Кога ќе тргне надолу, оди надолу пребрзо.

И тоа токму ми смета. Со Сари, лани и еве сега повторно, тимот инстантно се распаѓа. Стартува второ полувреме и за пет минути примаме два гола. Во главата сме преслаби. Уште полошо, ако на еден му тргне лошо и игра за никаде, другиве го фаќаат истиот терк. Ретко кој ќе се издвои од сивилото. Мора да се работи на тој сегмент.
 
Последно уредено:
Член од
16 јули 2010
Мислења
3.084
Поени од реакции
2.028
Верувам дека јасно ни беше на сите кога бидна црвениот, јбг се осети голема разлика со играч помалку.

Вака како за едно полувреме каде што бевме 11 на 11, играме подобро од лани, дефанзивно исто сме многу повеќе подобрени, т.с позиционирани.
Вернер е топ засилување, можеше подобро да реагира на тие 2 шанси 1 на 1 со Фабињо но добро.

Второ слабо, позитивно само играта на Томори би ја издвоил.

Наредниве 2 ни се условно речено лесни, да се уиграат малку подобро и би требало Пулишиќ и Тиаго Силва да ни се фит па очекувам подобро.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
43.412
Поени од реакции
85.364
Дерс ноу рест фор д викед

Во среда играме Лига куп, мислам не би било лошо да бараме резултат таму ако се поклопат коцките, титула е титула, сега веќе имаме посериозни играчи и некаква си навидум дубина + млади играчи што не добиваат шанса..не треба туку така да се батали натпреварувањево оваа година

Со Ливерпул првото полувреме се одвиваше така како што очекував, ептен ептен заеба црвениот...
Сигурен сум исто ќе беше и второто ако не добиевме црвен. Ќе беше интересна утакмица..ама тоа е.
Зијех ако игра добро како што знае онда мислам Зијех+Вернер би било топ комбо. Или пак ете Пулишиќ ако е здрав. Има тука потенцијал.
Ќе видиме дали на Тиаго Силва ќе му се игра годинава, ама ако му се игра би требало да биде најдобар дефанзивец кај нас.

Со Барнсли очекувам горе доле ваков состав:

Кабаљеро
Азпи-Томори-Рудигер-Алонсо
Баркли-Жоргињо-Лофтус
Одои-Жиру-Абрахам

Ваљда пар играчи може да бидат сменети, ама горе доле ова би требало да биде.
Реално гледано..ова е тим од кој треба да се очекува четврт или полуфинале во натпреварувањево


Пред да настане следната репрезентативна пауза треба да играме и:

ПЛ на гости со ВБА
Лига куп на гости против Тотенхем
ПЛ дома со Кристал Палас

ВБА и Палас, екипи што се совршен тест за нас да видиме до каде сме. Ако стигнеме до релативно рутинирани победи онда добро. Ако ни ебат матер ќе знаеме барем нешто не е во ред :D

А исто така следна недела ќе ја дознаеме групата за ЛШ
Од тоа што знаеме до сега, имаме 50-50 шанса за да добиеме фаворит од прв шешир. Стандардно, третиот шешир е најзезнат со екипи како Интер, Лајпциг и Аталанта што би било добро да се избегнат (пази сеа, сто посто Интер ќе ни се падне за со Конте да се сретнеме :D) и во четврт шешир се освен Менхенгладбах би требало да се добие без ептен мислење
 

Kajgana Shop

На врв Bottom