Не ми се допадна I'm Thinking of Ending Things. Мислам дека филмот е збрка. Ова е дефинитивно: hate it or love it филм, а јас сум дефинитивно во првата група. Сфатив што е поентата, сфатив што се случува, ама сепак, ми беше досадно и обично мразам филмови кои се претенциозно збркани, зашто сметам дека се така направени за да изгледаат поелоквентно и да привлечат дел од хипстерската публика која ќе вика: ,,WOW, ништо не разбрав, затоа мора да е јако, и вистинска уметност". (Ова ме потсетува на онаа анегдотата за човек кој си ги заборавил очилата на под во уметничка галерија. Набрзо потоа се собрала маса народ и фоторепортери кои мислеле дека се уметничка инсталација, арт пар екселанс, па ги фотографирале и се воодушевувале). Don't get me wrong, не велам дека на тие од тука на кои им се допаднал се дел од таквата публика, спомната погоре, сигурен сум дека тука нема такви, и сигурно секој од вас си има причина зошто ова го смета за ремек дело. Мене, едноставно, ми беше претенциозно, досадно филмче со добра глума, ОК кинематографија и еден куп сивило.
Не препорачувам!