Здраво на сите. Имам едно стручно прашање до вас искуснисте околу психологија.
Од 2020 Јануари некаде почна да ми забегува погледот односно да ми шараат очите , пријателите па дури некои од роднините не можам да ги гледам директно во очи , го избегнувам контактот со очи со нив, и тие почнаа да ме приметуваат и се осеќаат многу напнатно кога се во моја близина, истото и јас тоа го чуствувам, одеднаш се случува кога разгоравам со некој од нив наеднаш да ја свртам главата во празен поглед, и тие самите се чудат зашто тоа го правам. Овој проблем го имам само со одредени личности и некако поубаво се чуствувам кога не се во моја близина. Секогаш кога треба да се видам со нив ми се јавува одбивност и барам изговори да не се сретнам. Чуствувам во последно време како и тие самите да чуствуваат дека не се добродојдени и дека не сакаат да бидат во моја близина. Ве молам за совет.
поздрав