Единствено непознато е дали ПСЖ и Сити ќе се обидат да се прилагодат кон сето ова, или ќе продолжат да даваат огромни суми пари. Ако судиме по досегашната активност на пазарот, и ним не им се фрлаат многу пари.
Па ПСЖ вака така пак успева да вметне некој младинец у прв тим и да одигра солидна минутажа во цела сезона. Еве не го спомнувам Кимпембе нивно дете, од младинска школа до стандарден првотимец. T.e не гледам причина зошто да не го споменам кога може Фил Фоден да се води ко уау играч од младинска школа на Сити, а дечкото добива многу ретко шанси.
Сити нема ниеден младинец извадено, џабе се крева толку фама околу Пеп Гвардиола како човек што кога доаѓа во нов тим наметнува скроз нов систем на работа, преку младински школи вака така. Ко модерен Јохан Кројф да е а во реалност тоа нема апсолутна допирна точка со вистината.
Ме заинтересира баш ова со школава на ПСЖ и гуглав малце пошто иам приметено доста деца од нивна школа што сум ги забележал како играат у прв тим.
Oд 2011та година (коа дојдоа шеиците) преку прв тим на ПСЖ каде имаат по барем 20 настапи за првиот тим излегле следниве играчи:
-Жан Кевин Огустан - 20тина настапи за прв тим, трансфер у Лајпциг, позајмици у Монако и Лидс.
-Јусуф Сабали - овој нема дебитирано за прв тим ама има респектабилна кариера со околу 100 утакмици у прва француска лига, 27 години има.
-Жан Кристоф Баебек - 27 год, 30тина утакмици за прв тим, праќан по позајмици низ прва лига у Франција, моментално во Утрехт игра.
-Муса Диаби, 20тина утакмици за прв тим, моментално член на Баер Леверкузен.
-Тимоти Веа, 20 години, 5-6 утакмици за прв тим, позајмица у Селтик, моментално игра у Лил.
-Кристофер Нкунку, 22 год, 50тина утакмици за прв тим, моментално член на Лајпциг, првотимец.
-Стенли Нсоки, 21 година, 10тина утакмици за прв тим, моментално у Лил.
-Хервин Онгенда, 10 утакмици за прв тим, праќан по позајмици, моментално игра у Киево.
Сеа знам дека овие се никој и ништо играчи ама сепак вреди да се споменат чисто колку да се види дека ПСЖ има и младинска школа, ја верувам дека Сити ни волку играчи нема извадено. Скоро сите овие се првотимци у топ 5 лигите.
Од другиве попознати играчи ќе ги спомнам и голманот Алфонс Ареола, Адриен Рабио - за овој колку сакаме може да јадеме гомна, 150 утакмици у прв тим директно од младинци у време кога ПСЖ трошеше по милијарда евра на нови играчи, Кингсли Коман - овој најмалце утакмици има за прв тим, ама кариера за секој респект.
Ќе ги додадам и Клемент Шантом и Мамаду Сако, овие се деца на ПСЖ излезени у прв тим пред шеиците со над 150-60 утакмици у прв тим, барем 2 сезони имаат играно кога почна ПСЖ да троши лудо.
Ме мрзи да барам и за Сити сеа пошто верувам дека некој хард кор фан на премиер лигата ќе ми се стаи, па еве му оставам него да ми извади играчи што искочиле од младинската школа на Сити у последниве 10 години со респектабилни кариери.
Јас можам да се сетам на Санчо и Фоден.