Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
28 јуни 2015
Мислења
912
Поени од реакции
574
Па каде досега ги криеше овие генијални финансиски потези? Значи ако немаш кеш, најдобро е на рати?

Ма генијално.
Нема тука генијалност.
Едноставно, клубот не превзема одлучна акција.

Ако го земеш играчот во јули, до почеток на новата сезона ќе имаш креирано стратегии околу неговата улога во тимот.
Ако го земеш на почеток на октомври, играчот допрва ќе се запознава "со цимерите", и "на коњ си" ако до Нова Година има солиден придонес за Јунајтед.

Во случај да не го купиш играчот, "ќе крпиш" на десно крило со тоа што го имаш, или ќе се задоволиш со 'Б' категорија на нов играч (ОК играч, надежен играч...).

"Генијалноста" е во тоа дека акција денес е подобра од акција по 3 месеци или по една година.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Ако го земеш играчот во јули, до почеток на новата сезона ќе имаш креирано стратегии околу неговата улога во тимот.
Ако го земеш на почеток на октомври, играчот допрва ќе се запознава "со цимерите", и "на коњ си" ако до Нова Година има солиден придонес за Јунајтед.
Така и со Бруно, го зедоа во јануари а проигра дури во јуни.
 
Член од
28 јуни 2015
Мислења
912
Поени од реакции
574
Така и со Бруно, го зедоа во јануари а проигра дури во јуни.
Немам ништо против "така да биде" и со Санчо.
Ќе биде на радост на сите.

Не е правило, но општо, искуствата покажуваат дека солидно подготвена стратегија е подобра варијанта од стратегија подготвена во '5 до 12'.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Не е правило, но општо, искуствата покажуваат дека солидно подготвена стратегија е подобра варијанта од стратегија подготвена во '5 до 12'.
Знам, и подобро е да си богат отколку да си сиромав.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.550
Поени од реакции
8.131

Би бил задоволен со пазар каде се покриваат дефицитарните дупки, лев бек, штопер, Дони, бркање на Смолинг, Џонс, Рохо, Лингард, Далот и Перишич/Бејл/Коста на позајмница. Уште поубаво ако го донесат Брукс од Бурнемут.

Се нема таа среќа да се донесе Санчо јбг, барем нека се средат другите кратери во екипата.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135

И овој не е јасен. Ако толку сака трансфер се знае како се постапува. Треба и сам да изврши некој притисок врз клубот, даваш барање за трансфер и слично.
Автоматски споено мислење:

Па не мора Санчо да го земат, нека го земат Мбапе следната година. :sneaky:

:icon_lol:
 
Последно уредено:
Член од
21 ноември 2007
Мислења
10.758
Поени од реакции
9.535
Со Шо и Вилиамс сме покриени лево. Проблемот е што со Шо не сме начисто до крај, ама пак од друга страна Вилиамс ќе добива повеќе минутажа. АВБ е неприкосновен десно и ако остане Далот добро е да набилда некоја минутажа. Плус тука ќе чека и Лерд шанса. ТФМ по потреба може и лево и десно да покрива исто така ако остани.

Во моментов поприоритетни позиции ни се десно крило и стопер. Нелогички е да пукаме 30м за лев бек, а таму сме горе долу покриени, а се ценкаме за позиции каде што немаме ни прва опција. Регулон е добар играч и можеби ќе дадеше нова димензија по левата страна, но со смешна бај-бек клаузула кај нас не смее да поминува со оглед на реномето на клубот. Плус во пакет ќе ни го закачеа и Бејл на позајмица. Затоа не сум разочаран што најверојатно нема да се реализира ништо.

Повеќе би бил разочаран ако дупките (првенствено десно крило) не се пополнат. Ете ако Санчо е тешка варијанта за реализација нека се разгледаат и други алтернативи во форма на трансфер/позајмица. Не смее таа позиција да остане пак непополната. Сигурен сум дека се што е примарна позиција десно крило ќе биде подобра опција од тоа што го имаме во моментов. За стопер пак ќе покриеме некако и онака изборот на пазарот не е голем во моментов.
 
Член од
1 јули 2012
Мислења
2.427
Поени од реакции
7.125

И овој не е јасен. Ако толку сака трансфер се знае како се постапува. Треба и сам да изврши некој притисок врз клубот, даваш барање за трансфер и слично.
А зошто би го направил тоа на тимот што му даде шанса на 17 години и го дигна на ова ниво на кое е. Башка што и да остане сезонава само ќе напредува, а следна сезона ќе има понуди и од подобри тимови од Јунајтед. Нема потреба од цигански работи у сил на Барса, едноставно е, дечкото игра веќе две фул сезони на високо ниво, Дортмунд го цени 120 милиони (реални за денешниов пазар), нема никаква потреба да го продава. Плати и ќе го добиеш. Работата е што Јунајтед не сака да плати 120 милиони. Ако немаш пари, не губиш 2 месеци на преговори, се префрлаш на опција 2. Проблемот е што немаат опција 2. Све што ќе се испазари ќе биде паник бај, што покажува само колку е катострофална ситуацијата во Јунајтед (мислам на управата пред се). ДОФ е најбитното нешто што на Јунајтед му фали, а веќе 2 години не се ангажира. Го заболе и Вудвард и Глејзери за титули и успех, доволно им е топ 4 и ЛШ. Ќе го избркаат и Оле у прва прилика кога нема да обезбеди ЛШ и пак од почеток. Па исто и со следниот тренер, па и после тој. Јунајтед им слижи на Глејзери за правење пари, а не за освојување трофеи.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom