Доста бе па ти ги браниш потезите на Флорентино, не е лош бизнис, ама е лош играчки менаџмент.
Регулион/Менди и Карвахал/Хакими од догодина ќе беше најдобрата бековска постава во светот, доволно да се игра на два фронта без да се цркне, впрочем најуспешната сезона на Зидан беше тогаш кога ги ротираше и бековите.
За да има кој да даде гол покрај Бензема, не би дошол лошо искрено. Од другите што ги имаме ниту еден моментално не е сигурен scorer. Сите се со предзнак „ако“...
Е како бе брат е лош играчки менаџмент?
Хакими после една успешна сезона се враќа во Реал и Зидан му вика супер си, долга е сезоната, ќе ти дадам доволно натпревари за да имаш шанса да се бориш со Карвахал за првотимски статус. Он ти вика не, или ќе бидам прв тим загарантирано или ќе си одам.
Во оваа ситуација подобар играчки менаџмент ќе беше да го седнеш Карвахал на клупа? Како тоа ќе се одразеше према Карвахал, према Хакими и према остатокот од тимот?
Исто и со Регуилон. Проба Реал да го продаде Марсело, али едноставно никој не сака да му даде ни приближно толку голема плата како таа што ја зима во моментов. Регуилон исто со ЕДНА добра сезона, сака да игра пред Марсело и Менди. Како Зидан ова да му го овозможи? Не мислиш дека е подобро да се испрати во Тотенхем, каде под Мурињо дефинитивно ќе научи да игра одбрана или ќе скапе на трибина и за 2-3 сезони кога Марсело и конечно би си отишол да се врати во Реал?
Помина тоа време кога можеш да имаш квалитетни играчи и во прв тим и на клупа. Денешниве млади фудбалери и нивните агенти ги хајпаат после ЕДНА добра сезона и врз база на таа една сезона бараат инстант место во екипа. Како така? Океј Хакими изигра МЕГА СУПЕР ОДЛИЧНА сезона, втор десен бек во поглед на асистенции беше во Европа позади ТАА само, ама што толку па направи Регуилон претходната сезона? Три гола во сите натпреварувања, пет асистенции? Овие бројки и Марсело ќе ги донесе како втор бек за ротација.
Да не бидам погрешно сфатен, добар играч ми е Регуилон, ама чекај малце, избори се за првотимски статус, сам знаеш Марсело крв попљука додека стигне првотимец на Реал, а на иста возраст почна со Регуилон.
Иначе ако чекаме Деле Али да ни гарантира голови, си ебавме мајката.