Формула 1 - сезона 2020

Кој ќе биде шампион во Формула 1 за 2020 ?


  • Вкупно гласачи
    89
Зашо Хамилтон е повторно прв, коа излезе сејфти кар Ботас се најде веднаш позади сејфтито?


Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Која е бре Бриона Тејлор и зошто треба да ми е гајле за неа, Хамилтон дај не претерувај, не се врти светот околу Америка.
 
Две трки по ред вистинско шоу и права лудница, ајде следна недела на хет-трик.... Формула 1 се врати од мртвите.
Прв подуим за Алекс Албон по глатијаторската и спартанската битка на издржловост за 3то место и одлична трка со многу инциденти, трка во која 2та болиди на Ферари достојно го одбележаа јубилејот 1000та трка во Ф1 за Ферари.

Целиот осврт на видеото подолу

 
Следна недела е пауза, нема трка друже, а Ферари ептен достојно го одбележа јубилејот со осмо и десето место од дванаесет болиди, само Вилијамс и Хаас зад нив.
 
Петардата Магнусен ли им направи brake-test на останативе?
 
А кој друг? :icon_lol: Остајте го чоекот нека грее кочници на раат.

Џабе го исхејтавме човекот, сега најверојатно не беше он крив. Според видеово, викаат дека Расел забавил, како и да е, никој казна не доби, иако не ќе беше лошо да им дадеа по некој казнен поен на лиценцата.

 
Џабе го исхејтавме човекот, сега најверојатно не беше он крив. Според видеово, викаат дека Расел забавил, како и да е, никој казна не доби, иако не ќе беше лошо да им дадеа по некој казнен поен на лиценцата.

Ретроактивно ваљда ќе има казни.
 
12 возачи добиле "warning" за инцидентот вчера :ROFLMAO:

Според мене Латифи ги насанка Џовинаци и Саинц да степаат на гаста. Латифи тргна, Антонио по него мислејќи дека почнаа и Саинц по двајцата :pos:

Али кога го гледаш инцидентот од други агли, може да се види дека Ландо и Расел (посебно вториов) правеа тргни-застани со што се направи една група од 4-5 формули една до друга позади нив. Калакурница во глобала, вината дури можеш да ја бараш и во safety car бидејќи не се исклучи порано и не му пружи шанса на Ботас да почне со брзо возење уште на излезот од последната кривина.

Забавна трка во секој случај. Сега Сочи е следна...:sleep:
 
Убаво што втора трка по ред колку-толку се разби монотонијата. Супер за првиот подиум на Албон. Ќе беше интересно Расел да земеше прв бод во кариерата, ова му беше златна шанса.
 
...safety car бидејќи не се исклучи порано и не му пружи шанса на Ботас да почне со брзо возење уште на излезот од последната кривина.

Не може така, ќе slingshot-неа сите покрај него зашто правецот е долг, затоа он одолговлекуваше до крај.
 
33125750-8727731-image-a-19_1600009220874.jpg
Ако некому не му беше јасно до сега зошто Хамилтон е еден од најантипатични ф1 возачи, еве повторно се докажува. Талентот за возење е неспорен али со вакво идиотско мешање на политика во спорт кое трае и продолжува бадијала е се.
Бај д веј незнам дали приметивте после последниот рестарт на трката кога Албон го нападна Ботас и му се приближи на 1.5сек, следниот круг Ботас направи најбрз круг за скоро 1сек од времето на Хамилтон и му се залепи на 1сек до него. Разликата нормално после тоа порасна на 4сек и ботас беше поспор за 2сек од своето најбрзо време. Што ти прават 2 клика и промена на сетап во тек на трка и глупави тимски наредби. :свиркам:
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom