Здраво,
Можам да ви споделам искуство за Џевахир зградите. Пред да го купувам станот се обидов да се распрашам за искуство од прва рака, од познаници или пријател на пријател кои живеат таму, но никој од станарите не сакаше да сподели точни информации - ни за квалитетот, ни за цената за одржување... Сите кажуваа дека е ОК, дена има сметки ама незнаат да кажат колку се ..... Незнам зошто е така....
Па еве можеби моето искуство ке му помогне на некој во изборот на стан.
Становите се со цени од 850 - 1050 еу +ддв.
Паркингот се движи околу 5000 еу. - има простор за преговор, зависи од тоа која квадратура на стан купувате и дали сакате 1 или 2 паркинг места.
Цената од 850еу/м2 е на пониските спратови до 5-6 спрат и за поголемите станови од 100м2. Другите во просек се по 1000еу/м2
Сите станови, колку што имам инфо, се со наместени купатила (без машина за перење) - со се останато: туш кабина, огледало, простор за складирање, ВЦ шоља, аспиратор ... и припрема за машина за перење (довод, одвод, струја)
Исто така наместена кујна : елементи, висачи, чешма, припрема за вградена рерна и микробранова, со штекери, припрема за машина за садови, со довод, одвод и струја, вграден умивалник, чешма, флексибилно црево и струја за аспиратор...
Во ходник плакар во кој е ормарчето за струја и место за складирање. Исто така има припрема со кабли за интернет/телефонија од Телеком и А1 со веќе пуштени приклучоци до местата за поставување ТВ, компет со мрежни приклучоци.
Ламинат во собите, плочки во ходник, кујна и ВЦ. На тераса од тие плочки кои не се лизгаат.
Е сега ограничувањата од кои сите бегаат:
- Паркинг место е баш тоа, не смееш да го преградеш, заградеш или правиш гаража. Паркинг местото се користи само за паркинг
- Тераса - ако станот има, бидејки има модели на станови и без тераса, зависно кој што преферира.
Не смееш да бушиш, прикачуваш тенди или да ја затвараш за да добиеш уште една соба (тоа македонското - нешто за ништо). Во принцип не смееш да го менуваш надворешниот изглед на зградата.
- Одржување. Ова е малку поскапо од нормалата во Скопје и моментално е 40ден/м2. Во тоа е вклучено целосното одржување на зградата - чистење во ходници и надвор, чистење снег, замена на светилки и сенсори, орджување на противпожарен систем, агрегати, пумпи за вода и одвод, лифтови, стражар 24/7 на рецепција...
- HVAC - зградите се опремени со ситем за ладење и греење на база на заеднички клими кои ладат, греат и загреваат топла вода. Во становите нема бојлери, но има централна топла вода - со големи бојлери на секој спрат кои се одржуваат од управителот (филтри, пумпи, греачи). Тука имашфиксен трошок за осигурување на системот, и фиксен трошок за топла вода + колку грееш или ладиш...
Позитивни работи:
- Не сум имал проблем со притисок на вода, со немање струја (постојат агрегати)
- Лифтовите се доста брзи (4 лифтови + 1товарен +1сервисен)
- Камери во заеднички простории и обезбедување 24/7, со што би била невозможна провала и кражба.
- Добра изолација - скоро и да не се слуша звук од соседните станови
- топла вода 24/7
- канти за ѓубре на секој спрат (во посебна просторија) кое се празни од страна на службите
- противпожарен систем со прскалки и сенсори за чад со дојава на рецепција
Имаше доста муабети дека нема имотни листови, па некој збор и за тоа...
Имотните листови почнаа да ги делат оваа година. Имало некакво закаснување заради поделбата помеѓу зградите и трговскиот, кое било решено.
Да напоменам дека не работам за џевахир и не земам процент од продажба

Само сакав, за разлика од мене, некој што разгледува станови да има поконкретни информации.
Поздрав