Фан Клуб: Барселона

Член од
5 март 2018
Мислења
17.177
Поени од реакции
19.568
@cholismo ти скроз забега или шо е работава, чувај си ги сликите за сопствени потреби.

И да Лаутаро е најпреценет играч со два гола во кариера, ајт.

@Peja989 зачисти малце.
Автоматски споено мислење:


Тури пепел на сезоната и ремонтот.
Најголем плачко си станал на форумот, се гледа дека измината сезона те размрда психички, ај нема везе, не ми беше намерата да провоцирам во туѓ фан клуб, шала беше, ама штом си сфаќаш толку лично ќе се тргнам, останете ми со здравје :backa:
 
Член од
30 ноември 2013
Мислења
2.162
Поени од реакции
4.709
Да се убацам у дискусијава околу Лаутаро, мислам веќе еднаш пишав за ова овде, уште еден тотално промашен трансфер би бил, превише пари за играч што нема како да го уклопиш со моменталните играчи на располагање. Баш тоа што Депај игра и како крило го прави многу поприлагодлив на моменталниот напад што го има Барса, носење нова класична 9-ка ќе ги преслика истите проблеми од минатава сезона. Веќе е тука Гризман кој повеќе е 9-ка отколку крило, плус го имаш Меси кој е далеку од крило и пречесто го завзема централниот простор, носење шпиц пак ќе донесе гужва во средината и еден од Гризман или Лаутаро би трпел во зависност од позициите на кои што би играле, а пак тимот нема да ја има потребната ширина и пробивност во нападите поради згуснатиот напад.
Не дека е лош играч Лаутаро, напротив одличен е, и баш делува на профил на играч што би одговарал во нападот на Барса, ама со моменталниве играчи на располагање ќе биде чиста глупост, единствено да си отиде Гризман па да има логика да го носат, така да Депај како поефтина опција е далеку подобра во моментов. Уосталом, по мене, има доволно квалитет во нападот Барса, само Меси носи еден куп голови и асистенции, Гризман со подобра позиција за него може да допринесе многу, а многу ветуваат и Фати и Тринкао и греота ќе биде да се забетонираат на клупа. Депај секако би имал солиден придонес, а за Дембеле не знам што да мислам, може да експлодира затоа што има потенцијал и сите го знаеме тоа, ама дали ќе издржи сезона без повреди не може никој да предвиди.
Како и да е, време е да пресечат со носење на играчи само ради име, без притоа некаков план и концепт како би ги уклопиле во тимот и без уопште да го консултираат тренерот за неговите замисли, затоа и сум повеќе за Вајналдум отколку Тиаго (колку и да сакам лично Тиаго да го видам назад). Брдо пари се потрошија на Кутињо и Гризман за да играат ван позиција и да ги направиш тотално неупотребливи, истото ќе биде и со Лаутаро. Среќа што немаат пари да го земат, иначе 100% сум сигурен дека ќе се излетаа по него
 
Член од
5 март 2018
Мислења
17.177
Поени од реакции
19.568
Сезонава напад Depay - Griezmann - Messi ?
Греота ќе биди Депај да му држи место на Фати,ама добро ионака и во Лион нема целосна минутажа Депај, го вадат некаде накај 70 минута па изгледа ќе ротира со малиот.
Добар е Фати ама е премногу млад и најверојатно не сакаат да се ослонат само на него, немаат доволно поверење, со тек на време ако продолжи да се развива ќе добие загарантиран првотимски статус.
 
Член од
29 април 2015
Мислења
4.311
Поени од реакции
4.231
Многу работи се битни и многу работи треба да се поклопат за да искочи еден трансфер како што треба.

После 400 милиони за 3 играчи, подобро е да се оди на варијанта Депај за 25 -30 милиони отколку Лаутаро за 110 :)
Ништо на свет не може да гарантира успех на некој играч.

Колку е помала сумата за играчот толку е помал притисокот. За тие пари и да не даде ни еден гол ни една асистенција нема да се плука по играчот.

Според мене, најбитен е тренерот, не може Гризман и Кутињо да газат под Симеоне и Клоп, а во Барса да се невидливи.

Затоа треба да му ги исполнат желбите на Куман, (Депај и Вајналдум) кој реално не се скапи и веќе ги познава, а не да се фрлаат пари на Лаутаро и Тиаго.
 

Rigil

Tu te reconnaîtras
Член од
14 јуни 2015
Мислења
6.635
Поени од реакции
7.767
Автоматски споено мислење:

 
Последно уредено:
Џ

Џонтра Волта

Гостин
Само да прашам од кај тоа дека е преценет Лаутаро? Кој го преценил? Кој во светот на фудбалот моментално го цени и преценува Лаутаро?

Едноставна беше работата со него. Барса го бараше при крај на сезонава, Интер одговори со тоа што играчот има излезна клаузула од 111 милиони евра до јули мислам, не ме фаќајте за збор. Барса пробуваше со безвезни понуди да ја спушти цената, Интер одолеа на сите тие понуди. Истече датумот до кога важеше клаузулата, Барса се повлече откако Интер остана на ставот дека ги интересира само кеш над 100 милиони евра.

Интер во ниеден момент не сакаше да го продаде Лаутаро.

Тој па погоре пишал, изиграл една добра полусезона. Па прва цела сезона му е оваа бе, колку сакаш да изигра? 4?
Бог да чува.
 
Член од
26 септември 2012
Мислења
8.359
Поени од реакции
7.128
Само да прашам од кај тоа дека е преценет Лаутаро? Кој го преценил? Кој во светот на фудбалот моментално го цени и преценува Лаутаро?

Едноставна беше работата со него. Барса го бараше при крај на сезонава, Интер одговори со тоа што играчот има излезна клаузула од 111 милиони евра до јули мислам, не ме фаќајте за збор. Барса пробуваше со безвезни понуди да ја спушти цената, Интер одолеа на сите тие понуди. Истече датумот до кога важеше клаузулата, Барса се повлече откако Интер остана на ставот дека ги интересира само кеш над 100 милиони евра.

Интер во ниеден момент не сакаше да го продаде Лаутаро.

Тој па погоре пишал, изиграл една добра полусезона. Па прва цела сезона му е оваа бе, колку сакаш да изигра? 4?
Бог да чува.
и ти ќе тропнеш 100 миљони за еден кепец со добра полусезона и не баш толку добра пролет...........треба да го испечи занаетот да има толкава клаузула, а ако стварно вредеше досега ќе го лапнеа реал или некои англичани кои не жалат пари за скапи трансфери
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Суарез си игра мајтап ич не му чуе... Место да си оди со почести како трет стрелец во историја на клубот, да си дава голчиња со Каљари и Кротоне и да го зафркава Роналдо дека Меси прави подобра скара од него, запнал да изиграва карикатура.
 
O

ob1

Гостин
и ти ќе тропнеш 100 миљони за еден кепец со добра полусезона и не баш толку добра пролет...........треба да го испечи занаетот да има толкава клаузула, а ако стварно вредеше досега ќе го лапнеа реал или некои англичани кои не жалат пари за скапи трансфери
Да де, зашто Барса не е позната по тоа да дава 100+ милиони за играч со добра полусезона.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom