Најефтин супермаркет

  • Креатор на темата Креатор на темата mkdpp
  • Време на започнување Време на започнување
Според мене најефтин супермаркет е КАМ и Стокомак убедливо...
Потоа идат Тедико,Тинекс,СП Маркет...
И на крај најскап е ВЕРО....
Не го спомињам Керфур поради што е странски шит бренд, и цените им се намалени заради отварањето :) Кисело млеко 9 ден.-пробај го како поликолор да јадеш, ако си фраер продавај нормално кисело млеко не ѓубре, ако цената на битолско е 24 ти продавај го 18 ќе бидеш ефтин .

Карфур работи на принцип со тоа што има промоција на одредени производи и истите ги менува (производите кои се за промоција) секои 3 Недели. Нема врска дека им е само поради тоа што се нови на пазар. Плус, битно е да се спомене дека поради Карфур и еден Веро дојде да дава промоции, нуди попусти и слично. Го правеше тоа и предходно ама на 2-3 производи во година.

Онтопик: Кам, Стокомак и има еден во влае ДенарМаркет мислам дека се вика.

На ЖИТО би им забранил да работат, на газдите со генерации унапред да им се забрани да отвараат фирми што нудат исти/слични услуги а врабтените (можеби се исфрустрирани поради ниската плата, не знам) би ги пратил на задолжителни часови по бон-тон (сами да си платат).
 
[quote="Peja989, post: 5640981, member: 41400"

Онтопик: Кам, Стокомак и има еден во влае ДенарМаркет мислам дека се вика.

[/quote]

Денар маркет имаш и во Капиштец, дали имаат уште отворено незнам.
 
Денар маркет имаш и во Капиштец, дали имаат уште отворено незнам.

Јас дека од Џорче, па овој ми е најблиску. Мада, татко ми често ги посетува Стокомак и Кам и вика дека се убедливо најевтини, у маало.
 
Јас дека од Џорче, па овој ми е најблиску. Мада, татко ми често ги посетува Стокомак и Кам и вика дека се убедливо најевтини, у маало.

У денар немам влезено, во Кам еднаш знам дека купував Нескафе за на работа зошто ние у Стокомак уште го немавме набавено.

А со цените дефинитивно се најевтини скоро и тука негде се двата дуќани.
 
Аге маркетите кои се на оваа страна на Вардар добро нема алкохол и свински производи ама друго кое е ХАЛАЛ систем се е евтино.
 
Жито , Кам и Тедико кое не толку ама е појке снабдено од овие двата маркети кај нас
 
Не знам дали има посоодветна тема, доколку има бапнете ми го постот таму.

Муабетот е, што приметила мајка ми денес од рептил. Секогаш купуваме осоговски мешан кашкавал. Тој е отприлика 350 ден кило. На сметката денес искуцан 450 ден кило.
Зошто? Затоа што паметните, на осоговски мешан кашкавал амбалажа, од позади ставиле код/цена да куца за осоговски овчи кашкавал кој е 480 ден (на намаление демек 450 ден сеа).

Ако е ова намерно направено, а најверојатно е, фрлам клетва децата да им немаат за леб.
 
Е сега ги закопа...
 
е не сунет ќе им праам
 
Струшките Маркети Миса се моментално најефтини од тие маркети што се најснабдени...

Освен во Струга и Охрид за следниве години плановите на Миса се да отвори маркети и во другите градови...И добро тоа би било...

А од маркетите што се слични на КАМ најефтини се Стокомак... За Кипер маркетите незнам какви се цените во однос на КАМ и Стокомак...
 
Колку е кило стек во Миса, одма да видиме колку се евтини :D
 
Колку е кило стек во Миса, одма да видиме колку се евтини :D
Знам дека е поскап од другите маркети, ама не постои таков маркет што комплет сите артикли до еден да се поефтини од другите маркети...

Но генерализирано правиме муабет за сите артикли...

Пример и во Веро ќе се погоди некој артикл што е најефтин од во сите други супермаркети но тоа не го прави Веро најефтин супермаркет...
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom