Да се надоврзам малце околу иселувањето.
Популацијата на Бугарија е падната од преку 9 милиони во 90та, на помалку од 7 милиони жители 2020та, тоа е како Македонија од 91 едноставно да ја снема. Иселувањето и во Хрватска последниве 6-7 години е рампантно. Во Хрватска најутепаните плати се околу 500 евра, дупло повеќе од МК, и да е поскап животот таму, сигурно е малце поскап, не е дупло поскап. Интересно е што Македонците идеалната плата ја гледаат 500 евра јас, 500 евра жена ми, и некако може ќе се снајдеме во Македонија. Ете Хрватите го имаат тоа, немаат демографски проблеми, немаат малцинства што ги бодат со нож у грб кога ќе им текне, ама иселувањето им е порампантно и од нашето. Всушност, барем на лист хартија, Македонија има најмал проблем со иселување на Балканот, сите околни држави се позагрозени од нас. Но Македонија е исто така единствена земја што нема направено попис на население 20 години, попис што очигледно некој го минира кога и да има иницијатива. Зошто пописот се минира, кој го минира, зошто го минира, мене искрено, не ми е јасно.