Inaku ovie tiploni se ekstra bojlerot kaj mene e 120L so 4 vakvi e montiran isto vo itong pa eve 9god,si ja nbrka rabotata...Мака мачев со проблем сличен. Монтирана Тошиба Мираи на фасада 5ка + блок 20ка со 4 комори стар 30 години.
Првичната монтажа од страна на монтерите со обични ефтини типли и штрафови неуспешна и штрафовите не стегаа и држачите беа лабави и пренесуваше вибрации кој навечер се слушаа и ме нервираа.По консултација во Фортуна(продавница за штрафови) ми рекоа да ставам fischer типли и тие не стегаа шлајфуваа.направив канал во фасадата и пробав така пак џабе.после земав типли специјално за во блок ficsher sx.проблемот си остана.како стегаш така штрафот со се типла шлајфува.Последна варијанта ми остана да пробам со хемиска типла.Ставаш мрежеста типла хемиски цемент и во неа навојна шипка.имаа голема носивост и немаше шанса да се откачат ама не се фиксираа и пак ми пренесуваа вибрации.Кога ја монтирав новава клима x2 потешка морав да најдам решение па држачите ги врзав на кровната конструкција со навојни шипки и си го решив проблемот.Е сега многу е битно каков блок имаш уште подобро ако можеш носач да погодиш ама и тоа ризик ако удриш арматура на носачот ќе вибрира цела куќа.Најубаво да пробаш со една типла fischer и да стегнеш да видиш дали ќе стегне штрафот.ако стегне немаш проблем никаков имаат голема носивост на секој држач по 3 штрафа и никогаш нема да падне.ама ако не затега имаш мал ризик да се откачи или да ти пренесува вибрации.И монтерите користат типли од 10 денари парче.Fischer ти е 80-100 денари парче затоа никој монтер не ги користи и имаме расклатени уреди.Но ако блокот се крши џабе ти е све.Доколку монтерот нејќе да ја монтира на ѕид ако си во можност спреми си сам држачи он само нека ја постави климата.Минимум штрафови 8x14 или 10x14 или ако најдеш што подолги зошто имаш 5 6 цм фасада и барем 8цм до 10цм да стегне на блокот.Пиши баш што ќе направиш.Поздрав
