D
Deleted member 12196
Гостин
Јас мислам дека нешто го налутиле, затоа е ова. Додека му трае лутината вака ќе биде. Ако не отиде во друга крајност па да почне да пука против „најдобрите“ клими.Морам да ти честитам за дозава на искреност.
На монтерот да му кажеш да оди овци да пасе (и тој заедно со нив) во планина. Ако го бидува барем за тоа. И не дозволувај истиот да ја монтира. За монтажа треба барем минимално знаење, овој нема никакво.Здраво
После прочитано 700 страни на форумов и долго мислење вчера зедов амбер 12ка за некои 37кв и по можност и спална од 12-13.. денеска требаше да има успешна монтажа ама монтерот избуши главен кабел дома за струја местејки ја внатрешната и сега пола спрат ми е без струја, нејсе..
Имав барање надворешната да е на една позиција од прилика 7м од внатрешната ми одговори дека ќе изгуби на снага климата на толкава должина 3.5kw e. Само централни клими можеле да издржат далечина поголема од 3-4м....
Второ имав друга позиција ми рече само на стиропор и блок не може да стои оти ова е јака и тешка клима???
Е сега бидејќи завршив со монтеров и дур чекам електричар да дојде да покопа по ѕидот имам неколку прашања па некој со искуство и знаење ако може и сака да ми одговори
1. Дали е вистина дека климата ќе изгуби на перформанси ако внатрешната и надворешната единица се на далечина од 7м? И која е максималната дозволена далечина?
2.Дали има начин надворешната единица на климава да се намести на ѕид во блок (има ли посебни штрафови лепаци хемиски цименти чуда) и да е наместена сигурно и професионално? Или сепак ќе треба да се бара носач, плоча нешто поцврсто да се буши?
3.Бидејки веќе е приклучено цревото, каблите и бакарната цевка на внатрешната единица ( и си стои на земја во ходник), дали е можно бакарното да се настави и продолжи за поголема должина од сегашната на 2.5-3м?
), дали е можно бакарното да се настави и продолжи за поголема должина од сегашната на 2.5-3м?