... немој на таков начин да се соочуваш со проблеми, не смееш така да размислуваш негативно и со нервоза и да делува на твојата здравствена состојба (да ти секне млекото), човекот во текот на својот живот мора да има проблеми, вакви, такви, сите се соочуваме со тоа, важно е да се решливи и да поминат, па ќе дојдат други проблеми, па ќе ги решиме и тие, па ќе дојдат пак други ...и така цел живот,
... проблемите можат да ни бидат наметнати поради туѓи грешки, можат да бидат резултат на наши грешки, а можат да бидат „природни“ проблеми кои некои полесно или потешко ги решаваат, но секогаш е важно да пристапиме без паника и да најдеме решение, нема што не може да се реши или макар поправи или ублажи, посебно се чувствителни здравствените проблеми каде не треба нештото да го земаме здраво за готово како ќе ни кажат, ниту нештото да го занемариме дека не е ништо страшно според искуство на некои други, треба да собериме туѓи исксуства и совети, но сами ќе решиме за нашиот проблем, ние да бидеме тука на средина и да се потрудиме и проблемот ќе се реши,
Прегледај го приврзокот 265529
... да претпоставиме дека е мускулен тортиколис (torticollis), а не мора да значи, нели ова е форум и секоја идеја, предлог, сугестија, совет или обичен коментар е добродојден за сите, како ново искуство, различно рамислување, може да има различна причина,
мускулен тортиколис, најчесто е спазам на вратниот мускул, може да биде вроден, стекнат, акутен поради некоја инфекција на лимфните јазли на тоа место, од траума или од други причини, кај некого посилно кај некако поблаго застапено (со држење на главата малку странично или ете понекогаш поголемко обравче на таа страна за разлика од другото обравче), но многу опширна тема што може секој да ја има ова појава или да „ја доживее“ во текот на животот во било која возраст,
Прегледај го приврзокот 265530 Прегледај го приврзокот 265541 Прегледај го приврзокот 265531
... тортиколис, да речеме под претпоставка кај тебе како последица од потешко породување, често поврзано со кукот на бебето, но сигурно тоа сето си го поминала кај педијатар и бебето е прегледано, најчесто го приметуваат после две недели од раѓање зашто бебето ја држи малку настрана главата кон „проблематичниот мускул“ (но не мора да ја држи), погледот му е насочено кон здравата страна, рамото на страната каде е „проблематичниот мускул“ е малку подигнато од другото рамо,
Прегледај го приврзокот 265537 Прегледај го приврзокот 265538 Прегледај го приврзокот 265539
најчесто спие на една страна и цица од една страна и само од една дојка и се решава со вежбање на таа страна (иако не сака да цица од другата страна-дојка), масажа па дури и физотерапија, користење на специјални перници за спиење, па дури некои носат фиксатор на вратот (Шанцова кравата),
Прегледај го приврзокот 265540 Прегледај го приврзокот 265533
...но, ај да помине прегледот, па да видиме што ќе ти речат, јас само го опишав така да те смирам, оти гледам свешто помислуваш (да ти секне млекото
), таман работа вака да реагираш на сите ситници, знам мајка си, најлесно некој друг да даде совет, а да не е во твоја кожа, ама да има нерешлива причина, ти немаш нерешлива причина за да се загрижуваш, бебето така расте, де ова де она ќе му се појави, а ти како мама последователно ќе ги решиш сите проблеми на твоето бебе...