При крај сум со студиите на медицински, би сакал да останам но сериозно размислувам за фаќање магла по завршување. Половина од моите колеги знаат германски, веќе биле или планираат да поработат летна сезонска работа таму или пак планираат да го научат јазикот. Има и доста број на колеги кои се одамна решени да фатат џенем од вукојебинава.
Од причините наведени горе јас мислам дека "Малограѓанштина" е најлоша бидејќи од неа потекнуваат сите останати проблеми. Додека како народ се восхитуваме на лидери и оџи кои се тоа што се бидејќи рекетирале или дилале дрога, додека тераме сеир и се исмеваме на секој што се осмелува да мисли критично, гледаме исклучително за себе и не размислуваме како нашите акции и одлики ќе влијаат во иднина и додека не се научиме на базична култура како 'плукање шлајм на тротоар е негативна особина' - ќе продолжиме да ги стимулираме сите негативни продукти што доаѓаат од малограѓанштината - корупција, непотизам, неписменост, незнаење, дебилизам итн а Македонија ФИРОМ Илинденска Северна? ќе си остане тоалетот септичката јама на Европа.