Србија и Косово ќе разменат територии ?

  • Креатор на темата Креатор на темата Dardan-ia
  • Време на започнување Време на започнување
Значи каков кретен е вучиќ тоа не е можно. Сите Срби, ама сите до еден кои не се негови подржувачи или параполицајци вчера го плукаа. Ликов успеа да ги уништи сите односи со арапските земји, а имаше муљање и со Саудиска Арабија и со ОАЕ. Значи освен САД и факинг Гватемала ниедна друга држава не ја преместила амбасадата во Еурусалим. За возврат поклон доби од Израел со признавање на Косово и отпочнување билатерални односи. Ретко кој идиот го може ова.
 
Пристапувањето на Косово кон ООН и други меѓународни организации, е придобивка за Косово. Како и многу веројатниот јаз и недоверба што овој договор ќе го создаде помеѓу Москва и Белград.
Можеби е чекор кон тоа, ама ништо конкретно.
Единствено позитивно е признавањето на израел, кое пак е со додатни услови, преместувањето на амбасадата во Јерусалим може да ги чини Косово признавања од исламски држави.
Ама воглавно ептен лош момент е ова за Косово, шарлатан е Трамп дефинитвно, Косово за него стана муслиманска држава, премногу очигледно е дека документов е предизборна кампања, со правата на лгбти, 5г-гито, опфатил бајаги електорат.
Србија доби транзит до Адриатик, укинување на царини и успеа да добие нешто без признавање.
Моментот што седнеа да се договарат за нешто без претходно признавање, е загуба за Косово, и придобивка за Србија.
Автоматски споено мислење:

Признавањето на Израел е секако пораз на Вучиќ, во услови кога Србија и Косово сеуште ги немаат решено прашањата.
Независноста е неповратна, а можеби и не е:
- Колку земји го имаа признаено Косово, пред 10-тина години, а колку сега?
Автоматски споено мислење:

Трамп, не знае колку ќеиф им напраи на Косоварите што ги смести онаму каде самите тежнеат да бидат.
Автоматски споено мислење:

Покрај признавањето на Косово, од страна на Израел, друг проблематичен дел од договорот е преместувањето на српската амбасада.
Независноста е неповратна, ова Србија го знае, сега е останато што повеќе да земе, а почнува да земе, еве езерото што е близу границата ќе биде заеднчко експлоатирана.
Трамп не и прави ќејф на косовароте со тоа што ја смета за муслиманска држава, тоа оди во корист на Србија.
 
Последно уредено:
Можеби е чекор кон тоа, ама ништо конкретно.
Единствено позитивно е признавањето на израел, кое пак е со додатни услови, преместувањето на амбасадата во Јерусалим може да ги чини Косово признавања од исламски држави.
Ама воглавно ептен лош момент е ова за Косово, шарлатан е Трамп дефинитвно, Косово за него стана муслиманска држава, премногу очигледно е дека документов е предизборна кампања, со правата на лгбти, 5г-гито, опфатил бајаги електорат.
Србија доби транзит до Адриатик, укинување на царини и успеа да добие нешто без признавање.
Моментот што седнеа да се договарат за нешто без претходно признавање, е загуба за Косово, и придобивка за Србија.
Чекај малку, ги испорушивте и ги избришавте христијанските цркви, гробишта, самите христијани ги иселивте во Србија (т.е. сами се иселија за да преживеат), а тие кои останаа ги чуваат странски војници да не ги убиете. Процентуално најголем процент доброволци во ИСИС имате по глава, во Европа. Создадовте, како во Босна што има вехабиски комуни...

Зарем не е причината за тоа - Косово да биде чиста муслиманска земја?

Не би требало тука да има проблем околу тоа што Трамп ве нарекува арапска земја од Блиски Исток. Нели поентата на све тоа погоре е таа?

Не може гзот на две столчиња.

Друго, навистина, загуба е за Косово (или така барем личи), ама Косово, не знам колку приметуваш со целиот план за афирмација како држава, регресира, не е дури ни во стаус кво. Епа, ова е чекор напред.
А муслиманските земји, верувам ептен, дека нема ниту да повлечат, ниту да прекинат да го признаваат Косово, заради ова. Меѓуисламската солидарност е неприкосновена, ниту морал или етика, ниту правда или грев, можат да ја спречат. Барем види како сите муслимани станаа, кај нас, да ги бранат хероине од Смилковско.
 
Последно уредено:
Па за што би ја сметал кога Косово е број еден извозник на работна сила за ИСИЛ?
 
Па за што би ја сметал кога Косово е број еден извозник на работна сила за ИСИЛ?
Они би да бидат број еден, али физички не можат.
Број еден се по глава на жител, во Европа.
 
изјавата на Хоти пред преговорите:

изјавата на Хоти по преговорите:
„Мислам дека ова е голем ден, многу важен ден за Косово и регионот. Овој договор се однесува на нормализацијата на економските односи на двете држави и поддршката на големите инфраструктурни проекти кои подобро ги поврзуваат двете економии, кои создаваат подобар пристап до регионот и Европа“
Автоматски споено мислење:

Исто така, друг поволен момент за Косово, е фактот скриен во прашањето: - Кој со кого потпишува договор тука?

Вучиќ едно кажа, Грендел друго.

Вака суво, личи како нормализација на економски односи, во замена за признавање од страна на Израел.
 
Последно уредено:
Значи, ако добро разбрав Србија ,,доби" укинување на царините од 100% и транзит на стоки преку Косово на пристаништата во Албанија. Ова е све?
Ептен го споебле на Вучко и неговата фамозна политика за ,,седење на две столчиња". Мислиш Турција или Титова Југославија се тие па ќе ,,кокетираат" двете страни. А во реалноста кутрите мочан излез на море немаат, а што остана за воена, економска и демографска моќ.
 
Ова ќе испадне нешто како во филмовите Тесна Кожа, кога Среќко Шојиќ како директор на државна фирма ќе кажеше: Оќу уз кафу да им увалим и вентилаторе.

Така и Трамп им ували секакви точки во овој економски пакет договор.
 
Значи, ако добро разбрав Србија ,,доби" укинување на царините од 100% и транзит на стоки преку Косово на пристаништата во Албанија. Ова е све?
Ептен го споебле на Вучко и неговата фамозна политика за ,,седење на две столчиња". Мислиш Турција или Титова Југославија се тие па ќе ,,кокетираат" двете страни. А во реалноста кутрите мочан излез на море немаат, а што остана за воена, економска и демографска моќ.
Па добро што сака повеќе Србија, и кога ја имаше Ккосово само за тоа ја употребуваше, сега барем има автопат до пристаништето. Не мора дури да ја одржува, и добива поголем пазар со минишенгенов.
 
Си уфрли ЛГБТ, моменти, го истовари уникатниот свој потег со преместување на амбасадата и ред други нешта.

Тоа е легитимитетот што во очите на меѓународната заедница го имаат лидерите од Балканот.
Автоматски споено мислење:

Па добро што сака повеќе Србија, и кога ја имаше Ккосово само за тоа ја употребуваше, сега барем има автопат до пристаништето. Не мора дури да ја одржува, и добива поголем пазар со минишенгенов.
Дали Косово, потпиша договор со Србија, е најдоброто прашање, кое ако има позитивен одговор, многу значи за Косово.
Инаку, вака, штуро, да, личи како економска нормализација да мењале за признавање од Израел.

Преместувањето на српската амбасада, е интересна работа, која не знам баш колку земји ја имаат направено.Таа работа, најверојатно ќе направи поголеми проблеми за Србија, доколку, во иднина реши, поради икс причини, пак да отпочне кампања низ светов, за отпризнавање.
 
Последно уредено:
Па добро што сака повеќе Србија, и кога ја имаше Ккосово само за тоа ја употребуваше, сега барем има автопат до пристаништето. Не мора дури да ја одржува, и добива поголем пазар со минишенгенов.
А што значи Минишенгенот накратко? Некој или друг да објасни накратко.
 
А што значи Минишенгенот накратко? Некој или друг да објасни накратко.
Слободен проток на луѓе и стока у Албанија, Македонија, Србија и сеа ваљда и Косово.
 
Слободен проток на луѓе и стока у Албанија, Македонија, Србија и сеа ваљда и Косово.

Тоа е се што ќе видиме од ЕУ на западен балкан. Ова ќе биде нашата реалност и нашата нова Југославија, уште Босна да ја решат некако и се комплетира кругот, Црна Гора ми се чини дека ја има таа среќа да ја избегна ваквата судбина.
 
Слепо црево на Европа, ќе не затворат ко у гето и тоа е тоа.
Гледај сеа што се дешава со коронава, не можеш да мрднеш никаде у Европа ако доаѓаш од овие земји.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom