Охрид

  • Креатор на темата Креатор на темата slasa
  • Време на започнување Време на започнување
Овие што мислат дека Охриѓани се газди на хотелите/мотелите/рестораните и пред се кафичите/плажите/шанковите/камповите... :facepalm:
Овие што мислат дека летните цени ги диктираат охриѓани. :facepalm:

Добро бе луѓе, уште не научивте дека освен приватното сместување(соби/станови/викендички) каде во најголем дел од случаите газди се - охриѓани... Апсолутно на све остало менаџери/шефчиња/газди/изнајмувачи за летната сезона СЕ СКОПЈАНИ И ЛУЃЕ ШТО НЕ СЕ ОД ОХРИД !

Секоја журка, концерт, или било каков евент е организиран од агенции и продукции што не се под раководство на охриѓани или општина охрид (освен Охридско лето).

Не дека сме безгрешни и јасно е дека многу работи треба да ги подобриме.. ама во суштина, основата на проблемот е во локалната и државната власт. Со децении Охрид е препуштен на сопствената кожа, без никаква државна стимулација (финансиска), без ниту една конкретна инвестиција, без ниту еден туристичко-развоен план кој би го кренал Охрид на сопствени нозе. Срамота е.. Град на Унеско, најстаро езеро во Европа, културен центар на Балканот...
Ви се разјаснува пополека? Ајде.. кај и да е ќе се освестите.

П.С.

Ах да, заборајв уште ова да го кажам:

Не знам зш, ама тие Скопјанчиштата само на Охриѓанец не можат да му речат дека е провинцијалец :angel:
И тоа само по себе кажува се' :cool:
 
Последно уредено:
Не знам зш, ама тие Скопјанчиштата само на Охриѓанец не можат да му речат дека е провинцијалец :angel:
И тоа само по себе кажува се' :cool:
Еве ја ти кажувам - провинцијалец си. Од провинција си ако не си од главниот град.

Тоа не би требало да е навредливо, едноставно локацијата е таа. Речникот е таков.
Купи си куќа во Дељадровце, Марино или Маркова сушица, па нарекувај се скопјанец и нема да бидеш провинцијалец.
Автоматски споено мислење:

Исто мислам дека претерувате со тоа дека на неохриѓани биле све локалите. Ја на кој локал од Охрид да го знам газдата, локалец си е.
На пример Ј'но и тие околу него локали, на охриѓани се све.
 
Измешано е многу друже, верувај. И од ЈН'о газдата го знам, и скоро сите други ги знам... Све се тоа перилници за пари, од Мијалков до Вице, Од Ахмети до Нефи... и компанија остали криминалци.
На прсти се бројат газди што се Охриѓани и што цел капитал е на нивно име.

Во врска со провинцијалците, терминот знаеме што значи и тука нема ништо навредливо... меѓутоа Скопјаните го користат за сосем друга цел и глумат лудило, ги вреѓаат сите што живеат надвор од скопската околина... ама во историјата не се случило скопјанец на охриѓанец да му речит дека е провинцијалец.. ниту пак постои охриѓанец што посакал да биде скопјанец и да живее во Скопје. Тоа е таа мала ама голема разлика во чувствата. Одсекогаш сме ги мразеле и ќе ги мразиме тие скопјанчиштата! :D
 
Сега ти инсинуираш дека тие локали што ги држат охриѓани не се у ствари на нив.

Околу терминот провинцијалци, скроз си у право.
 
Тотално е небитно шо си ти.
Провинцијалец е друго нешто од то шо си го пишал ти.
Аман, знам.

Меѓутоа, во секојдневниот сленг - тоа се тие кои не живеат во Скопје.
 
Измешано е многу друже, верувај. И од ЈН'о газдата го знам, и скоро сите други ги знам... Све се тоа перилници за пари, од Мијалков до Вице, Од Ахмети до Нефи... и компанија остали криминалци.
На прсти се бројат газди што се Охриѓани и што цел капитал е на нивно име.

Во врска со провинцијалците, терминот знаеме што значи и тука нема ништо навредливо... меѓутоа Скопјаните го користат за сосем друга цел и глумат лудило, ги вреѓаат сите што живеат надвор од скопската околина... ама во историјата не се случило скопјанец на охриѓанец да му речит дека е провинцијалец.. ниту пак постои охриѓанец што посакал да биде скопјанец и да живее во Скопје. Тоа е таа мала ама голема разлика во чувствата. Одсекогаш сме ги мразеле и ќе ги мразиме тие скопјанчиштата! :D

Провинцијалец е навредливо, во секоја смисла. Остај ги скопјаниве од типот на Туризам и Патувања. С. Македонија не е Бразил ниту Индија за да има провинции. Самото тоа е глумење лудило, како што голем број луѓе од главниот град глумат лудило.

Ете, не велам сите - јас велам некои. Она дека охриѓаните се вакви, а скопјаните се онакви - не е генерализација. Тоа е само северновукојебистански вид на ретардираност.

P.S. Јас не сакам да живеам во Охрид :P
 
Види сеа, не е реално да очекуваме тука во темава, јас - еден нормален човек, да се носам со тројца елоквентни провинцијалци.
Така да, не можам да ви спорам ништо. Победивте на ваша територија. Провинцијална, да речам.
 
Ако употребам елементи од твоите најомилени теми на форумов, ќе заклучам дека да - барем оваа, провинцијава, е наша територија. За разлика од твојата, која не е твоја.
 
Еве и ја имам провинцијалско потекло, затоа што баба ми дошла во Скопје негде пред почеток на Втора Светска како сираче и сеа ја не сум баш сигурен дали сум скопјанец или не сум, т.е. може да се каже дека имам провинцијалско потекло.
Мислам дека треба три генерации да се родени тука за да бидам нормален човек скроз.

Затоа треба да знаете, вие охриѓани, дека и некои од нас се по потекло провинцијалци. Ја на пример. И затоа никад ја нема да бидам против провинцијалците. Напротив, сметам дека треба да ги имаат сите права, како нормалните луѓе и како жените.
Автоматски споено мислење:

Ако употребам елементи од твоите најомилени теми на форумов, ќе заклучам дека да - барем оваа, провинцијава, е наша територија. За разлика од твојата, која не е твоја.
ама не за долго, мораш да признаеш

задњиве децении се мења ситуацијата таму кај вас
 
Еве и ја имам провинцијалско потекло, затоа што баба ми дошла во Скопје негде пред почеток на Втора Светска како сираче и сеа ја не сум баш сигурен дали сум скопјанец или не сум, т.е. може да се каже дека имам провинцијалско потекло.

Затоа треба да знаете, вие охриѓани, дека и некои од нас се по потекло провинцијалци. Ја на пример. И затоа никад ја нема да бидам против провинцијалците. Напротив, сметам дека треба да ги имаат сите права, како нормалните луѓе и како жените.

[ако би продолжил со теми од твоите кошмари] - па да, би рекол дека заради сите тие (малцински) групи што ги наброја, плус главното малцинство што не го наброја, таму кај што си, нема да се осеќаш како на свое.
 
Маргинална работа, во споредба со фактот дека сум нормален човек а не провинцијалец како некои тука на темава, кои нема да ги посочам, само дискретно ќе ги погледнам.
 
Маргиналец. Убав термин.

Далеку полош од провинцијалец.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom