Не го видов ова вчера. Јувентус во пресилната италијанска лига минатата година прими 43 (со зборови, четириесет и три) гола, а Манчестер прими 36, што е трета најдобра одбрана во лигата. Само за споредба, Ливерпул со ВАн Дајк, ТАА и Робертсон прими само 3 гола помалку.
Ти изгледа мислиш дека за Јувентус сеуште играат Турам и Канаваро, или тројката Бонучи, Барѕаљи и Кјелини. Во реалноста Јуве во одбраната има еден квалитетен бек, едне приучен бек прекомандуван од крило во бек, Де Лигт кој е потенцијал ама далеку од играч на кој се гради одбраната и еден солиден играч. Овој Демирал за воља на вистината не сум го гледал, му верувам на
@DeviAngel дека е талентиран, но тоа пак се сведува на потенцијал, не на изградена одбрана.