Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

Член од
27 ноември 2009
Мислења
963
Поени од реакции
921
Еве нешто од мене, можете да си направите истражување. Според мене ќе има доста добар профит до крајот на годината. Прегледај го приврзокот 264686
Абе друже зар сега најде да советуваш да купиме НИО, кога цената им порасна за х5? Исто можеше да кажеш да купиме Тесла, исти К, преценето, без разлика што балонот има уште време да се пумпа :)
 
Член од
18 ноември 2019
Мислења
85
Поени од реакции
65
Tesla е препренапумпана, и Нио напумпан ама не како Тесла. 5000 авта годишно а маркет кап 20 милијарди скапо ми е некако, но на берза се купува иднина така да кој има стомак за 30 40%+- на лонг секако ќе оди нагоре пошто ЕВ се иднината.
 
Член од
2 септември 2020
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво, заинтересиран сум во тргувањето со странски хартии. ЈА разлистав цела тема, и како што забележав треба да се најде брокер, и гледам највеќе се издвојуваат Илирика и Интерактив брокерите. Имам девизна сметка и се што е потребно, може некој да ми каже како се ставаат пари, кој се провозиите и даноците за тргување со странски хартии дали зимаат данок, и како се вадат парите? Ви благодарам многу!
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.118
Поени од реакции
714
A za APPLE sto mislite,posle splitot vredi da se kupyva ili e preskap ?Deneska gledam mala korekcija.Amazon e veke sigurno preskap ama kako sto e napisano prethodno i sto mislam deka apsolutno e tocno-na berza se kupuva idninata,a AMZN citam deka mnogu vlozuva vo idninata -kupuva 1800 el.vozila od Mercedes,a kupuva i napusteni storage prostori.Ovie od Walletinvestor im prognoziraat bleskava idnina i na dvete kompanii,pa me interesira sto mislite za niv ?
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.791
Поени од реакции
1.702

А си видел колку кошта една акција од овие компании?
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
318
Поени од реакции
309
Неколку прашања за апликациите за тргување. Трансакциите кои ги правев беа преку брокер (физички). Од пресметките видов дека вкупните провизии по трансакција се 2,45% (~3.000 NYSE). Ова за домашен и странски брокер, домашно и странско порамнување. На ова се наплаќа дополнително за чување на акциите.

1. Прашањето ми е дали сиве овие давачки ги има и при тргување преку апликација? Претпоставувам автоматски при трансакцијата се наплаќа сумата од сметка за ова.

2. Со купување или продажба со апликација дали апликацијата е само за да му се даде налог на брокер во земјава кој подоцна тргува за вас или пак преку апликација директно давате налог на странскиот брокер и така поевтини провизии има без користење на домашен брокер? И ако се направи набавка тој дополнителен трошок за чување кога и како се наплаќа?

3. Наредно сакам да пробам преку апликација. Гледав 5-6 има. Има доста видеа за секоја поединечно од нив. Дали некој има направено споредба на апликации и да кажи предности и мани? По форумот наназад 2 беа спомнати еторо и интерактив броекерс и као двете генерално ок.
 
Член од
18 ноември 2019
Мислења
85
Поени од реакции
65
Apple е прескап, поскап и од амазон за мене пошто секој си користи свој методи за да одреди скапо ефтино.
Кој е заинтересиран за брза септемвриска капиталка од 20% разгледајте ја BLNK
Автоматски споено мислење:

Inmd е мојот фаворит, досега сум 30% раст. Прочитајте, мн брзо расте, има 200 мил кеш и мн е ефтина уште.
Инаку од банки и ја бегам :)
Вчера плус 15% и уште е ефтина
Автоматски споено мислење:

Здраво, заинтересиран сум во тргувањето со странски хартии. ЈА разлистав цела тема, и како што забележав треба да се најде брокер, и гледам највеќе се издвојуваат Илирика и Интерактив брокерите. Имам девизна сметка и се што е потребно, може некој да ми каже како се ставаат пари, кој се провозиите и даноците за тргување со странски хартии дали зимаат данок, и како се вадат парите? Ви благодарам многу!
Правиш барање само пасош ти треба, ти прават акаунт, ти пуштаат сметка, ги уплаќаш парите на сметката(банка ) , добиваш пристап на платформата, таму ги гледаш парите после 2,3 дена (од уплата) и толку
 
Последно уредено:
Член од
22 февруари 2019
Мислења
318
Поени од реакции
309
Уште едно прашање. Гледав на веб страната на НБРМ(скратена презентација) има упатство за известување и насоки во законот за девизно со кое треба сите трансакции да се пријавуваат во НБРМ и Ц.Регистер? Дали по секоја трансакција имаме некаква обврска кон државава за известување?
 
Последно уредено:
Член од
3 септември 2020
Мислења
1
Поени од реакции
1
Правиш барање само пасош ти треба, ти прават акаунт, ти пуштаат сметка, ги уплаќаш парите на сметката(банка ) , добиваш пристап на платформата, таму ги гледаш парите после 2,3 дена (од уплата) и толку
Јас пробав да уплатам на сметка од банка но во НЛБ ми викаат мора да имаш некаква фактура не можеш директно на банка...
 
Член од
1 март 2010
Мислења
7.888
Поени од реакции
14.440
Уште едно прашање. Гледав на веб страната на НБРМ(скратена презентација) има упатство за известување и насоки во законот за девизно со кое треба сите трансакции да се пријавуваат во НБРМ и Ц.Регистер? Дали по секоја трансакција имаме некаква обврска кон државава за известување?
Презентацијата е од 2015, така да не верувам дека уште држи вода. Не прочитав никаде Централен регистар, каде се спомнува? И да треба се уште да се пријавува нешто, нема никаква логика тоа да се прави таму, пошто Централен генерално нема никаква врска со физички лица и нивни хартии од вредност.
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.791
Поени од реакции
1.702
Дали има апликацијата слична на Робинхуд од линкот, да работи со МК граѓани, или бар граѓани на ЕУ (Бугарија)?
 
Член од
22 февруари 2019
Мислења
318
Поени од реакции
309
Презентацијата е од 2015, така да не верувам дека уште држи вода. Не прочитав никаде Централен регистар, каде се спомнува? И да треба се уште да се пријавува нешто, нема никаква логика тоа да се прави таму, пошто Централен генерално нема никаква врска со физички лица и нивни хартии од вредност.
Тоа не е во презентацијата туку во Законот за девизно работење.
centralen registar prijava.PNG

Ако е 2015 презентацијава. Ова подолу е од ажурираниот закон за девизно работење последна верзија пречистен текст. Значи НБРМ треба пријава. Се јавив во НБРМ. Таа што беше за ова е на одмор. Ми даде други контакти ко замена. Ќе се јавам утре и ќе препроверам и ќе кажам. Она што ме буни исто е дека требало месечно ова да се прави. Не е појаснето дали мора секој месец состојбата имало немало трансакции. Оти е така општо. Нејсе. Затоа ќе зборам директно и со нив. Оти кај нас се е така. Ќе ти тупнат некоја давачка и ќе ти речат си требало да знаеш. Тие два формулари кои ги има во погорната презентација ги има на сајтот на нбрм да си ги спуштиш и пополниш.

Во други одредби подолу во законот има рок крај на секој месец или најдоцна 20 дена по трансакцијата.

prijava nbrm.PNG
 
Kajgana Shop

На врв Bottom