Тргување со странски хартии од вредност и недвижности

  • Креатор на темата Креатор на темата StefusRefus
  • Време на започнување Време на започнување
Тоа не е во презентацијата туку во Законот за девизно работење.
Прегледај го приврзокот 264840

Ако е 2015 презентацијава. Ова подолу е од ажурираниот закон за девизно работење последна верзија пречистен текст. Значи НБРМ треба пријава. Се јавив во НБРМ. Таа што беше за ова е на одмор. Ми даде други контакти ко замена. Ќе се јавам утре и ќе препроверам и ќе кажам. Она што ме буни исто е дека требало месечно ова да се прави. Не е појаснето дали мора секој месец состојбата имало немало трансакции. Оти е така општо. Нејсе. Затоа ќе зборам директно и со нив. Оти кај нас се е така. Ќе ти тупнат некоја давачка и ќе ти речат си требало да знаеш. Тие два формулари кои ги има во погорната презентација ги има на сајтот на нбрм да си ги спуштиш и пополниш.

Во други одредби подолу во законот има рок крај на секој месец или најдоцна 20 дена по трансакцијата.

Прегледај го приврзокот 264841
Директни инвестиции според мене се однесува баш на тоа - директна инвестиција преку отворање фирма во странство или вложување во сопственички удел во странство. Од тоа што сум се сретнал досега со работата на Централен немам слушнато или видено некој да доаѓа да пријави акции во странство.

Ова е збунувачки и тотално непотребно, доколку навистина се бара и од тебе и од овластениот учесник да доставувате извештај. Северна...
1599134580405.png
 
Значи не идете преку онлајн брокери...забранет е пристап за МК граѓани на еТоро, Плус500 ( за со БГ пасош овде слободно може бидејќи имаат подружница Плус500 во Бугарија ). Плус треба пријавување и сл.

Одете преку наши брокери или банки и сте раат барем во тој поглед. Плус и провизиите се пониски мислам, излегуваат околу 1%-1,2% зависно од берза, што не е многу.
 
Да се исправам сам себе, мислам дека не треба пријавување, тоа е за правни лица кои мора да обезбедат документи и намена на сметката во странство, а за физички лица баш е ЗАБРАНЕТО отворање на акаунт на овие вакви сајтови, значи МОРА да отиде преку наши брокери или банки - има неколку, истражете и одлучете се. Горе доле сите се исти со услови, само да ви се погоди брокерот.
 
Дали знаеш од кога е забрането на Еторо за МК? И дали CFD се смета за тргување со хартии од вредност пошо не поседуваш туку само шпекулираш за цена?
 
Последно уредено:
Дали знаеш од кога е забрането на Еторо за МК? И дали CFD се смета за тргување со хартии од вредност пошо не поседуваш туку само шпекулираш за цена?
Од увек е забрането. Не ни можеш да креираш акаунт од МК. Исто и на другиве сајтови. Со бугарски или ЕУ пасош можеш.

Ако си успеал да отвориш акаунт на некоја, си го прекршил законот, тоа е....без разлика што си правел. Не смееш да имаш сметка во странство, никаква.
 
Сигурен си за ова? Како што можам да видам на 29.08.2019 Народна Банка ја донела следнава одлука - http://www.nbrm.mk/ns-newsarticle-soopstenie-29082019.nspx
 
Да ама ова е за сајтови од типот Пејпал, Скрилл или Нетелер кои сајтови можат да се користат за купување добра во странство. Не е за брокерски сајтови.
 
Луѓе сакате да ми кажете дека некој успеал да депонира средства на Interactive Brokers?! Ја имам акаунт на ама не можам да депонирам пари, ради што од банка ми праат проблем кај цел на дознака, не знаеле што да напишат.

Иначе на Еtoro од април не можат да се праат акаунти за граѓани на Македонија, ама тие што имаат направено можат да ги користат.
 
кладилниците скоро сите ги забранија, бет365, бвин, покерстарс веќе нема за МК...еторо и тоа ке укинат кај и да е за стари корисници, плус500 никогаш не ни можело.... вукојебина од држава сме...
 
Некако ми побегнала информацијата, но Unity имал ИПО вчера и скокнале акциите 44%.
 
Затворена пола позиција вчера во Jinko Solar на 21.5$, 25% профит за помалку од 3 недели. Нов таргет 27$ за 45 дена.

Jinko Solar - експлозија на цената вчера +21% за еден ден.
Затворена 80% од позицијата со 60% профит за само 3 месеци.
Пишано и споделено на 12 Јуни тука, да не биде после муабетот си ќутите не кажувате :)
 
Браво, штета што не те послушав
 
Jinko Solar - експлозија на цената вчера +21% за еден ден.
Затворена 80% од позицијата со 60% профит за само 3 месеци.
Пишано и споделено на 12 Јуни тука, да не биде после муабетот си ќутите не кажувате :)
Браво. Добро и го продаде дел баш на време, 60% профит е топ. Јас играм до кај 20-30% профит и продавам краткорочно бидејќи сеуште очекувам големи волатилности и дневни/неделни падови и растови по 10%. Добар кеш лежи тука. Колку е досадна МСЕ во споредба, леле, леле.
 
Јас денес си призедов сребро со 7% попуст на 22,2. Таман да компензирам за првиот влез пред месец и пол на 26.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom