Здраво дечки. Во последно време читам за инвестицииве, и сакам да почнам со инвестирање. Би сакал диверзификација на инвестициите. Не знам, на пример, инвестирање во компании од различна дејност, недвижнини, злато..итн. Е сега, немам искуство воопшто во инвестирање, а не го знам ни начинот за ваков тип на инвестирање во различни работи. Затоа, ако може некој да ми даде одговор на следниве работи.
- Платформа за инвестирање? Гледам дека доста се спомнува interactive brokers, а гледам дека и поголем дел од нашиве банки нудат можност за странски инвестиции. Какво е вашето искуство, што би било најсоодветно ?
- Друга работа е сумата која што ќе ја инвестирам. Не сакам, да вложувам голем капитал, а и немам многу капитал. Дали би било во ред да се почне, да речеме 100-200 евра на месечно ниво да се инвестира за начинот на кој што го спомнав погоре?
Ако може некој да одговори на овие работи најпрвин, а мислам дека потоа ќе имам уште прашања. Инаку, интересно е што има барем какво-такво, некакво раздвижување на инвестирање во странски компании..