Еве дел од мојата анализа од пред некое време:
BNP Paribas е само една од неколкуте европски банки кои останаа профитални во изминатите 15 години пребродувајќи две големи кризи. Фундаментално, се верува дека BNP Paribas е најдобра француска банка, но проблемот е во тоа што француското банкарство во периодов не е баш премногу атрактивно. Причина за тоа се изразените меѓусебни интеграции во банкарскиот сектор, особено што нема јасна дистинкција помеѓу сопствениците и клиентите на банките, затоа што во главно се истите луѓе, па затоа кај вака управувани банки мотивот и очекувањата од менаџментот за зголемување на профитабилноста на банката не е исто изразена споредбено со другите банки кои котираат на берзите.
BNP Paribas е се уште значително изложена на приходите од финансикото тргување, кое кон крајот на 2019 година, сочинуваа околу 15% од сите приходи. Финансиските инструменти кои се сметани по нивната пазарна вредност, сочинуваат околу 40% од билансот на состојба. Според нивната природа, приходите од финансиското тргување се непостојани, но треба да потенцираме дека BNP значително ја намали својата доверба кон приходите од тргување. Споредбено со 2007 година, приходи од тргување учествувале со третина од сите приходи додека финансиски инструменти пресметани по пазарна вредност пред кризата претставуваа 55% од вредноста во билансот на состојба. BNP, исто така, верува дека природата на преостанатите финансиски тргувања се помалку ризични, затоа што повеќето од позиции се управувани за клиенти.
Додека аквизицијата на проблематичниот белгиски позајмувач Фортис во 2009 година беше одлична опортунистичка инвестиција, со досегашното работење инвеститирската јавност не е убедена во успешноста на експанзијата на банката во Турција и Италија, ниту пак со нејзиното континуираното присуство во САД. Подолго време се препорачува на BNP да го намали своето географско присуство. Сепак, BNP ги смета овие операции како основни во своето работење и верува дека може да извлече синергетска вредност од широката геогравска распостранетост.