- Член од
- 30 ноември 2013
- Мислења
- 2.162
- Поени од реакции
- 4.709
Малку глупа споредба, ама чисто да видам колку си објективен, колку би вредел Матиќ?Во нормална ситуација, да не е хаосот во Барселона, и да не мора да го истоварат негде заради платата, би биле среќни ако земат некаде помеѓу 5 и 7 милиони.
Во секој случај глупи се муабетиве, трансфермаркт е само сајт кој дава некоја објективна вредност пресметана во однос на лигата во која настапува играчот, клубот за кој игра, колку настапи и каква статистика има и слично. Чисто како за пример, тие 20 милиони прикажани на сајтот за Ракитиќ, сега во истиов момент да потпише за Струга Трим Лум ќе станат 2 милиони, ради лигата во која ќе настапува, и статистиката и настапите таму не ги вреднува на истото ниво со Барса и Ла Лига.
Во трансфер-зделките, играчот вреди колку што клубот со кој има договор го проценува и колку што заинтересираните купци се спремни да дадат, тука во предвид се земаат еден куп други фактори како што се години на играчот, колку клубот сака да продава, колку е битен играчот за екипата и слично, така да објективно Ракитиќ како играч може да се вреднува 20 милиони, ама фактот што Барса сака да се ослободи од него што поскоро инстантно ја намалува цената за дупло помалку.
П.С. 1.5 милиони се иницијално, 9 милиони има во бонуси во зависност од настапи, ама тие бонуси се доста реални да се исполнат, во зависност од тоа дали Севиља ќе игра ЛЕ или ЛШ и слично, така да би стигнало до повисока цена.