Искрено за низ град јас не би земал ниеден од овие два туку некоја евтина 26ка до 100 евра поради намален ризик од кражба и лошата состојба на улиците.За да видиш лезет на таков велосипед ти треба мазен асвалт кој го има само на некои места во Скопје.Со секоја гума под 32мм ширина ќе имаш впечаток дека возиш велосипед на бандаж а не на гума.Доколку пак не ги пумпаш гумите минимум на 80% од дозволениот притисок драстично губиш на брзина а со толку напумпани гуми ќе ти труска цело време.Ако веќе си одбрал ваков јас би одел на Kross.Почитувани, буџетот ми е 500 евра. Сакам да изберам велосипед, бидејќи 90% ќе биде користен во град или роуд, размислував за мтб хибрид. Што губам што хибридите немаат амортизер на виљушка? Дали за овие пари се исплати да се купи велосипед кој би имал бејсик виљушка? Инаку ги следам следниве 2 модела од кои едниот го нема сеуште на продажба, Ваш коментар за истите?
Kross Pulso 1.0 кој претпоставувам дека го има на залиха или,
Specialized Sirrus 2.0 кој теба да го чекам до есен.
Прашањето ми е дали за преференцата град, ќе биде подобро ваков, или МТБ со амортизер на виљушка? И дали поефтината варијанта на кросот е само марката или стварно вреди помалку? Фала ви
(едит) Се разбира прифаќам и Ваши препораки доколку сметате дека во рамките од околу 500-600макс евра има подобри алтернативи.
Последно уредено: