Помош при избор на велосипед и останата опрема (цени, совети, споредби...)

Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.043
Поени од реакции
5.944
Почитувани, буџетот ми е 500 евра. Сакам да изберам велосипед, бидејќи 90% ќе биде користен во град или роуд, размислував за мтб хибрид. Што губам што хибридите немаат амортизер на виљушка? Дали за овие пари се исплати да се купи велосипед кој би имал бејсик виљушка? Инаку ги следам следниве 2 модела од кои едниот го нема сеуште на продажба, Ваш коментар за истите?
Kross Pulso 1.0 кој претпоставувам дека го има на залиха или,
Specialized Sirrus 2.0 кој теба да го чекам до есен.
Прашањето ми е дали за преференцата град, ќе биде подобро ваков, или МТБ со амортизер на виљушка? И дали поефтината варијанта на кросот е само марката или стварно вреди помалку? Фала ви
(едит) Се разбира прифаќам и Ваши препораки доколку сметате дека во рамките од околу 500-600макс евра има подобри алтернативи.
Искрено за низ град јас не би земал ниеден од овие два туку некоја евтина 26ка до 100 евра поради намален ризик од кражба и лошата состојба на улиците.За да видиш лезет на таков велосипед ти треба мазен асвалт кој го има само на некои места во Скопје.Со секоја гума под 32мм ширина ќе имаш впечаток дека возиш велосипед на бандаж а не на гума.Доколку пак не ги пумпаш гумите минимум на 80% од дозволениот притисок драстично губиш на брзина а со толку напумпани гуми ќе ти труска цело време.Ако веќе си одбрал ваков јас би одел на Kross.
 
Последно уредено:

naumdb

Кајгана Менаџер!!!
Член од
5 јуни 2007
Мислења
9.006
Поени од реакции
5.653
Дечки, милјарда пати сум пишал на темава, дај препорачајте некој точак до 20.000 мкд, се што гледав/сакав го нема на залиха, со оглед дека годинава главно работам од дома и килограмите ми одат нагоре, точаков го гледам како спас.
Исклучиво ќе се вози низ град/кеј. Висок 191 цм. Барав со алуминимски рам, но таквите ги купуваат уште првите два-три дена откако ќе им стигнат.
Да се откажам од алуминиумот и да го земам овој?
 
Тука имаш половни малку користени со добра опрема за околу 350 евра па разгледај:https://www.facebook.com/Used-Bike-Macedonia-1138301476272935/
 
Член од
25 јуни 2011
Мислења
100
Поени од реакции
15
FB_IMG_1597396732555.jpg
Има ли некој искуство со овие велосипеди Dook ?
 
Член од
1 мај 2019
Мислења
122
Поени од реакции
137
Почитувани, буџетот ми е 500 евра. Сакам да изберам велосипед, бидејќи 90% ќе биде користен во град или роуд, размислував за мтб хибрид. Што губам што хибридите немаат амортизер на виљушка? Дали за овие пари се исплати да се купи велосипед кој би имал бејсик виљушка? Инаку ги следам следниве 2 модела од кои едниот го нема сеуште на продажба, Ваш коментар за истите?
Kross Pulso 1.0 кој претпоставувам дека го има на залиха или,
Specialized Sirrus 2.0 кој теба да го чекам до есен.
Прашањето ми е дали за преференцата град, ќе биде подобро ваков, или МТБ со амортизер на виљушка? И дали поефтината варијанта на кросот е само марката или стварно вреди помалку? Фала ви
(едит) Се разбира прифаќам и Ваши препораки доколку сметате дека во рамките од околу 500-600макс евра има подобри алтернативи.

Од мојво искуство, ако го возиш на асфалт не ти треба амортизер. Јас имам MTB велосипед кој повеќе го возам низ нерамни предели со амортизер, одма штом излезам на пат го заклучувам амортизерот пошто повеќе ме заморува, а и нема некој ефект на пат.
 
Член од
24 октомври 2008
Мислења
1.382
Поени од реакции
248
1597933065316.png

Некој да каже збор два за велосипедов? Вреди за парите, не вреди ?
 
Член од
6 февруари 2007
Мислења
5.043
Поени од реакции
5.944
Прегледај го приврзокот 263178

Некој да каже збор два за велосипедов? Вреди за парите, не вреди ?
Ако ти се допаѓа 26 ка тркало и ти одговара големината вреди.Кај Васко нема лош велосипед.Исто како од продавница го зимаш и го возиш до прва промена на ланец бидејки сите му се сервисирани пред продажба.
 
Partizanen banditen

Психијатриски случај
Член од
24 август 2016
Мислења
5.837
Поени од реакции
17.494
Член од
30 август 2020
Мислења
4
Поени од реакции
0
Ај здраво и од мене.
Некое време го читам форумот па еве и се приклучив вчера.
Сакам да купам "добар" велосипед. Буџет околу 500 евра.
Денес ги поминав повеќето продавници и велосипеди ниту за лек.
Единствено нешто што ми фати око е
Малку помош?
Вреди ли за парите?
Ви благодарам!!!
 
Attachments

Не ми е јасно од кој магацин го извадиле да го продаваат бидејки едно 5 или 6 години Focus престана да ги произведува 26 те со ваква опрема или пак со години стоел и никој не им го купувал.Оди кај Васко во Ѓорче Петров и види од ова понуденово што има останато:https://www.facebook.com/Used-Bike-Macedonia-1138301476272935/
 
Е сега сум 100% збунет.
Тотален лаик сум и затоа можеби се залетувам по брендови.
Да, знам дека името го плаќаш во некој процент, но...
За опремата.
Колку што читав наназад по форумите ова не е слаба опрема, или грешам.
rear derailleur Shimano Deore XT
shifters Shimano Deore
кочницата е хидраулична, ....

Во секој случај, ТИ БЛАГОДАРАМ многу на коментарот, не спорам, толку разбирам :)
За половен немам познавања, може секој да ме матка како сака, така да ...
Ќе видиме, не брзам, има време.
Во сите продавници беа оптимисти дека за две-три недели треба да им стигне роба.
 
Опремата е топ нема муабет но 26 ка од познатите фирми со таква опрема не се произведува веќе 5 или 6 години што значи дека овој велосипед е од 2013,2014 година нов некористен само стоен во магацин или продавница со години.Треба да прашаш прво страницата дали им е обновена бидејки не ми се верува дека сеуште може да се најде ваков некористен.
 
Бев денес во Борис Трајковски и го видов.
Мене ми изгледаше ок
Може не се разбирам од ова, ама знам да читам и опремата која ја нудат е топ според пишаното по форумите.
А и FOCUS е, зарем тоа не е брендиште.
Е сега дали е стар модел, па сигурно е, затоа и има толкав попуст.
Base price with tax 55000,00 den
Sales price 35750,00 den
Discount -19250,00 den
Не дека и тоа е за 100% верување, ама...
Ок, ќе погледнам и во OUTDOOR.MK.
Денес беа затворени.

Уште едно прашање (за да знам за понатаму).
Дали големината на тркалото е толку пресудно?
Велосипедот ми е за мене (176 см висок) но е и за децата (околу 170-172 високи).
 
За таа висина одговара М рамка додека L ќе ви биде голема.
 
Диле Јоргачев

Одделение за заштита на народот
Член од
3 април 2017
Мислења
8.693
Поени од реакции
28.204
Половен велосипед добро сочуван е многу подобар избор отколку нов,ова го пишувам од лично искуство.Тешка шкартоина се сите нови велосипеди у тој ценовен ранг од 500-600€.Сум купил нов gt,kross,trek и од сите сум се разочарал.За тие пари може да се најде половен велосипед-авион.Не сум сигурен ама мислам дека ktm се исплати нов да купиш,али не тој од 500-600€.Моментално имам половњак Швајцарски од 2001ва,уште не ми се верува како шалта и каква вожња има.Невероватна работа,никад више нов
 
Kajgana Shop

На врв Bottom