Прво благодарност до тебе
@dace@mkd што ја отвори темата, убаво што некој се одважи да го стори тоа.
Мислам дека доста време им ја узурпиравме темата Dark Souls и на нејзините фанови, иако мислам дека нема да ни замерат за тоа, бидејќи и тие се пред се фанови на Фром Софтвер
Да додадам нешто за играта: Оваа е една од оние игри што имаат загаточна приказна, приказна која и до ден денес комплетно не е дефинирана и која е предмет на дискусии, теории и мислења што дополнително ја обогатува играта, искрено не сум фан на вакви ствари но тука морам да признаам дека се е мајсторски сработено, подредено и поврзано баш до таа мера да отвори нови по интересни мислења, теории...
На почеток почнуваш како ловец кој треба да убие пар суштества, но како се прогресира нанапред се сваќа дека не постојат само пар суштества, дека не е се така како што изгледа, дека целата работа всушност и не е толку едноставна. Ова можеби звучи клише за некои но верувам дека би биле разубедени доколку ја играат.
Ова е хорор рпг игра со инспирација од викторијанската ера, уште по присутна е воочлива е инспирацијата од H.P. Lovecraft (ја има кажано познатата мисла: Најстарата и иајсилната емоција на човештвото е стравот, а најстариот и најсилниот тип на страв е стравот од непознатото ) што ја има креаторот на играта Хидетака Мијазаки, извонредна атмосвера збогатена со одличен саундтрак.
Изобилува со различни непријатели од кои дел се мутации со животни, дел се мутации со вонземски суштества, босовите исто така се микс помеѓу обични и велики "Great Ones", сите си имаат своја приказна за себе, сите со причина ти се испречуваат на патот, но има и такви кои што е потребно малку повеќе од среќа за да се сретнат/пронајдат.
Музиката што ја има Бладборн е право ремек дело, единствен можеби негативен аспект е тоа што музика има исклучиво кога имаш бос фајт. The FIrst Hunter, Blood-Starved Beast, Lullaby for Mergo , Living Failures се само некои што би ги издвоил.
Секако би ја препорачал на секој да ја игра, особено на сите фанови на Фром Софтвер, Дарк Соулс.
Понатаму ќе пишам повеќе, има уште многу работи не кажани.