- Член од
- 11 јули 2014
- Мислења
- 3.088
- Поени од реакции
- 4.461
Не удри по управата?Управата не ја бранам, нема некој што повеќе од мене ја напаѓал, ама каде беше досега Меси да удри по управата, да прозборе барем збор. Нигде, нула. Сега на 6 месеци до заминувањето на Барто тој реши да си оди поради него? Немој да ме јебеш бре, не сме мали деца. Пујол гледа да добие функција со новата управа откако не успеа со оваа, не е се така сјајно во играчите, не е само управата црна тие бели.
Јавно збореше и пишуваше против спортски директор на тимот - Абидал. Кој фудбалер/капитен го има тоа направено?
Пола стадион цела сезона бели марамчиња им вади за оставка, они се закачиле ко пијавици на Меси ќе му покачиме плата, ќе се спасиме. Не е се до тоа, тука ја утнаа работата.
Без конкурентност на спортски план, нека покачуваат што сакаат. Меси гениј каков што е, со Барса идентитет, им бараше играчи и тренери што би успеале да ги склопат коцките за да бидат конкурентни. Валверде коа го избркаа за да донесат тренер ко Сетиен, сите се чудевме зошто се бунел и го барал Валверде. Свесен беше сам дека освен во случај на Чави, Гвардиола, ништо нема да смени промената на Валверде на пола сезона помината, само полошо ќе донесе. Ете виде што се случи. Без шпанско останаа од најутепаниот Реал 15 години назад.
Не му испочитуваа ниедно барање ни за играч ни за тренер. Величини ко Меси, Роналдо, Леброн и да не мешам спортови, не траат вечно, ама додека траат или ќе ги почитуваш и искористиш за да испишеш историја и ти и они, или ќе си заминат и ќе пишат историја со друг.
Не го испочитуваа и ова не трае од вчера, трае 2 години. Ова е најнормален епилог после се.
И многу ги трпеше требаше после Рома ова да се случи, ама не е лошо ни вака.
Последно уредено: