Не ми е намерата да се докажувам. Зошто Мбапе не беше потпишан постои дебела причина. Не можеш на копиљ да му дадеш плата поголема од таа на Рамос. Мислам можеш, ама ќе направиш и други проблеми отпосле. Заради тоа отиде Мбапе во ПСЖ. Како и да е, ако не потпише договор со ПСЖ до наредно лето, мислам дека Реал би имал можност да го купи за сума од 100 до 150 милиони евра, договорот му истекува во 2022. Дали Бразилците се жонглери или не допрва ќе видиме, имаат простор да се развиваат. Мислам сакам и јас да го имам "Лука Дончич" во овој тим на Реал, али факт е дека се ретки такви играчи на глобално ниво, па дури и под знак прашалник дали постојат воопшто. Доаѓањето на Азар ниту јас го оправдувам, иако ништо лично немам против играчот, а ниту па мислам дека е Азар донесен да го мења Роналдо. Самиот човек си кажува по интервјуа дека не му е целта да постигнува по 50 гола по сезона туку дека сака да ја има топката во нозе што повеќе, нешто што и Иско го вика, али за тоа и колку беше потребен во Реал друг пат. Се слагам за Модрич и средината. Имаме префлегматична средина, заради тоа го вратија и Одегард и мислам дека Модрич ќе има доста помалку минути сезонава, а и мислам дека последна ќе му биде. Исто и заминувањето на Рамос и негова замена, ако постои таква, ќе биде предизвик.