Азаренка против Корне 1, коефициент 1.62, Пајнакл.
Азаренка има ни помалку ни повеќе 6-0 во меѓусебните против Корне. Меѓусебните дуели кај жените се многу важни, тоа е некоја работа поврзана со женската психологија. Обично кога некоја од тенисерките е доминантна во меѓусебниот, продолжува да ја толчи друагата. Така беше случајот со Серена против Шарапова, или Шарапова против Сем Штосур. Се сеќавам еднаш Јанкович беше во очајна форма а Аулона Бондарено (поубавата од сестрите Бондаренко) беше во одлична форма. Играа меѓu себе, сакав да постирам тип на BA со победа на Бондаренко, кога ги видов меѓусебните, 9-0 за Јанкович. На крајот од денот беше 10-0.
Не се само меѓусебните во прашање, Азаренка се пронајде на овој турнир, одлично сервира и тука би требала да има голема преднсот над Корне, која има сосем просечен сервис. Вчера ја пропуштив Вика, денес одиме до победа.