Фудбалски/трансфер дискусии

Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
И тоа со лејмот и тоа не си го сфатил. Лејм е муабетот дека членот ми рече ,,немаш врка, не си ни го гледал Тирни во Селтик". Што е неточно. И затоа е лејм муабет.
Па истото, од збор до збор ми го рече ти за Вернер. Како ти знаеш дали јас го имам или го немам гледано? Еве како што ти си фан на Селтик јас сим фан на Лајпциг. Како е твоето аргумент а моето не беше?
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.783
Поени од реакции
44.021
Сепак, и да не се бори тимот за титули пак не е тоа оправдување за да не се они индивидуално константни. Сите сме свесни за талентот, и никој не го негира тоа, ама се претставуваат како нешто многу повеќе од тоа што се иако реалноста е дека пола сезона стварно предобро играат, ама другата половина ептен ве фрустрираат со тешки промашувања и несериозност. Тоа не е класа/огин/штоидае играч според мене.

За Погба секако сите коментари се излишни. Ни 10% од очекувањата ги нема исполнето од кога го направи трансферот. Пак, неоспорен талент ама не може на тоа да се вади со години кога не го покажува константно. Во доста други клубови веќе ќе беше отпишан, па и продаден. Уствари и во Јунајтед ќе беше, ама се случи корона. Непростлива е таа непрофесионалност која ја покажаа заедно со брат му и агентот.
Никој не вика дека имаат константност. Ама кој на 21-2 години во голем клуб, со огромни очекувања имал константност? :) Муабетот е дали учат од грешките и дали напредуваат. Реално, сезонава имаше голем напредок и кај едниот и кај другиот. Дека пак промашуваа зицери - промашуваа. Дека имаат уште многу леб да јадат - имаат дефинитивно.

Но Марсијал тоа што го изигра после доаѓањето на Бруно, до сега никогаш го нема прикажано. Од збунето дете што дреме само на левото крило и не знае што да прави со себе кога нема топка, стана 9ка која полека учи да се отвара, да влегува во празно, да си создава гол шанси и најбитно знае да насети момент кога треба да тргне напред - нешто во што беше катастрофа реално. Со други зборови почна да созрева тактички како играч. На финишингот ќе си работи додатно, тоа се решава лесно и со подигање на самодоверба после неколку добри утакмици.
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Па истото, од зборт до збор ми го рече ти за Вернер. Како ти знаеш дали јас го имам или го немам гледано?
Па не знам, еве не се познаваме лично ама на пример по она што го пишуваш и те како не ми оддаваш впечаток дека гледаш фудбал.
На пример, не си ја гледал Баерн-Барселона, си гледал Серена и само си свртел да видиш колку е резултат. Твои зборови. Ако не си гледал четврфинале од ЛШ, не очекувам дека си го гледал некаде Вернер. На пример де.

Друго, вчера јас ти одговорив на повеќе работи и после поради тоа што сакав фер да дискутирам, ајде, не го искористив тоа како аргумент.

Мислам, се вклучи во дискусикава сега, да потепаш време, допирна точка нема муабетот за Тирни и Вернер вчера, ама се обиде да ги истераш демоните од таа дискусија.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Па не знам, еве не се познаваме лично ама на пример по она што го пишуваш и те како не ми оддаваш впечаток дека гледаш фудбал.
Значи освен што си експерт за шкотски фудбал, по малку си и видовит?
 
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.858
Поени од реакции
10.230
Ставро, читај Ставро. Прво, холандска лига за шкотска е Премиер. Второ, Зијеш е докажан и на европска сцена.
Трето, не е тоа единствен параметар за вреднување на Тирни. Тирни не може воопшто да се оценува сериозно, бидејќи човекот првенствено нема играно фудбал.
Автоматски споено мислење:



Јас не реков ништо на таа тема. За останатото, читај ова за Владимир.
Значи, за да биде Тирни подобар фудбалер од Чилвел или од било кој фудбалер на светот, треба прво да игра...фудбал. Да почнеме од тоа, еве.
Значи Тирни пред Арсенал не играл фудбал, крикет играше во Глазгов
 
Член од
29 јануари 2015
Мислења
7.278
Поени од реакции
20.260
Значи освен што си експерт за шкотски фудбал, по малку си и видовит?
Не сум експерт, следам по малку и повремено. Експертизите ги оставам на тебе. Не сум ни видовит, те парафразирам тебе. Ако си заборавил...
Автоматски споено мислење:

Значи Тирни пред Арсенал не играл фудбал, крикет играше во Глазгов
Играше Тирни пред Арсенал ѕверски фудбал, што го става пред Чилвел кој три сезони во најдобрата лига на светот првенствено играл фудбал, а потоа бил сосема коректен кога ќе одземеме и собереме?
Ако е така, така нека е.
 
Последно уредено:
Член од
8 септември 2008
Мислења
11.858
Поени од реакции
10.230
Не сум експерт, следам по малку и повремено. Експертизите ги оставам на тебе. Не сум ни видовит, те парафразирам тебе. Ако си заборавил...
Автоматски споено мислење:



Играше Тирни пред Арсенал ѕверски фудбал, што го става пред Чилвел кој три сезони во најдобрата лига на светот првенствено играл фудбал, а потоа бил сосема коректен кога ќе одземеме и собереме?
Ако е така, така нека е.
Чилвел одиграл 3 сезони во ПЛ и ниеднаш не бил најдобар лев бек, не бил ни втор најдобар, од друга страна Тирни освоил 5 Лигашки титули, 3 Купа и 3 Лига Купа, капитен на 18 години и 3 пати најдобар млад играч во Премиершип.
Сега аргумент ќе ти биде како Чилвел има ПЛ, иако одиграл едвај 12 утакмици во главно како замена...
 
Член од
14 април 2012
Мислења
32.901
Поени од реакции
67.551

Како бе гревов уште има работно место :facepalm:
Роди ме мајко фудбалер Енглез, па фрли ме и на буниште.
Автоматски споено мислење:

Видно ме интересира како ке се снајде во Англија.

 
Последно уредено:

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.755
Поени од реакции
9.800
Кога ги читам фановиве на ЕПЛ екипиве, некако криво ми е што го кењам Алекс Сандро на пример. Тирни бил звер - Арсенал осми завршуваат. Алекс Сандро не се трудел, мрзлив бил, падна у форма а ние 9 години шампиони.

У право беше @Stefan-kobe , шо помизерна екипата, толку повеќе ги величиш играчите.
 
Член од
28 март 2015
Мислења
5.428
Поени од реакции
11.338
Кога ги читам фановиве на ЕПЛ екипиве, некако криво ми е што го кењам Алекс Сандро на пример. Тирни бил звер - Арсенал осми завршуваат. Алекс Сандро не се трудел, мрзлив бил, падна у форма а ние 9 години шампиони.

У право беше @Stefan-kobe , шо помизерна екипата, толку повеќе ги величиш играчите.
А што има врска позицијата на екипата со тоа дали играчот го бива? Значи Аоар е лош играч зошто Лион се седми, или пак Ибрахимович не го бива зошто завршил шести.
 

G@rfielD

Модератор
Член од
10 февруари 2007
Мислења
10.755
Поени од реакции
9.800
А што има врска позицијата на екипата со тоа дали играчот го бива? Значи Аоар е лош играч зошто Лион се седми, или пак Ибрахимович не го бива зошто завршил шести.
Не реков дека се слаби, конкретно за играчи ко Тирни ми беше зборот, и за тоа како не си ги цениме ние играчите со кои освојуваме титули секоја година. Ибра е докажан играч, Аоар се има носено со многу јаки играчи, особено у ЛШ и цела Европа го сака. Не ги споредувам ни јас со Тирни, не треба ни ти да ги спомнуваш у овја контекст. Никој не рече на пример дека Аубамејанг е лош играч, ако игра у Арсенал.
 
Член од
29 јуни 2018
Мислења
3.573
Поени од реакции
5.618
Чилвел беше оган играч се дури Стефи не го стави на фантази од тогаш бел ден не виде, ни тој ни јас :D
Кажи кој ти е капитен на Фантази да зееме да го вадиме со време од состав... :)
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
10.639
Поени од реакции
11.717
Ќе ти речев да се заколнеш во Бакајоко ама греота е, помлад и подобар од Матич е. Новиот Дрогба исто. И за Рудигер во несвест се паѓаше едно време. Одои 600 милионскиот...долга е листата и кај вас, можеби и најдолга од скоро време, во тесна битка сте за круната.
те молам без игнорирање на кралот Лофтус Чик
ни татко му и мајка му го немаат фалено ко Донев


Sent from my iPhone using Tapatalk
 

Kajgana Shop

На врв Bottom