И тоа нашиот најсакан атеистички воркохолик дава вкупни бројки за цркви и џамии, прескокнувајќи го првиот пасус кој вели:многу нереално е да споредуваш сандачиња со крстови, кои ги нарекуваат цркви со онолкави ракети.
Ако авторот сакал да прави (а не сакал), објективна споредба би ги споредувал градбите, а не би меша сандачиња со крстови и џамии.
Поголем дел од тие "цркви" се оние параклиси или како и да ги викаат сандачињата, кои понекаде во каурски маала ги ставаат пред згради.
Во последните десет години во Македонија се изградени речиси 350 нови џамии и минариња и речиси исто толку нови цркви, црквички, манастири, параклиси, крстови, камбанарии...
Ако се минусираат црквички, параклиси, крстови и камбанарии како минијатурни градби т.е. ги земеме црквите и манастирите како значајни христијански градби како пандан на џамии и минариња, колкав ќе биде тој сооднос? Ајде радниче, копај податоци.
Ама јас сепак не му замерувам, верувам дека тој како вистински атеист само е заинтересиран за естетиката на просторот и вечерва е само малку уморен од мачните преговори за распределба на постизборниот колач.