Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Барса можда технички нема многу финансии во касата, али клубот е многу кредито способен, во која банка и да тропнат ќе им дадат 250 милиони евра за трансфери како од шала. Плус е политичка алатка ... нема финансиска зима за клубот.
Али задолжувањата стојат. Бартомео сеа како шо му гори под нозе нема да ме изненади да тргне по големо име.
 
Сеа ми е јасно зошто било 3.50 коеф :pos: :pos:

Подобро за Баерн сеа да навиваме, замислете како би изгледало 1-7 или 1-8. Дај боже.
Од твоја уста во божји уши муабетов... :D
 
Друштво па отприлика се знаеше дека тешко можи Барса да му парира на овај Баерн,поготово со овај тренер,уште на 4-1 на полувреме се знаеше распад система,зошто колку и да не е така Барса нема тренер кој психички ке го подигне тимот,т.е ке ги мотивира играчите.За играта не ја ни коментирам,лежерно,Баерн излезе доста високо,Барса имаше мака да ја избие топката,така и дојдоа неколкуте гола,АМА сега НА СИТЕ НАС НИЕ БИТНО ШТО ПОСЛЕ ОВА? Мое мислење е дека ДЕЖА ВУ од минатите сезони,Барто ќе ги држи тензиите под контрола,очекувам 80 % отказ на Сетиен/Сарабија и остала негова компанија,ништо чудно отказ да добие и и Абидал и Грау.Тренери како Чави,Покетно- (До вчера плукаше по Барса,сега ке го лижат овие за тренер-Ми нема логика) НЕ ДОАЃААТ,некоја глава од тимов ке летне,и како што спомна членов над малку погоре,можи да не замачкаат со некое звучно име,а можи и да замини некое звучно име...Ќе биде интересно.....Но јас не очекувам радикални промени.
 
До утре сабајле максимум ќе биде отпуштен Сетиен, се очекува официјална изјава од клубот во секој момент.
 
(НЕ)Очекуван крај на 3-4 годишно мачење. Проблемот се влечи со години, и сега Меси и Компанија ќе заминат како најголемите лузери во историјата. Ниедна екипа на Барса нема загубено со толку висока предност. Ако има малку доблест мора да замине и Меси. Со него ќе заминат уште неколку тешкаши од соблекувалната. Направи се, и фала му, ама веќе не е 2011 година. Одамна е истрошен и физички и психички. Зарем не ви е јасен изгубениот поглед. Она лице од натпреварите на Аргентина.Како капитен нема авторитет ниту моќ. Жртвувани беа 400 милиони евра (Кутињо, Дембеле, Гризман) само за да се потчинат на Меси. Време е за промени, кадешто централна фигура нема да биде Меси и тоа е тоа. Управата не играше вчера и управата не прими 8 гола, настрана тоа што треба да се одржат избори. Земаат милионски суми и си играат со името на клубот. Од овие дамки и бруки уште долго нема да се извлечеме. Делуваа како аматери. 6 гола паднаа по продори од страната на Семедо и Ленгле и 90 минути не забележуваат која е слабоста. Сетиен не сакам да го коментирам. Воопшто нема појава на тренер. Ми делува како маалскиот кладионичар да го ставиле со тренерка од Барса да пополнува место на клупата. Треба јако шамарење, и голема чистка. Отстранување на заболеното ткиво до здраво, како што знаеме да се изразиме со медицински речник. Славните денови се поминати, и не очекува долга борба. Се молам да ни се случи добра стратегија и план, заедно со вистински луѓе на вистински места. Баерн од друга страна е поим за сериозност. Го отстранија Ковач, и видете до кое ниво се. Пред се физички надмоќни, а потоа и се друго.
 
Со која тактика дојдоа на утакмицава знае некој?
70минути само пас до голман, голманот исфрла преку пола терен и тоа е тоа..
Тактика 4-4-2. 4 да примат прво, 4 второ полувреме и 2 да дадат. Докторска тактика на Сетиен.
 
Заминува Бартомеу, а со него пропаѓа и опцијата Покетино да е тренер. Фонт најверојатно Чави ќе го постави.
Автоматски споено мислење:

Иначе јас би сакал Лапорта да тепа, ама нема шанси изгледа.
 
Избори ќе има 2021, но некој месец порано од планираното, по ова што читам во шпанските медиуми..Така што од почеток на наредна сезона Покетино, со не знам каков играчки кадар...а понатаму само Бог знае..
 
1597500589250.jpeg

Цела фан база денес во исчекување на оставки, последици, протести...

Наредната пак со Бускец, Ракитич и Видал во средина :icon_lol: Никој не си оди, битно е да се вртат пари
 
Како поточно е ситуацијата со Кутињо? Баерн треба да одлучи дали ќе го земе, или сепак и Барса се прашува? Колкава е оштетата во случај Баерн да сака да го исплати?
 
Како поточно е ситуацијата со Кутињо? Баерн треба да одлучи дали ќе го земе, или сепак и Барса се прашува? Колкава е оштетата во случај Баерн да сака да го исплати?

Баерн одлучи веќе дека нема да го откупи договорот...така да ќе се враќа Кутињо (најверојатно ќе го дадат пак на позајмица, во Англија ваљда...тешко некој да го купи).
 
Со една нога е подобар од Бускетс и Ракитич заедно, али ајде нека го пуштат во Јунајтед па догодина пак да ги даде последните 2 гола за 5-1 и 6-1.
 
Де Јонг место Бускетс, Кутињо и Пјанич би била идеална средина. Дембеле и Фати крила, Меси лажна 9ка.
Класа штопер да се купи место Пиќе, и со нов тренер ќе е топ.

Клупа: Роберто, Пиќе, Араухо, лев бек, Бускетс, Рики, Тринкао, Гризман...
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom