Се вртат муабети дека Солскер се размислува за опцијата да не се земе Санчо и парите да ги искористи за зајакнување на останатите сегменти натимот, како лев бек, штопер, везњак и еден квалитетен играч т.е. Грилиш.Далот да се шитне, Вилијамс да е бекап на АВБ, Диало од Монако да се земе за ЛБ.Десно крило како варијанта би биле Дембеле (на позајмница, колку да се презими) или Даглас Коста од Јуве.И двеве решенија ми се колку да се презими и несериозни.
Но главна трансфер цел останува Санчо, како што рече денес Романо во денешниот подкаст.
Јас лично мислам дека се ценкаат и дека ќе земат уште некој играч, пред се зошто ќе има пари од Смолинг (Интер наводно ќе дале 25м евра), од Переира ќе извадатат 15м евра сигурно, Џеси ако си оди и тој сигурно ќе кошта околу 20м.Тоа се околу 55м фунти + од Заха најверојатно ќе земат некој милион (се збореше дека ќе си оди).
Дополнително мислам дека Оле ќе проба и ЛЕ да освои што ќе донесе дополнителен кеш + ПЛ ќе продужи да дава исто количество на пари, недостатокот од сезонава ќе го скалира од наредните сезони.Значи цирка околу 150м сигурно ги имаат.Ако на Санчо лупнат 70-80м фунти ќе имаат уште толку за останатиот дел, што мислам дека може да се купат и барем 2ца добри играчи.
Единствено ми се чини ценкањево со Санчо дека пробуваат што помалку од старт да дадат, за да го соберат Грилиш, зошто сеуште фалат карактери во екипата.Како и да е, ќе треба да пазарат бидејки доста играчи ќе заминат (Переира, Лингард, Чонг, Игало зимоска, Смолинг, евентуално и Далот). Колку и да се тапа, трчаа неретко на терен и одмараа одредени (или замараа, сеедно).
Од тоа што ми се чини, сакаат да ги земат Санчо, Диало од монако, Габриел од Лил (не е сигурен) и Грилиш.