Фан Клуб: Манчестер Јунајтед

Член од
21 февруари 2011
Мислења
382
Поени од реакции
486
Така де, за средина на терен зборуваме. Во средниот ред на Манчестер кој се состои од 3 играчи се Погба, Бруно и Матич. Ти да не мислиш дека Бруно се рачуна во напад, па имаме плус уште тројца во средината?

Рече дека требаат двајца првотимци. Зборот првотимец значи дека се работи за играч кој ќе игра од прва минута. За да играат двајца нови првотимци треба двајца стари првотимци да не играат, бидејќи веќе утврдивме дека не може повеќе од 11 играчи. Е сега едниот стар првотимец кој по твојот генијален план би бил продаден или резерва е Погба, кој е другиот што ќе биде продаден или резерва?

Бруно или Матич?
Очигледно не можеш сам да сконташ па еве да ти објаснам, Матич ќе биде резерва. Имаш нешто против тоа?

теорија нема во средина двајца додека цигото не го продадат а мало сутра дека ке го продадат никој не е глуп да наседне да фрли за него преку 100м, само да не се излажат договор да му продолжат па послем да му плаќаат дел од платата за да се смилува некој на позајмица да го земе
ако се донесе Санчо макс уште 2ца плус ако земат и тоа за бекап


Sent from my iPhone using Tapatalk
Знам дека тешко ќе земат 2 средина, во право си тоа и циганот тешко дека ќе закрпи друга екипа како Манчестер што го закрпи. Мое мислење е дека со ваква средина како сегашнава ништо не праиме следна сезона, 1/8 финале ЛШ преку сила, топ 4 Премиер и тоа е тоа.
 
Последно уредено:
Член од
9 октомври 2012
Мислења
2.922
Поени од реакции
1.479
Погба и Фред у пар е самоубиствена комбинација за со јак тим. Фред може да биде џокер од клупа само, еден од Матич и Мектоминај а се надевам брзо и Гарнер ќе почне да добива шанса повеќе, мора да играат. Фред играше добро у пар со Скот ама сега се паднати.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Очигледно не можеш сам да сконташ па еве да ти објаснам, Матич ќе биде резерва. Имаш нешто против тоа?
Готово, те разбрав. Многу длабоки работи кажуваш ма ми требаше време да те разберам. Значи ни требаат два потполно нови играчи во средниот ред. Одлична идеја е тоа, секоја година да се менува средниот ред. Не знам дали гледаше фудбал после короната, ама Матич редовно беше меѓу најдобрите тројца играчи на Јунајтед на секој натпревар, а и Погба беше сосем солиден, освен на еден натпревар.

Ама нема проблем за тебе, ќе купат сега нови двајца по 100 милиони.
Автоматски споено мислење:

Погба и Фред у пар е самоубиствена комбинација за со јак тим. Фред може да биде џокер од клупа само, еден од Матич и Мектоминај а се надевам брзо и Гарнер ќе почне да добива шанса повеќе, мора да играат. Фред играше добро у пар со Скот ама сега се паднати.
А ти каде го виде Скот паднат кога добива по пет до десет минути по натпревар? Да не пратиш стримови од тренинзите на Јунајтед?
 
Член од
21 февруари 2011
Мислења
382
Поени од реакции
486
Готово, те разбрав. Многу длабоки работи кажуваш ма ми требаше време да те разберам. Значи ни требаат два потполно нови играчи во средниот ред. Одлична идеја е тоа, секоја година да се менува средниот ред. Не знам дали гледаше фудбал после короната, ама Матич редовно беше меѓу најдобрите тројца играчи на Јунајтед на секој натпревар, а и Погба беше сосем солиден, освен на еден натпревар.

Ама нема проблем за тебе, ќе купат сега нови двајца по 100 милиони.
Автоматски споено мислење:



А ти каде го виде Скот паднат кога добива по пет до десет минути по натпревар? Да не пратиш стримови од тренинзите на Јунајтед?
Е ај па да играме со Фред и Матич до 2030 според твоја логика, па може ќе фатиме топ 2 во Премиер тогаш... Каков бреинфарт :pos:

Во право си дека Матич е меѓу најдобрите после паузата. Не знам дали знаеш али Матич има 32 години, дали ти упорно алудираш дека Матич може следна сезона да истера Премиер и ЛШ на исто ниво како на послендите неколку натпревари? Треба да ти објаснам со кои екипи ќе игра Јунајтед во ЛШ или и за тоа ќе се праиш на Тошо?
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.543
Поени од реакции
62.443
Во право си, менталитет фали заедно со уште 4 играчи првотимци, од кои 2 средина, 1 дефанзивец и 1 крило минимум.
Те разбирам што сакаш да кажеш, ама не и за против Копенхаген. Не игравме вчера против Реал Мадрид.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Vladimir1984
Член од 27 јуни 2020
Мислења1.226
Поени од реакции2.627

Има живот и надвор од форумот, пробај ок е.
Знам, сестра ти ми го покажа тоа.
Автоматски споено мислење:

Е ај па да играме со Фред и Матич до 2030 според твоја логика, па може ќе фатиме топ 2 во Премиер тогаш... Каков бреинфарт :pos:

Во право си дека Матич е меѓу најдобрите после паузата. Не знам дали знаеш али Матич има 32 години, дали ти упорно алудираш дека Матич може следна сезона да истера Премиер и ЛШ на исто ниво како на послендите неколку натпревари? Треба да ти објаснам со кои екипи ќе игра Јунајтед во ЛШ или и за тоа ќе се праиш на Тошо?
Тркало, не играме со Фред и Матич, играме со Матич и Погба, и со Фред и Мек Томинеј како замена. Максимум што може да се купи таму е уште еден играч за ротација, а не два нови фудбалери. Не знам како ги замислувате овие трансферите, плукни залепи.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Добро де ништо страшно и толку лошо не изиграа вчера. Првото не беше добро. Второто и продолженијата сосема ок беше играта, тоа што имавме 10 стативи и никако нејќеше топката во гол е друга работа. Цела утакмица беа пред гол сите 10 играчи.
 
Последно уредено:
Член од
14 април 2012
Мислења
31.543
Поени од реакции
62.443
Добро де ништо страшно и толку лошо не изиграа вчера. Првото не беше добро. Второто и продолженијата сосема ок беше играта, тоа што имавме 10 стативи и никако нејќеше топката во гол е друга работа. Цела утакмица беа пред гол сите 10 играчи.
Проблемот е како се браневме. Не примивме гол, ама Фалк го направивме прајм Редондо.
 
Член од
14 мај 2019
Мислења
1.486
Поени од реакции
-759
Lindelof doktorski odigra,vo nikoj slucaj ne treba da e zamena za Bejli koj imase katostrofalen natprevar. Neznam dali go zabelezavte blokot na krajot, cist gol spasi, a Brandon muvi fakjase vo toj moment.

Vo nedela sakam Solskjer pohrabro da odigra, i da go sedne Rasford na klupa.
 
Член од
10 декември 2010
Мислења
6.259
Поени од реакции
7.263
Не ја гледав вчера, но ако играме со Вулвс, сакам со ваков тим да искочи Оле од повеќе причини:

Ромеро - АВБ - Линделоф - Мегваер - Вилијамс; Фред - Мектоминеј; Марсијал (на крило) - Бруно/Мата - Гринвуд; Игало

Прво сакам Погба да биде бенчнат и да подразмисли малце што прави и до кога така ќе тера.Очекувано е Бруно да издиши, но исто очекувано е како најплатен и најквалитетен/најспособен играч да превземе иницијатива и одговорност и да повлече конци во тимот.Нема смисла толку пичкарски да игра периодов, кога има сонце да игра, кога врне да се крие.
Рашфорд сакам чисто да одмори и да си ја врати желбата за фудбал од претходно, зошто периодов откако се врати (оправдано) е теле и умртвен.Му беше пружена шанса и поддршка, но малце претерува.

Од друга страна Марсијал е во форма и мислам би се снашол на лево крило и би ротирал/утрчувал/пивотирал со Игало, а Бруно би влечел на моменти на лево крило (не дека сега не се движи често таму).Игало би бил супер за дуплиот блок на Вулвс и би можел да се р'ва со дибеците на Вулвс, додека Марсијал не би се склопил со топка на негово место.Би го играл Мата десно за креативност, но мислам дека поголем ефект би имал после 60-70та.
Матич би се одморил.
Со двоецот Фред-Скот би се неутрализирала дефанзивна лабилност која ја пружаат Матич-Погба двоецот т.е. би се неутрализирале дупешките и грешките на Погба, на кои Вулвс во минатото многу успешно ги ловеле дефанзивните грешки на тикварот Погба.
 
Член од
3 февруари 2019
Мислења
2.483
Поени од реакции
4.135
Lindelof doktorski odigra,vo nikoj slucaj ne treba da e zamena za Bejli koj imase katostrofalen natprevar. Neznam dali go zabelezavte blokot na krajot, cist gol spasi, a Brandon muvi fakjase vo toj moment.

Vo nedela sakam Solskjer pohrabro da odigra, i da go sedne Rasford na klupa.
Да не го почудиме Линделоф, со Лестер и вчера одличен беше, само нека продолжи така.

Нов договор?:cautious:
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
Малце ќе скршнам од актуелниве ивенти :icon_lol: ама освен Хендерсон и Матеј Ковар од дечурланата е лик на кој треба да му се мисли со време. Висок е 2 метра негде, има одличен скор на фатени пенали и веќе влече споредби во Словачка со Чех. :icon_lol:
 
Член од
14 април 2012
Мислења
31.543
Поени од реакции
62.443
Матич би се одморил.
Со двоецот Фред-Скот би се неутрализирала дефанзивна лабилност која ја пружаат Матич-Погба двоецот т.е. би се неутрализирале дупешките и грешките на Погба, на кои Вулвс во минатото многу успешно ги ловеле дефанзивните грешки на тикварот Погба.
Хмм, не разбирам што сакаш да кажеш, како Матиќ е дефанзивна лабилност? За Погба и врапчињата знаат дека не се замара со дефанзива, па Матиќ мора да покрива за двајца.
 
Член од
27 јуни 2020
Мислења
3.175
Поени од реакции
7.436
Хмм, не разбирам што сакаш да кажеш, како Матиќ е дефанзивна лабилност? За Погба и врапчињата знаат дека не се замара со дефанзива, па Матиќ мора да покрива за двајца.
И тоа дека Погба не се замара дефанзивно малку мит е. На последните натпревари имаше еден куп лизгачки стартови и враќање длабоко назад.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom