Коронавирус (COVID-19) - Општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата A__
  • Време на започнување Време на започнување
Ако се точни податоците:
Пред два дена во Шведска 68 новозаразени, во Македонија 85...
имаше прееска на ФБ, на македонски преведено, во Шведска во Јули имале нагло намалување на заразените од К19 а не знаат на што се должи...
https://libertas.mk/vo-shvedska-zab...or6Le_scQ0a64bu30fdeAkbt4A_A91L6IcreEnzk0ObKE
 
Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.

Анон ќе скока!
 
Секоја чест на Шведска, во ни еден момент не дозволија да ги прават експериментални мајмуни, си живееа нормално и еве ко што гледаме не изумреа како нација, исто како и ние после лоботомирањето, со сите журки, свадби, веселби, дружења итн. нема никаква разлика.
 
Според добиените податоци во посочениот лет најголем дел од патниците патувале со косовски пасош (95 лица), фински пасош (60 лица), а останатите се со македонски (2), албански, бугарски, естонски и шведски пасоши.

Анон ќе скока!
ама битно е дека авионот тргнал од Скопје.. а ние поради јак албански фактор во протекторатот , ја ОТВОРИВМЕ границата со Косово, укинавме задолжителен ТЕСТ..

б.т.в. пред 25 години Белгија и уведе на Р.Македонии визи ПОРАДИ војната во БиХ ...
.. со право, пошто нашите Роми доваѓаа во Белгија и земаа азил, се прикажуваа дека се од БиХ, а на чии граѓани поради војната им следуваше азил
 
Русија ја одобри првата ковид-19 вакцина - ја примила ќерката на Путин

По само 2 месеци тестирање на луѓе, Владимир Путин објави дека Русија ја одобрува првата вакцина за ковид-19, што многумина го толкуваат како резултат на национален интерес, а не ставање на здравјето и науката на прво место.

Светските медиуми објавија дека Владимир Путин соопштил дека Министерот за здравство на Русија ја одобрил вакцината која ја развивале од Gamaleya Институтот во Москва.

Вакцината е тестирана на луѓе нешто помалку од два месеци, а истата е веќе одобрена и се движи кон патот за масивно вакцинирање, иако финалните фази од клиничкото тестирање се уште во тек.
Брзината со која Русија се обидуваше да ја развие и одобри првата вакцина е причина заради која многумина велат дека може да не е ефективна, како и дека Путин го става националниот престиж пред науката и безбедноста на луѓето, со оглед на тоа што за ваков исход е потребен подолг временски рок за темелни тестирања.
Според некои медиуми, ќерката на Путин веќе ја примила вакцината, а претседателот на Филипини има голема доверба во руската вакцина и исто така доброволно се пријавил за тестирањата.

 
За 5 месеци вакцина извадија, да не грешам душа ама некако не ми е верно дека ќе има некаков ефект ова.
Нели најмалце две до три години беа потребни за вакцина да се извади или Русите магионичари се.
 
За 5 месеци вакцина извадија, да не грешам душа ама некако не ми е верно дека ќе има некаков ефект ова.
Нели најмалце две до три години беа потребни за вакцина да се извади или Русите магионичари се.
Ништо не праат русите без кајгана днопертизата и нивното исправање на кривата [emoji4]

Sent from my SM-G975U using Tapatalk
 
Уште сега гледам наслов на ове српскиве портали:
"Путин го заеба Бил Геј, ќе ги чипира луѓето на планетава со руски чип отпорен на 5G"
 
За 5 месеци вакцина извадија, да не грешам душа ама некако не ми е верно дека ќе има некаков ефект ова.
Нели најмалце две до три години беа потребни за вакцина да се извади или Русите магионичари се.
Првиот човек во вселената не е Вил Смит во студиото на Холивуд, туку Јуриј Гагарин од РУСИЈА. Секогаш се први, нема причина за сомнеж.
 
Абе сега ќе се испотепаат за престиж кој ќе ја извади првата вакцина :)
Шо знам, не се разбирам на тоа поле не коментирам, нека дадат мислење постручните на темата :)
Автоматски споено мислење:

Прво Финска сега Норвешка, ќе ја покориме цела Европа бе, шо ви е :D Добро со кој ум овие се закренале заразени да патуваат за Норвешка ?
Ај да тргнеа за Србија, Косово, Албанија па да се надеваа дека некако можи да поминат на граница, макар и таму ама Норвешка бе, како мислеа да поминат на аеродром :ROFLMAO:
Леле ќе ни ги заварат навистина границите ќе скапиме тука.
 
Последно уредено:
Оатанува прашањето како влегле заразениве Косовари во земјава, а на граница е потребен негативен ПЦР тест... да погодуваме или немора? :kafence:

https://www.aa.com.tr/mk/балкан/државјаните-на-србија-косово-црна-гора-и-бих-за-влез-во-северна-македонија-ќе-мора-да-приложат-негативен-пцр-тест/1904220
Мислам дека не треба тест. Правилата на игра се менуваат секој ден.
Ако треба, фабриките (за лажни уверенија) работат турбо.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom