Левица - Политичка партија

Дали ќе гласате за Левица на Парламентарните избори?

  • Да

  • Ќе гласам за мафијашката коалиција СДССМ-ДПМНЕ

  • Не

  • Ќе гласам за друга "ТРЕТА ОПЦИЈА" партија


Резултатите може да се погледнат само после гласање.

Борат

Сагдиев
Член од
22 јули 2019
Мислења
1.231
Поени од реакции
666
Како ќе се покажат во пракса е по мене многу важно од кадров аспект. Ако во пракса се покажат барем како полу-способни ( зошто ова сега што го имавме, мислам коњи да ставевме да не водат ќе поминевме подобро), тогаш партијата ќе почне да им се полни со луѓе кои се разбираат али не сакаа да се мешаат во барата од гомна наречена ДПНЕ-СДС. А нивниот ангажман и прекинување да се кријат на страна е клучниот дел од кршењето на браќата близнаци.

Клиентелистичкиот систем на СДС и ДПНЕ може да изгледа многу силен вака на прв поглед али всушност е доста разнишана структура и затоа они имаа направено милион препреки за никој никогаш да не им се вмеша. СДС волку отворено хистеришаат во моментов дека Левица им мава директно во срцето ( ИЕ 1) и посебно во општините каде што они се најсилни, ДПНЕ онака од страна само напаѓаат зошто отворени напади во сегашната ситуација не можат да си дозволат.


Ако во Левица влезат нови луѓе и во сегашниов момент доста "запалени глави" кои сакаат само некој што се бори назад без разлика на каков начин, и еве на следните локални избори добијат некој 8-12% од гласовите. На кој начин СДС и ДПНЕ ќе ги заменат тие да речеме 10% изгубени избори на пари ( недај боже и некоја општина да изгубат). Целиот клиентелистички систем веќе е на работ да почне да пука по конци зошто нема доволно пари за нивната бесконечна клептоманија. Они го оджуваа сите овие години со констатни рокади на кадри за цело време да бидат ухлебани де од едната де од другата страна. Али ако сега влезе нова втора група и почне да им ги граба позициите целиот систем ќе се сруши.

Се што треба е да се одржи реториката, да се направи барем нешто во пракса за да се докажат чесните намери и во овој период да се пази на кој се новите членови. Што поголем број на "будали" тоа подобро зошто ќе им ги држат цело време нозете до оган. Не смее никако да се дозволи некаква рокада на кадри од СДС и ДПНЕ во Левица, колку и да кажат дека ќе донесат гласови со нив. Тоа се само партиските клиенти кои ќе те исцицаат, испљукаат и ќе преминат на следната жртва.
епа он сака Стаљин да биде
Варуфакисите од негова партија ги избрка уште пред да почне да се бори за власт.
Навреме он си постави луѓе околу него, наше е да го поддржиме. Да не биде како во Хрватска со оној Пернар, кадешто после освоените 8 пратеници настанаа партиски препукувања и партијата од 8 сега има 0 пратеници. Идеологијата на Левичарите е заснована околу еден човек препознатлив на народот. Дискусиите - одлуките се вршат внатрепартиски кадешто пак тој еден човек ги претставува пред народот. И шеесе пратеници да освои, он ќе се појавува у преден план. Таква си е скоцкана левичарската идеологија. Он може да има најквалитетни луѓе околу него, но ниеден не смее да се истакне над него. Секој оној што ќе проба да се истакне над него се смета за антипартиска пропаганда и бива исфрлен од партијата.
 
Последно уредено:
Член од
20 ноември 2008
Мислења
6.104
Поени од реакции
2.514
Во држава каде сиот народ ги пцуе политичарите, во држава каде истиот народ ги гласа истите политичари веќе многу долго, во истата држава истите луѓе се жалат на речникот од Апасиев. :tapp:
Речникот е на место, нека ги пцујат дур имат плунка во устата, едино мојт да се зезнит ако останит само на пцуење, зошто овие другиве што се со културен речник не пцујат туку секој ден мајчиното млеко ве тераат да го плукате назат, ама ко за промена вие не сакате некултурни фаци, дајте некој што ќе глуми фин и поштен па нека ве кради колку сака барем за на телевизија ќе е ок.

Ако после сите тие бомби против дпмне со кои го рушија, и сите тие бомби кои не успаа ништо да му направат на сдс, вас трн во око ви е речникот на Апасиев, епа не заслужувате ништо друго освен тоа да ве испцујам и вас пошто сте многу шути и рогати.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.337
Поени од реакции
4.658
Од пред 2 саата Апасиев има плус 200 следачи, не заприметив вчера која беше бројката ама нема да ме изненади над 1000+ да се од коа го пиша статусот
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Апасиев барем си е пис на јазик, не вреѓа никого на родова, сексуална, верска итн. определба, нешто најсељачко што може и што го прават само интелектуално инфериорни личности. Што правиме со Тричко и братучедот на Рада?
 
Член од
7 јули 2013
Мислења
1.848
Поени од реакции
12.106
Многу ми се смешни прикриениве латентни комуњари на форумов. Демек загрижени дека Апасиев со ваков речник ќе губи симпатии или спинување со неважни работи како Израел, Кипар и такви неважни работи, а уствари ги боли тоа што им ја плеска вистината во очи.

Ги опцул, биг дил. Во случај ако сте заборавиле ова се луѓето кои намерно ги пропаѓаа фабриките за да можат да ги откупат за ниска цена, ги крадеа акциите од фирмите и фабриките на луѓето и ги оставија на улица, ги пропаднаа штедилниците и им ја украдија целата заштеда на луѓе кои целиот свој живот го потрошиле за ги заработат тие пари што доведе и до многу самоубиства. Поради овие луѓе државава се уште не може да застане на здрави нозе. Овие луѓе заслужуваат да завршат како Романови или Мусолини, ама не ние ќе се потресуваме тоа што Апасиев ги опцул.
 

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Пцуење и колнење е знак на немоќ, лично qr ме боли, макар и да ја плукне Шеќеринска алијас Лејди Зло... меѓутоа Апасиев повеќе губи, него шо добива со ваквиот пристап. Повеќето сеират, него шо гледаат во него некој кој може да донесе сериозни промени, или алтернатива на курто муртовци.
Згора на сево ова, кај нас е прилично конзервативно општество, чисто декларативно но таков е јавниот дискурс, им даваш повод на некои слаткоречиви хохштаплери да те покажуваат колку си лош затоа шо си пис на јазикот, иако тие лажат, крадат и верувајте убиваат.
Погрешен имиџ си создава, ако ова служи да се амортизира целиот гнев и револт собран кај мнозинството обични смртници, разбирам, меѓутоа на долгорочен план нема да вроди со плод.
Многу поголем ефект би имало да ги разгологазува курто муртовци преку пласирање афери и на-ти-го-дај-ми-го политики, отколку со пцовки.

Уште еден проблем е шо сеуште Левица е партија од еден човек, ако тоа не се промени за брзо, така и ќе остане. Настрана шо сега имаат 2 пратеници, ако се впуштат во авантури со курто муртовци како шо се шпекулира, ќе имаат 3 помалку на следни избори. Добија шанса да прават промени, од нив се зависи.
 
Член од
26 февруари 2016
Мислења
5.419
Поени од реакции
13.591
Aha ok.
Dosega Apasiev recnikot go koristi samo na negoviot facebook.
Vo sobranie seuste se nema izrazeno taka.
Ne mozete da policirate kako nekoj koristi socijalna mreza.
I Frchko e univerzitetski profesor, pa ne pamtam do volku uvredzeni od negoviot jazik.
Па во собрание уште нема ни зборено... А како појде нема да ме чуди и таму да употребува вакви фрази. Плус во денешно време сцоијалните мрежи се главен извор на информации за илјадници луѓе. Така да статус на ФБ може да има поголемо влијание од говор во собранието.

Фрчко има користено вулгарности ама колку што се сеќавам тоа го правеше главно во колумни во дневни весници. Не на социјални мрежи. А и не знам зошто во ваква дискусија се мешаат други личности. Каде тоа пишав дека ми се допаѓа Фрчко или речникот на Фрчко? Баш затоа што тој правел глупости не сакам исти глупости и од нов политичар кој има амбиции да стане голем фактор во државата.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.350
Поени од реакции
21.743
Владиниов потрчко и мегафон Џабир Дерала и неговата владина "невладина" организација ЦИВИЛ, која има улога на интернет полицаец кој ќе замолчува, напаѓа и тужи неистомисленици и политички противници на СДСМ, на апарати. Само денес три колумни за Апасиев на почетна страна. :icon_lol:

Кога Саше Политико и Тричковски пцујат и вреѓаат, тоа е слобода на говор, штама од ЦИВИЛ. Кога противник на СДСМ го прави истото, тоа е фашизам и говор на омраза.

Кога на собир од Зијадин Села се вее знаме од Голема Албанија, штама. Кога македонец изразува патриотизам и критикува промена на име, тоа е говор на омраза, фашизам и национализам.

Апасиев не престанува со говор на омраза, овој пат кон Шеќеринска

ЦИВИЛ со остра осуда на говорот на омразата од Апасиев и останатите како него

Апасиев веројатно страда од растројство, некој итно треба да го прегледа!
 

Scirea

ZARDOZ
Член од
4 август 2010
Мислења
27.667
Поени од реакции
88.548
Уф јеботе, олку лајкови од политичариве собра само Грујо кога првпат се јави од Будимпешта, ма да тогаш повеќето тргаа сеир на тој пост. Со една пцофка упатена кон најголемиот женски крлеж во земјава, за помалку од 24 часа собра над 7000 лајкови. А на твитер кадешто владеат штабските полтрони да собереш 1к, значи стварно треба да погодиш у центар со статусот :icon_lol:

20200809_181842.jpg

20200809_181901.jpg

Го чекам на говорница во Собрание, ќе паѓаат нервни сломови :X3:
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.350
Поени од реакции
21.743
Во ред е сè ова околу Апасиев, внесе малку свежина во трулиов политички систем, ама мислам дека сите имаат преголеми очекувања од него. Не е во ред толкав хајп да се дига, треба малку да се спушти топката и да се намалат очекувањата.
 

Anon

/b/ House /b/
Член од
13 декември 2007
Мислења
16.744
Поени од реакции
27.744
Во ред е сè ова околу Апасиев, внесе малку свежина во трулиов политички систем, ама мислам дека сите имаат преголеми очекувања од него. Не е во ред толкав хајп да се дига, треба малку да се спушти топката и да се намалат очекувањата.
Море треба да се прави хајп, да го засакаат уште луѓе па на следни избори да бројат 100к гласови. Мислам дека би било изводливо.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.887
Поени од реакции
36.946
Пцуење и колнење е знак на немоќ, лично qr ме боли, макар и да ја плукне Шеќеринска алијас Лејди Зло... меѓутоа Апасиев повеќе губи, него шо добива со ваквиот пристап. Повеќето сеират, него шо гледаат во него некој кој може да донесе сериозни промени, или алтернатива на курто муртовци.
Згора на сево ова, кај нас е прилично конзервативно општество, чисто декларативно но таков е јавниот дискурс, им даваш повод на некои слаткоречиви хохштаплери да те покажуваат колку си лош затоа шо си пис на јазикот, иако тие лажат, крадат и верувајте убиваат.
Погрешен имиџ си создава, ако ова служи да се амортизира целиот гнев и револт собран кај мнозинството обични смртници, разбирам, меѓутоа на долгорочен план нема да вроди со плод.
Многу поголем ефект би имало да ги разгологазува курто муртовци преку пласирање афери и на-ти-го-дај-ми-го политики, отколку со пцовки.

Уште еден проблем е шо сеуште Левица е партија од еден човек, ако тоа не се промени за брзо, така и ќе остане. Настрана шо сега имаат 2 пратеници, ако се впуштат во авантури со курто муртовци како шо се шпекулира, ќе имаат 3 помалку на следни избори. Добија шанса да прават промени, од нив се зависи.
Не се согласувам баш. Мислам дека овој пристап е совршениот пристап кој може да и донесе на Левица солиден број на гласови. Сега за да стане сериозна партија која ќе го скрши двопартискиот систем и недостигаат и други елементи како што се кадар и оператива на терен, али отом потом.

Едната опција е да ги третира како нормални луѓе и да води нормален разговор со нив иако сите знаеме дека се тешки опинци, лажови и хипокрити, и со тоа да остане на нивното ниво да ги повторува истите досадни реченици и фрази, и другата опција е да ги пердаши фронтално без пардон. Втората опција што он ја применува е совршена за нашата денешна политичка клима.
Исто и фаците што ги пердаши вака грубо се тие фаци што имаат најнегативна репутација помеѓу граѓаните, фаци кои е тешко да ги браниш. Неговата стратегија воопшто не е случајна туку е калкулирана и промислена.

Не знам дали е велешката врска или нешто друго, ама неговата стратегија има многу примеси од стратегијата на Трамп посебно на социјалните медиуми:D Тоа мене ми кажува дека он е прилично прагматичен политичар а не само идеолошки слепо теле.

Со секој пост, статија или изјава што ќе ја напишат против него а ќе дојде од Цивил, Борјан Јовановски, Џабир Дерала и слични говна, Апасиев и Левица добиваат пристапница и глас повеќе.

Наредниот чекор е креирање на кадар појавување на други лица и оператива на терен. А со тоа и подготовка за локалните избори посебно по Скопје, скопските општини, Велес и другите градови.
 
Член од
23 мај 2019
Мислења
4.558
Поени од реакции
5.288
Владиниов потрчко и мегафон Џабир Дерала и неговата владина "невладина" организација ЦИВИЛ, која има улога на интернет полицаец кој ќе замолчува, напаѓа и тужи неистомисленици и политички противници на СДСМ, на апарати. Само денес три колумни за Апасиев на почетна страна. :icon_lol:

Кога Саше Политико и Тричковски пцујат и вреѓаат, тоа е слобода на говор, штама од ЦИВИЛ. Кога противник на СДСМ го прави истото, тоа е фашизам и говор на омраза.

Кога на собир од Зијадин Села се вее знаме од Голема Албанија, штама. Кога македонец изразува патриотизам и критикува промена на име, тоа е говор на омраза, фашизам и национализам.

Апасиев не престанува со говор на омраза, овој пат кон Шеќеринска

ЦИВИЛ со остра осуда на говорот на омразата од Апасиев и останатите како него

Апасиев веројатно страда од растројство, некој итно треба да го прегледа!
Чекај сеа ниш не разбирам, не дека до сеа нешто разбирав ама читам и се крстам а по убеџење велат дека сум агностик (и кога го слушна тоа, ме праша, а тоа е парвославец или катољик реков дека е таксист)...
сите горе наслови ги најдов на инфомакс со следниов наслов
ЦИВИЛ со ocтра ocуда на говорот на омpa3ата од Апасиев и останатите како него
е сеа да прашам ја официјализираа ли коалицијата СДСссс и ДПсНЕ или подготовките се уште во тек?
Оти глеам медиумските им мегафони како еден пласираат “само вистина“ у аијрото.
Како тоа Димче им стана трн во окото и на левите и на десните северџагани?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom