Таа бројка е нето придонесот на УК во
буџетот на ЕУ бе гениј, не е бројка која го кванитифицира нето бенефитот/трошокот за британската економија од нивното членство во ЕУ. Поголемите членки на ЕУ се нето придонесувачи кон буџетот на ЕУ, ради големината на нивната економија, бидејќи секоја земја е должна да плати 1% од своето БДП во ЕУ буџетот. И Германија и Франција и Холандија се нето придонесувач во ЕУ буџетот, не е само УК. Btw, таа просечна сума од 7.9 милијарди евра придонес во буџетот на ЕУ е околку 1% од вкупниот буџет на УК. Стварно, страшно голема сума и страшно голем товар за британските јавни финансии. Повеќе пари одат за набавка на тоалет хартија.
Плус, УК би требало да плаќа поголема сум, близу онаа која ја плаќа Германија, доколку би имала еднакви обврски како и други ЕУ членки (нели, зошто ништо сами не одлучувале и биле колонија на европската бирократија), ама Тачер при преговорите за членство во ЕУ успеала да изгура “попуст“, т.н. rebate во просечен износ од околу 4 милијарди годишно, кои другите земји-членки и го плаќаат на УК. Нормално, нема да слушнеш ни збор за ваквите привилегии од плачковците кои агитираа за leave опцијата.
И што треба графава за годишен раст на БДП од 1949 да ми покаже? Ни сам не знаеш нели?
Просечниот годишен раст на БДП во периодот од 1949-1972/3 е поголем од периодот кој следувал, како резултат на поствоената “економска златна доба“. Истото било случај и во континетална Западна Европа и САД, не само во УК. Дури и СССР растел со ненормални стапки. Причината е обновата на европските економии пост-WWII, со помош на Маршаловиот план. Заради претрпената огромна штета во текот на војната, економиите на земјите во Западна Европа, пост-воениот период го почнале со многу мала економска база и затоа растеле со огромни стапки на раст, дури да го стигнат нивото на развој, продуктивноста и БДП-то пер капита на развиените земји, чии економии не биле толку изложени на штетата предизвикана од војната, (на пр. САД). Нормално, стапките на раст потоа постепено се намалуваат, меѓудругото и поради други фактори, како нафтената криза од 1973.
Да разбираше малку од малку ќе знаеше дека ова ти е self-defeating аргумент, бидејќи во истиот период, 1949-1973 година, економиите на ЕУ6 - земјите основачи на ЕЕЗ во просек имале двојно поголеми стапки на раст на БДП од онаа на УК во истиот период. Значи економијата на ЕУ растела многу побрзо од она на УК-вон ЕУ.
За после 1973, ти дадов бројки и претходно, али за еминентен scholar ко тебе еве и неколку линкови:
https://voxeu.org/article/how-rich-nations-benefit-eu-membership
https://journals.sagepub.com/doi/pdf/10.1177/002795011623600101
https://www.cer.eu/sites/default/files/smc2016_26april2016.pdf
https://www.bankofengland.co.uk/-/media/boe/files/report/2015/eu-membership-and-the-boe
https://assets.publishing.service.gov.uk/government/uploads/system/uploads/attachment_data/file/517415/treasury_analysis_economic_impact_of_eu_membership_web.pdf
Последните линкови ти се анализи од нивниот Трезор и Централна банка. Нормално, никој од нив не располага со “експертиза’ како ликот од кај ја имаш извадено таа графата и кој ми го постираше по приватни пораки, односно:
Martin Arthur Armstrong (born November 1, 1949) is an
American self-taught economic forecaster who uses his own computer model based on pi
. He spent 11 years in jail for cheating investors out of $700 million and hiding $15 million in assets from regulators.
Франкфурт, Луксембург и Париз со децении се обидуваат да земат дел од колачот на Сити оф Лондон. Нормално дека ќе ја искористат оваа прилика за да пробаат да приграбат поголем удел во европскиот пазар на финансиски услуги, преку поставување на дополнителни услови во текот на преговарачкиот процес за договор со УК, тоа секој полуписмен човек го разбира. Извозот на финансиски услуги е околу 20% од вкупниот извоз на УК и околу 6-7% од нивното БДП. Најголем пазар за финансиски услуги за финансиската индустрија на УК е ЕУ, пост-2008 година апсолутно го доминираат тој пазар и растот на овој сектор на британската економија е резултат на поголем пазарен удел на нивната индустрија на европскиот пазар. Нивните операции на овој пазар, зависат од т.н. “passporting righs“, кои на секоја земја-членка на ЕУ или на ЕЕА им дозволува слободен пристап на целиот европски внатрешен пазар на услуги, врз основа на ЕУ законодавство, без можност националните регулатори да го ограничуваат влезот на пазарот на конкретна земја-членка. Кога УК ќе биде надвор од ЕУ, финансиската индустрија на УК го губи правото на пристап до европскиот внатрешен пазар на услуги и истата ќе треба да го исполнува условот на “еквивалентност“, односно треба нивната регулатива на финансиските пазари да е скоро идентична на регулативата на ЕУ, за компаниите од УК да добијат дозвола за влез на внатрешниот пазар на ЕУ. Оценката дали некоја нон-ЕУ земја го исполнува овој услов, е дискреција на самата ЕУ и се испитува на неколку години. Толку од надежта дека УК ќе избега од red tape-от и бирократијата на ЕУ. ЕУ несомнено ќе носи регулатива која е во интерес на останатите земји-членки и со која другите финансиски центри ќе пробуваат стратешки да ја зајакнат својата позиција на штета на Сити.
Половина од компаниите кои работат во Сити се во странска сопственост. Најголем волумен на услуги, убедливо, имаат големите глобални инвестициски банки, осигурителни компании и клириншки куќи. Секоја од нив, без секунда размислување, ќе го одбере 5 пати поголемиот европски пазар од ЕУ пазарот. Предвидувањава дека најголемите финансиски институции ќе се повлечат од европскиот пазар, за сметка на пазарот на УК, во случај на no deal, ви се од гз извадени. Има изјави од висок менаџмент на JP Morgan, Goldman Sachs. Morgan Stanley, Citigroup, Barclays и останати дека веќе имаат планови да ги преместат операциите на европско тло, скоро сите веќе имаат основано подружници по Франкфурт или Париз. Само чекаат да видат на каков начин УК ќе излезе од ЕУ, дали со договор, со каков договор и дали ќе имаат непречен пристап до целиот внатрешен пазар. Голдман Сакс дури и донираше за remain кампањата. Нормално, тоа нема да се случува преку ноќ, меѓутоа со тек на време бизнис логиката ќе ги натера овие големи институции полека да префрлаат дел од операциите на европско тло. Ова е во случај УК да нема никаков пристап до внатрешниот пазар и да тргува по WTO стапки.
https://www.ft.com/content/e90885d8-d3db-11e5-829b-8564e7528e54
Опциите сега им се сведуваат, да станат EEA земја и да го почитуваат европското законодавство без да имаат никаков глас во неговото донесување, да станат EFTA земја како Швајцарија, или некој сличен статус со склучување на посебен договор, каде ќе мора да го исполнуваат условот на еквиваленција, или да тргуваат по WTO стапки. Сити полоши опции од овие што ги имаа до сега. Може некој имал идеја УК да биде Швајцарија на светот, ама не сум сигурен дека на тие што гласаа за брегзит ќе им се допаѓа исходот од таа идеја.
Така, ги изгубија колониите. Може не си апдејтиран од 1950, ама Британската империја веќе не постои. И да, Австралија е независна. Знаеш ли ти воопшто што е Комонвелтот и каква улога има кралицата во британскиот политички систем?
УК ли ги контролира и е највлијателна во Индија, Пакистан, Канада, Јужна Африка, ХК...? Индија е најголем клиент на руската одбранбена индустрија со децении, има два пати поглема индустрија од УК која зависи од инвестиции на меѓународни индустриски конгломерати, има технолошки сектор близу интегриран со оној на САД. Пакистан веќе неколку години гради инфраструктура и економски појас со кинески пари, кои би требало во иднина да достигнат 400 милијарди долари. Канада е привезок на САД (btw веќе има договор за слободна трговија со ЕУ), Хонк Конг и Сингапур се едни од најголемите конкуренти на Сити за светски финансиски центар со години наназад. Али, најверојатно не гледаме кога идат да баци рака кај кралицата и лордовите секој месец, тие канали на информации се ексклузивно достапни на неразбрани генијалци како тебе и оној Армстронг од погоре.
Алфа и омега на тие пазари се огромни меѓународни корпорации, менаџирани од добро платени професионалци кои ги боли пенисот за надворешно-политичката иднина на УК. Нивните одлуки зависат од нивниите акционери, од инвеститорите и од светските пазари на капитал, не од британската политика. За ова и мало дете треба да биде свесно. Да, има многу британски професионалци со експертиза во оваа индустрија, на светско ниво, и секој од нив работи за пари. Тие ќе работат во интерес на тие големи корпорации, не во интерес на лордовите, кралицата и илуминатите. Исто како што има кинески и руски професионалци кои работат во фирми во Силиконска долина и американски професионалци кои работат во кинески фирми.
Прогуглај ги проекциите за следните 10 години, за големината на економијата на Индија, Индонезија или Мексико и види го нивниот сооднос со економијата на УК, пред да се смееш. Не е толку тешко да си базично информиран за работите кои се тема на муабет.
Подобра преговарачка позиција има поголемата економија, односно економијата која е поголем пазар. Тоа е случај 70 години наназад, не е нешто ново. Затоа Трамп може да води трговски војни наоколу, да се заканува со царини и да го менува договорот за НАФТА кога ќе му прдне. Прочитај малку за можните барања на американските и кинеските преговарачи, за договор за слободна трговија со УК. Американците ќе бараат непречен влез на нивните земјоделски и прехранбени производи и тргање на европските стандарди на квалитет, како и либерализација на фармацевската индустрија и здравствениот систем. Ќе искочат за џабе парите што ги вратија во NHS.
Надворешната трговија на УК во моментов се остварува благодарение на договорите за трговија и трговската политика на цела ЕУ. Откако целосно ќе бидат надвор од ЕУ, покрај договор со ЕУ, САД и Кина, ќе треба веднаш да заменат и околу 60 договори за слободна трговија, кои ЕУ ги има склучено со нон-ЕУ земји.
Трговијата на УК со ЕУ е околу 45% од нивната вкупна надворешна трговија. Трговијата на земјите членки на ЕУ, како Германија, Франција, Италија и сл, е околу 6-7% од нивната вкупна надворешна трговија. Соодносот и изложеноста се со различна магнитуда, затоа и преговарачките позиции ќе бидат многу различни. УК не е најголемиот пазар за германските автомобили и француското вино.
Далеку поголеми пазари се внатрешниот на ЕУ, Кина и САД. Од друга страна прашање е што ќе се случи со британската автомобилска индустрија и воедно целата нивна преработувачка индустрија, ако УК е надвор од внатрешниот пазар и тргува по WTO стапки, со оглед на тоа што е исклучително интегрирана во европските supply-chain-ови. За најголемиот дел од стоките кои УК ги извезува на ЕУ, ЕУ има многу високи царински стапки кон нон-ЕУ држави (се прашувам во чиј интерес било тоа).
Знам дека немаш многу поима, се гледа тоа од друг сончев систем. Луѓето кои влечат информации и фанатично проповедаат теории што ги читаат на либертаријански блогови, се најчесто луѓето кои немаат поима од економска теорија и фундаменти. Веројатно, причината е што таму економскиот систем е објаснет како лесна за џвакање приказна, која им даваат впечаток дека го хакнале глобалниот економски систем и имаат некакво инсајдерско познавање од истиот. Претежно станува збор за вакви “улична школа“, “имав три трафики на времето, сега разбирам како функционира глобалниот бизнис“ типови.
Јас не сум експерт, кажувам прилично општопознати работи, само барам да поминуваш некој праг на базично познавање на работите, кога веќе инсистираш да се правиш паметен за нив по разни теми на форум.