Совети, прашања и oстанато во врска со автомобили

Член од
5 август 2007
Мислења
847
Поени од реакции
1.231
Мислење за 1.9 70хп дизел мотор на Пежо 206 од 2000 година? Поминати околу 150000км.
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
Мислење за 1.9 70хп дизел мотор на Пежо 206 од 2000 година? Поминати околу 150000км.

Со две раце потпишувам дека поминува 400 - 500 илјади без проблем со правилно одржување. Единствена мана му е што е спор, за низ град горе долу ОК ама на отворено си е тром и не е многу многу за преткнување.

Јас уште немам слушнато дизна на таков мотор да се расипе...никогаш...се вадат дизните се чистат во ултразвук и спремни се за уште 200 000 км.

Бош пумпата е механичка...оправка 100 евра...друга половна 5000 ден. Шајбни за дизните комплет (осум се, по две на дизна) 200 ден.

Потрошувачка:

град 6.5 - 7 л. На отворено околу 5 до 5.5.
 
Последно уредено:
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.268
Поени од реакции
15.381
Се работи за Застава 101, 90та год...
На утро претежно, и во возење повеќе пати, не прима туража , т.е се гуши... променети свеќици...
Дали треба чистење карб. и како може најлесно пошто не сме во можност да се однесе на сервис...
дали сецка моторот...или гуши?

Во првиот случај е струјата проблем..а во вториот карбурацијата
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.672
Поени од реакции
4.153
1.6tdci, кога е загреан моторот во лер испушта некој слаб метален звук од левата страна на моторот, измеѓу казанчето за антифриз и цревово до капачето за уље. Додека е незагреана или во брзина нема таков звук. Бев до неколку сервиса ама никој не работи. Некој да не знае што би можело да биде? Мислам дека звукот е од кај металните кај што врти каишот.
ford-focus-1.6-tdci-2006-motor-mjenjac-dijelovi-motora-slika-46259589.jpg
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
Затегач на каишот веројатно. Друга опција е самата главна ременица (шајбна) од каишот. Генерално не е опасно да ја возиш вака само избегнувај високи вртежи на моторот дур се среди.

Е сега светни со ламба види добро некој дел да не шанта ептен да не е за паѓање е тогаш не би ти препорачал вожња.
 
Член од
10 декември 2019
Мислења
35
Поени од реакции
10
дали сецка моторот...или гуши?

Во првиот случај е струјата проблем..а во вториот карбурацијата
Не сецка во возење, само не прима туража како што треба, се гуши, дали треба чистење карб.(дизната) пошто нема филтер за гориво, фала...
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
10.268
Поени од реакции
15.381
Ili e zapušen karburatorot...ili iglata kaj plovakot napravila zleb i loso go zatvora dovodot

Treba da se izvadi karburatorot i da se iscisti i pregleda dobro
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.672
Поени од реакции
4.153
Затегач на каишот веројатно. Друга опција е самата главна ременица (шајбна) од каишот. Генерално не е опасно да ја возиш вака само избегнувај високи вртежи на моторот дур се среди.

Е сега светни со ламба види добро некој дел да не шанта ептен да не е за паѓање е тогаш не би ти препорачал вожња.
Со рака пробав само затегачот, цврст беше. Ќе ги пробам и овие другиве дали се стегнати. Утре секако на сервис негде ќе идам за да ги затегнат па ќе видам дали е до нив или до нешто друго. Фала многу
 
Член од
12 мај 2017
Мислења
16
Поени од реакции
1
На Голф 5 задните гуми како да се малку разжабени што може да е проблемот, пред неколку дена имав регистрација и на технички ништо не ми кажаа.
 
Член од
25 март 2012
Мислења
188
Поени од реакции
43
Дечки, некој искуство да сподели за Polo 2010-12 година 1.2 TSI 105 кс со автоматски менувач DSG, како се со потрошувачка, моторот дали е погоден, имаат ли некој проблем овие менувачи итн итн.. ?
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
Скокни ја таа кола најубаво...баш пред некое време овде се збореше за дсг мењач во дефект и како не можеа да го поправат никаде во македонија.

Инаку моторот е склон на трошење масло и слични работи...и нема шанси да трае бидејќи е мал и преоптеретен. Мислам ОК е нова колата да ја земеш и на 120 000 км да ја шитнеш ама за половна не знам...тоа полото досега има 200 000 км поминато, па рачунај
 
Член од
17 мај 2016
Мислења
3.672
Поени од реакции
4.153
@argenthessis, федерот кај затегачот не чинел. Го сменив затегачот SKF 2500ден, сега е океј. Најдоа и друг проблем, мал слој рѓа имало на шајбна на радилица, во иднина треба да ја мењам.
 
Последно уредено:
Член од
29 јуни 2014
Мислења
25.638
Поени од реакции
42.181
Дечки, некој искуство да сподели за Polo 2010-12 година 1.2 TSI 105 кс со автоматски менувач DSG, како се со потрошувачка, моторот дали е погоден, имаат ли некој проблем овие менувачи итн итн.. ?
земи Опел ако сакаш бензинец, не се замарај со овие, ѓаол ипол ќе те чинат
 

argenthessis

Highflyer
Член од
9 јуни 2011
Мислења
1.611
Поени од реакции
2.129
@argenthessis, федерот кај затегачот не чинел. Го сменив затегачот SKF 2500ден, сега е океј. Најдоа и друг проблем, мал слој рѓа имало на шајбна на радилица, во иднина треба да ја мењам.
Слаба страна се шајбните. Не се од едно парче метал туку се составени слично како дво-масен замаец. Направено е со цел да има помалце вибрации од моторот ама па затоа се расипуваат почесто. Обична ременица скоро никогаш не се расипува, милион километра да поминеш треба за да се расипе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom