Фан Клуб: Арсенал

  • Креатор на темата Креатор на темата Логикс
  • Време на започнување Време на започнување
Не знам дали е вистина воа, ама платата на Мартинели е 90к :D Малце го преплатиле ако е точна бројкава.
 
Што состав да очекуваме после ? :)
 
Што состав да очекуваме после ? :)

Мартинез
Холдинг Луиз Тирни
Белерин Себаљос Џака Сака
Пепе Лаказет Оба

Ова би го сакал, ама реалност е дека Колашинац ќе стартуе пред Сака.
 
Ок не е Колашинац, Најлс е на лев винг-бек
Автоматски споено мислење:

@Донев ?
 
Последно уредено:
Е па тоа е тоа момци, мизерна сезона, ужасни резултати, тројца менаџери, најлош финиш во лигата во последните 20 и кусур години и еден убав голем трофеј, нашиот трофеј, рекордерите си останвуаат рекордери.

Сепак ова е наше наптреварување, Вембли е наш стадион, браво за сите играчи и пред се браво за Арета, за мајсторски поставената игра и тактика, бевме подобри реално, одговориме одлично по раниот примен гол, Челзи се гледаше некако дека се и физички истрошени и изморени и го искористивме тоа, иако немаше да биде чудно за нас да примевме некој гол во тоа дооолгото судиско продолжение.

Обамејнаг, класа играч, злато играч, се да му се даде, да му се понуди нов договор со какви сака услови, не е он менталитет на оној турчинот што не беше ни на стадион денес, ќе игра до пензија давајќи максимум, и знам дека сум досаден со потенцирање на фактот, но видете ги најдобрите стрелци во петте најсилни лиги во европа, сите се над 30 години, немаат врска годините ако си врвен напаѓач, а Оба тоа секако е.
 
После утакмицата го прашаа за иднината, рече само Nothing. Ако читаме меѓу редови не е на арно.
 
После утакмицата го прашаа за иднината, рече само Nothing. Ако читаме меѓу редови не е на арно.
Па не беше нешто многу да можиш измеѓу редови да сфатиш од изјавата... иначе имало опција да му се продолжит договорот уште една сезона за 20 милиони фунти(Озил земат 18) ама не му одговарала ни на двете страни.
 
Дечки од сите играчи најмногу ми е драго за Мартинез. Сликава доволно доловува колку му значи се ова, после натпреварот зема слушалки и телефон да се слушне со неговите кои беа храбри да го пратат на 18 години во толку далечна земја и беа тука за него кога му беше тешко дека му поминува кариерата без да добие шанса. Од 2010 е во клубот, 2012 е промовиран во првиот тим, цело време влечен по позајмици, без да добие права шанса и без да се има доверба во него, луѓе ко Емилио Вивиано се носеа за втора/трета опција, без да се даде шанса на ваков hidden gem, беше стрплив, никогаш не се разочаруваше и конечно си ја дочека шансата. И тоа не само што ја дочека, туку прегази, издоминира! Срце ми се полни кога гледам како наше дете дочекува успех во нашиот клуб.

116693656_2645763568860221_5944765736579357829_n.jpg
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom