- Член од
- 27 јануари 2020
- Мислења
- 291
- Поени од реакции
- 388
Суарез ништо не напраи сезонава, хименез повреден беше скоро пола сезонаТер-Штеген
Фелипе - Рамос - Хименез
Окампос - Томас - Валверде - Казорла
Меси - Бензема - Суарез
Мојт вака?![]()
Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Суарез ништо не напраи сезонава, хименез повреден беше скоро пола сезонаТер-Штеген
Фелипе - Рамос - Хименез
Окампос - Томас - Валверде - Казорла
Меси - Бензема - Суарез
Мојт вака?![]()
Куртоа јас не го сакам од х причини знаеш и сам кои се ама не можиме да му ја оспоруваме сезоната, ги гледав оваа сезона Реал доволно за да заклучам дека имаше некои одбрани кои значеа победа буквално.
Заедно со Рамос и Касемиро беа клучни за оваа титула.
Штеген има 38 гола примени, ни под разно не можи да биди овој пред Куртоа, ти реков подобро Облак да си го ставел, ни спасуваше глава оваа сезона на секој натпревар.
Ај ај ај, cholismo пуштена на најјакоОваа сезона можи само Облак да му парира, во никој случај не можи Тер Штеген, 38 гола прими Барса, некои од нив беа директно по негова вина примени.
Заслуга е и на одбраната ама сепак најмалце гола примил, тие се критериумите.

Во ниту еден сегмент Куртоа не е подобар голман од Тер Штеген, за мене лично Тер Штеген е број 1 голман во светот.Е сега претерувате малку со Куртоа... Тоа што Реал прими најмалку голови е заслуга на целата одбрана не само на него. Може имаше подобра сезона и помалку киксови од лани ама едноставно не е подобар голман од Тер Штеген или Облак.
Оваа сезона можи само Облак да му парира, во никој случај не можи Тер Штеген, 38 гола прими Барса, некои од нив беа директно по негова вина примени.
Заслуга е и на одбраната ама сепак најмалце гола примил, тие се критериумите.
Во ниту еден сегмент Куртоа не е подобар голман од Тер Штеген, за мене лично Тер Штеген е број 1 голман во светот.
Али сезонава, значи СЕЗОНАВА, повторувам уште еднаш СЕ-ЗО-НА-ВА за да биде јасно, Куртоа во Шпанија изгази и комотно може да се вбројува пред Тер Штеген и Облак.
Го освои трофејот Замора за најмалце примени голови и направи Реал да има најдобра одбрана во топ 5 лигите.
Да, пред него можеби има одлична поставеност, ама само човекот со неговите одбрани им донесе значајни бодови на Реал.
Ако гледаме така, да му ги одземеме сите индивидуални награди на Облак и да земеме да го оспоруваме зашто периодот од 2013-2015 Атлетико ја имаше можеби и најдобрата одбрана.
Башка што во тек на сезона Куртоа беше психички во многу лошо место, сам изјави дека има проблеми со анксиозност.
Gud ebenin





И сега шо ќе се случи со Фуенлабрада ?@cholismo Не ти се баш најточни податоците
Случајот се уште не е решен. Да беше само Депортиво во прашање, со сигурност ќе ја отфрлеа жалбата, но бидејќи се бунат неколку клубови, можно е да биде разгледана жалбата.
Да тргнеме од почеток, фудбалерите на Фуенлабрада уште во петокот дознаваат дека имаат позитивен случај во тимот (еден фудбалер и тројца вработени во клубот). За тоа го известуваат Тебас, а овој решава дека е паметно да се молчи. Инаку, СИНОТ НА ТЕБАС Е АДВОКАТ во Фуенлабрада, па овој договор оди под негова палка.
Одиме понатаму, во ваков случај цел тим треба да оди во карантин според мерките за заштита од коронавирусот во Шпанија. Од Фуенлабрада тоа не го почитуваат, се тестираат, но не седат во карантин. Заболениот фудбалер останува во изолација во Мадрид, а останатите се упатуваат во Ла Коруња. На неколку часа пред натпреварот, добиваат резултати дека уште 4 фудбалери се позитивни. Денеска едниот од нив се онесвестил и бил пренесен во болница.
Од Депортиво дознаваат дека натпреварот е одложен на неколку часа пред истиот. Криењето на информациите е јасно, да не може да се помести цело коло, кое директно решава за опстанок и пласман во плејофот.
При тоа, Фуенлабрада и Тебас јасно ги прекршиле мерките во Шпанија и мора да одговараат пред законот. Во меѓувреме, еден од новозаболените фудбалери имал ручек со фудбалер на Расинг Сантандер, што исто така е против поравилата, бидејќи по рестартот на првенството, било решено фудбалерите да бидат во карантини (за ова не сум 100% сигурен).
Мечевите завршија како што завршија, Депортиво отпадна, но ја пропушти шансата да внесе притисок врз конкурентите со евентуално водство. Нумансија исто така отпадна, а Елче и Рајо Ваљекано одиграа пред својот ривал Фуенлабрада на кои им треба победа со Депортиво за прво место. Натпреварот морало да се одигра, а како, господ знае. Денес имало неколку нови позитивни случаи во Фуенлабрада. Со нивната дебилна одлука, сите си се ставиле во ризик, а на ризик ги ставиле и сите вработени на Риазор. Во моментов се во карантин, во хотел во Ла Коруња.
Елче, Рајо, Депортиво и Нумансија бараа преигрување на цело коло, но тоа беше експресно отфрлено. Новиот предлог е дека и Елче и Рајо ќе бидат внесени во плејофот, кој би имал 6 екипи, слично како во Чемпионшип, а Нумансија и Депортиво да останат во лигата, која наредна година би имала 24 тимови (исто како Чемпионшип).
Сепак, скептичен сум дека ќе видиме вакво сценарио. Мислам дека под притисок од јавноста Тебас ќе го реши мечот со службена победа на Депор, на тој начин ќе ја казнат Фуенлабрада.
Само за потсетување, овие гнасиве од Фуенлабрада, бараа Депортиво Б да биде исклучен од плејофот за Сегунда, затоа што истата година првиот тим на Депортиво испадна во Сегунда. Им ја скрати можноста на младите фудбалери да го одиграат баражот. Многу подобро ќе беше да се одиграат сите баражи, па ако Депортиво Б дојдеше во завршниот меч, нивниот противник безразлика на исходот да одеше во погорна лига.
Депортиво често има жалби на некои одлуки, но ниту една нема вродено со плод. Покрај смешните пенали и црвени картони досудени против Депортиво, еден од клучните моменти од тоа клубот да дојде на ова дереџе е еден наместен натпревар на Сарагоса во првата година кога отпадна Депор (2011 ако не се лажам). Судот пресуди дека мечот бил наместен, но Депортиво не доби никаква оштета иако тој дуел директно влијаеше на првото испаѓање и распадот на екипата. Тука е и убиството на навивачот на Депортиво од страна нна Френте Атлети, кое заврши со минорни пресуди. Проблемот е политичката идеологија на навивачите на Депортиво, кои се левоориентирани, во традиционално десничарската Шпанија.