Никогаш не сум сакал теорија на завери, ама џабе се натегавме од 15 навака, зашо не излегле гласачи на Вмро зашо ова зашо она. Едноставно и да имаа 50к плус од овие гласови, и 3,4 пратеници водство, џабе е кога друг ги влече конците.
Најсомнителни избори, со паѓање дик со 300 глупости, Вмро поднесува само
2 приговори.
На страна Вмро, 2100 приговори се одбиваат и од Дик и од Управен у рекордно брзо време.
Не смее да се буни ни Мицкоски, ни Дерковски.
Во 2 недели ги викаат, Хашим Тачи, Кадри Вејсели, Али Ахмети.
Нека не те чуди да е вистина ова на буревесников, операцијава ја раководат од многу повисоко ниво него нашиве политичари, а по се изгледа Заев мора да е власт, а Али мора да е опозиција. Види им ги ставовиве само од на Груби пред недела дена и овие денес.
Независно резултатот 2016, независно 2020 - тоа е тоа.
Сталин имаше една добра, не е битно кој гласа него кој ги брои гласовите, ама ова денешново е бетер. Овде и да не ти ги чепнат резултатите (а веројатно ги чепкаат), ќе ти ги свртат после пратениците кој каде сакаат, и џабе е. Ни победник кај македонците, ни победник кај албанците - како ќе кажат појаките